Сиднеј Македонија забележа убедлива победа на гостувањето кај Булс Академи, совладувајќи го домаќинот со високи 5:0.
„Лавовите“ од Бенкстаун одиграа одличен натпревар и од самиот почеток го наметнаа своето темпо, не оставајќи му простор на противникот. Првата предност ја донесе Рајан Фиц во 34. минута, а само девет минути подоцна Баи Антониу зголеми на 2:0. Истите стрелци продолжија да доминираат и во второто полувреме – Антониу повторно беше прецизен во 51. минута, додека Фиц со својот втор гол во 73. минута ја потврди убедливата победа. Конечните 5:0 ги постави Адријан Кнез во судиското продолжение, во 91. минута.
Со оваа импресивна победа, Сиднеј Македонија доби силен поттик во борбата за самиот врв на табелата и се искачи на третото место, продолжувајќи ја успешната серија во завршницата на првенството.
Во следното коло, во сабота, на 25 јули, Сиднеј Македонија ќе биде домаќин на Кантербури Бенкстаун на стадионот „Џенсен Парк“.
ТАБЕЛА
Блектаун Спартанс 53
Нордерн Тајгерс 43
Сиднеј Македонија 43
Макартур Рамс 42
Кантербури Бенкстаун 41
Ридалмер Лајонс 37
Хилс Јунајтед 36
Булс Академи 33
Хакоа Сиднеј 30
Хрствил Загреб 30
Централ Кост Маринерс 27
Интер Лајонс 25
Њукастел Џетс 23
Дулвич Хил 23
Вестерн Сити Ранџерс 19
Проспект Јунајтед 18