БОРЕЊЕ СО МЕЧКА – Драма за семејна комуникација и боледување во осаменост

По покана на Градската општина Хрствил, Австралиско македонскиот театар од Сиднеј ќе земе учество на Discovery фестивалот со театарската продукција „Борење со мечка” од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу. Преставата ќе биде дадена на македонски и англиски јазик.

 

Во мај оваа година драмата беше прикажана во Сиднеј, Волонгонг и Квинбијан и забележа голем успех. Истата беше видена од околу 1500 луѓе.

Драмата „Борење со мечка” обработува тема за здравјето на мажите. Ја разработува тематиката за тешкотиите кои мажите ги имаат во комуникацијата кога се соочуваат со траумата на сериозни и агресивни болести. Се опишува животот на двајца Македоници чии семејни животи се сосема различни. Едниот е опколен со поддршка, а другиот е оставен сам на себе и отуѓен од своето семејство. Прикажано е како двајцата се справуваат со својата болест на свој посебен начин. Со поддршката на семејството едниот се соочува со болеста и го совладува сопствениот страв, додека пак другиот не може да го прекине кругот на болката во осаменост. Прикажано преку комични и драматични сцени драмата „Борење со мечка” има за цел да поттикне подобра комуникација и разбирање во однос на мажите со канцерозно заболување и улогата која ја игра семејството во раното откривање и лекување на ракот.

Ова е драма за здравствените предизвици со кои се соочуваат сите луѓе без разлика на нивната пол и возраст.

Улогите ги толкуваат: Васко Србиновски, Ирена Вељанова, Никола Апостоловски, Валентина Апостоловска, Валери Пеоска, Јаворка Котевска, Самоил Митревски, Владо Сазданов и Мена Ристевска.

Драмата ќе се прикаже во:
Петок, 22-ри ноември во Hurstville Entertainment Centre – Civic Theatre, McMahon Street Hurstville, со почеток во 7 часот. (Оваа претстава ќе биде прикажана на англиски јазик)
Сабота, 23-ти ноември во Hurstville Entertainment Centre – Civic Theatre, McMahon Street Hurstville, со почеток во 5 часот. (Оваа претстава ќе биде прикажана на македонски јазик). По преставата ќе има и закуска.

. Картите се продаваат по цена од $20, а за пензионери и студенти по $15.
. Со карти можете да се снабдите пред самиот влез пред претставите или
за резервации јавете се кај Душан Ристевски на 0425231335 или на dushan@macedon.com

Останати вести