Алтона Маџик Вардар освои важен бод во борбата за оддалечување од опасната зона, откако одигра без голови против еден од фаворитите, Хајделберг Јунајтед.
Во цврст и дисциплиниран натпревар домашниот состав успеа да го запре налетот на гостите и да остане непоразен. Иако мрежите мируваа, бодот има големо значење за „црвено-црните“, кои со овој резултат се искачија на десеттото место на табелата. Сепак, до крајот на сезоната нема простор за опуштање, бидејќи конкуренцијата во долниот дел од табелата е голема, а последните три екипи ќе се преселат во понизок ранг.
Со ремито Алтона Маџик Вардар индиректно ѝ помогна и на Престон Македонија. Имено, доколку Хајделберг Јунајтед ги освоеше трите бода, ќе го прескокнеше Престон на третата позиција на табелата. Вака, битката за местата во самиот врв останува целосно отворена.
Во следното коло Алтона Маџик Вардар ќе гостува кај Данденонг Тандер. Натпреварот е закажан за сабота, 25 јули, со почеток во 17:00 часот.
ТАБЕЛА
Окли 47
Хјум Сити 40
Авондаел 35
Престон Македонија 33
Хајделберг 33
Саут Мелбурн 32
Мелбурн Сити 30
Џорџ Крос 30
Сент Албанс 24
Алтона Маџик Вардар 23
Данденонг Сити 22
Бентли 19
Данденонг Тандер 15
Грин Гали 13