Надлежната комисија во Собранието на Македонија нема неделава да го разгледува Законот за Попис 2020 откако реагираше ВМРО-ДПМНЕ со забелешки.
– ВМРО ДПМНЕ нема да учествува во спроведувањето на пописот на населението зашто овој закон е изготвен на шверцерски начин, според договор на Заев и Ахмети, предупреди Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Бројот на надворешни соработници на Зоран Заев порасна на 39 лица. Заедно со редовните сега има вкупно 63 советници. Тоа се две третини од бројката на советници на Никола Груевски, кој годишно трошење по 1.7 милиони евра за 91 советник.
Оставката на Никола Груевски од пратеничката позиција се уште не стасала до Собранието. Власта вели дека го чека лично да ја достави, а опозицијата пак вели доволно е Груевски на писмено да прати дека се повлекува.
Очекувам доживотна казна и ќе се борам за доживотна казна, истакна мајката на убиениот Пинета (Пино) Секондо, Маја Трпковска, која даде исказ во скопското Јавно обвинителство.
Премиерот Зоран Заев, на чело на владина делегција, учествуваше на Виенскиот економски форум каде оствари серија средби со претставници на неколку реномирани компании од Република Австрија коишто веќе имаат свои претставништва во Македонија, но и со една фармацевтска куќа заинтересирана за инвестирање во Македонија.
Одбрани романи во пет тома од академик Божин Павловски, лауреат на меѓународната награда „Арка”, се објавени на српски јазик. Станува збор за романите: “Рогот на љубовта”, “Градинар, Пустина”, “Америка, Америка”, “Монахот од Тамнава” и “Убавицата и Мародерот” – во превод на Лилјана Стејиќ и Ристо Василевски и во издание на “Арка”.
Стравични сцени, згмечен автомобил, пет трагично загубени животи (тројца мажи и две жени) е црниот биланс од сообраќајна несреќа во близина на скопската населба Драчево.
На заминување од Вила Водно, каде во два последователни мандата од по 5 години ја извршуваше претседателската функција, веќе поранешниот шеф на државата Ѓорге Иванов објави семејна фотографија на фејсбук со следниов статус:
Петтиот шеф на државата Стево Пендаровски е роден на 3 април 1963 година во скопско Пајко Маало, растен во Чаир и Бутел 2, а до стапувањето на функцијатa е жител на Автокоманда. Оженет е за професорката на Стоматолошкиот факултет Елизабета Георгиевска и татко на седумнаесетгодишниот Огнен – и двајцата познати во јавноста од придружувањата во кампањата.
Македонската полиција спроведе опсежна акција во борбата против трговијата со дрога. Во една ноќ извршен е претрес на 11 локации во Скопје и околината, а уапсени се тројца дилери и 12 “муштерии”.
Предавството на националните интереси од страна на СДСМ и Зоран Заев преку договорите со Грција и со Бугарија беа основата на изборната кампања на Гордана Силјановска Давкова и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Заедно со обвиненијата за непотизам, тендераштво, криминал, осиромашување на народот, иселување на градовите…
Ден по првиот круг од претседателските избори, во понеделникот на првата трибина со гласачите во Општина Карпош, актерот Драган Спасов Дац му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му дека е сосема нова и дека е за ,,чистката која треба да ја направи”.
Војникот што бил на стража, постапувајќи според пропишаните процедури и постапки, рано изутрината во 2:53 часот спречил обид за насилен влез во кругот на касарната „Гоце Делчев” во Скопје, информира Министерството за одбрана.
Насмеаните лица од билбордите на претседателските кандидати и на СДСМ – Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ – Силјановска Давкова не можат да ја скријат загриженоста на политичките лидери и на власта и на опозицијата за цензусот на претседателските избори.
Комисијата за заразни болести донесе заклучок да биде прогласена епидемија на мали сипаници на територија на целата Република, изјави доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје на Македонија.
Силниот ветер бил причина за уривањето на малиот воздухоплов кај Солунска Глава, изјави премиерот Зоран Заев во петокот.
Минатата седмица во претседателската Вила Водно пристигнале барања за помилување од неколкумина осудени за крввиот четврток на 27 април 2017.
Заев му порача дека тоа е кривично дело
Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, го “корегирал” новото име на државата, односно ја пречкртал придавката “Северна” на својата легитимација за време на учеството на пролетната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа.