Организацијата Викиликс тврди дека актуелниот шеф на македонската дипломатија Никола Димитров во два наврати бил заштитен извор на амбасадата на САД.
До Собранието на Република Македонија во законскиот рок пристигнале седум амандмани на предлог-амандманите на Уставот и тоа два од Алијанса на Албанците, еден од БЕСА, еден од пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири и три од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара Димовска од Велес, по жалбата на неговите адвокати е пуштен да се брани од слобода.
– Мојата заложба беше и останува подадена рака во име на просперитетот на сите граѓани и на нашата земја, мојата заложба беше и останува политичките решенија за нашата иднина да ги прифаќаме како добри или лоши, рече премиерот, Зоран Заев, на дебатата во Собранието за утврдување на нацрт-амандманите.
Само три дена им беа потребни на пратениците во Собранието на РМ за да ги изгласаат четирите нацрт-амандмани со просто мнозинство во втората фаза од уставните измени.
Според неофицијални информации, тој ги распрашувал членовите на обезбедувањето дали имаат увид кој затвор има најдобри услови, па дури и нарачал да му купат парчиња облека за затворските денови.
Да почекаме, истрагата ќе ги открие деталите за бегството. Откако станав премиер со него сум немал комуникација
Пораки од Фејсбук, мејл и МСН на обвинети и роднини меѓу доказите.
Спасов: “Сега треба некој да биде сменет за да не биде сменет оној што има најголема доверба – премиерот”;
Диневски: “Со бегството на Груевски се поништуваат придобивките од Шарената револуција која придонесе за смена на власта со паролата – Нема правда, нема мир!”
Српскиот претседател Александар Вучиќ дури во понеделникот, на 19 ноември, во телевизиско интервју потврди дека Груевски поминал преку Србија на патот до Унгарија. Границата кај Хоргош ја преминал рано наутро на 12 ноември во придружба на двајца Унгарци и со привремен документ.
По повеќемесечна истражна постапка Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1- Скопје поднесе обвинителен акт против пет лица, македонски државјани, од кои четворица се товарат дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, додека едно лице е обвинето за помагање при извршување на кривичното дело.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека не размислува за оставка од функцијата по неуспешниот обид на полицијата да го приведе екс-премиерот Никола Груевски и да го спроведе во затворот во Шуто Оризари.
Никола Груевски не се знаеше каде е уште од минатиот четврток.
Бигорската свештена обител на дар доби две уметнички слики, приказ на бигорското ќелијно училиште од почетокот на XIX век и портрет на многу значајниот дебарски владика Козма Пречистански (1836 – 1916), роден во с. Орланци, Кичевско.
Ако се намали загадувањето во земјата, ќе се избегнат над 800 смртни случаи годишно
И зошто во амандманот за Преамбулата се спомнува Прогласот а не Манифестот од АСНОМ?
Локалитетот Стибера e оставен на забот на времето поради неоткупување на земјиштето од страна на државата
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на состанок во понеделникот ги разрешил членот на ЦК и потпретседател на партијата Митко Јанчев и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов (кој доаѓа од редот на реформаторите), додека за Сашо Мијалков (поранешниот член на ИК) и Никола Тодоров (поранешниот министер за здравство) е побарано од општинските комитети да ги исклучат од партијата.