Душан Ристевски, „Клеопатра од Кравари“, која беше изведена во Рокдејл, Бенкстаун и Волонгонг. Претставата привлече голем интерес, а сите изведби беа добро посетени.
Драмата обработува социјални и семејни односи на две македонски семејства во Австралија, со силен акцент на хумор и сатира. Публиката беше импресионирана од изведбата, особено од Гордана Милошевска во главната улога, како и од Самоил Митревски и Васко Србиновски. Посебно внимание привлекоа и дебитантите, како и настапот на Рубин Нешкоски.
На крајот, Гордана Милошевска беше избрана за најдобра глумица и ја доби наградата „Александар Македонски“.
Театарот, кој делува од 2008 година, има богат опус од 21 претстава и значајно придонесува за зачувување на македонската театарска традиција во Австралија. Настапувал низ Австралија и во Македонија, вклучително и на фестивалот „Војдан Чер
Авторот Душан Ристевски преку ликот на Клеопатра прикажува современ нарцизам и општествени слабости, користејќи хумор и сатира за да ги прикаже човечките карактери и нивните маани.

Клеопатра со своите родители се доселува во Австралија во потрага по подобар живот и иднина, но на крајот повторно се враќа во селото од каде што потекнува — со еден збор, го „прокоцкува“ животот.
„Точно, не е лесно да се живее со нарцис кој не само што ги искористува и уништува другите околу себе — без разлика дали станува збор за родителите, сопругот или децата — туку и несвесно се уништува себеси. Троши пари што ги нема, носи нелогични одлуки и ги принудува оние што најмногу го сакаат да се дистанцираат и да го напуштат. Клеопатра доаѓа од село, го напушта како дете, но селото никогаш не ја напушта неа. Испаѓа дека таа, за жал, ништо не научила од животот.“
Претставата претставува уште едно значајно остварување на македонската заедница во Австралија и потврда за континуираниот развој на македонската културна сцена во дијаспората.
Иван Трпоски