Српскиот претседател Александар Вучиќ дури во понеделникот, на 19 ноември, во телевизиско интервју потврди дека Груевски поминал преку Србија на патот до Унгарија. Границата кај Хоргош ја преминал рано наутро на 12 ноември во придружба на двајца Унгарци и со привремен документ.
По повеќемесечна истражна постапка Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1- Скопје поднесе обвинителен акт против пет лица, македонски државјани, од кои четворица се товарат дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, додека едно лице е обвинето за помагање при извршување на кривичното дело.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека не размислува за оставка од функцијата по неуспешниот обид на полицијата да го приведе екс-премиерот Никола Груевски и да го спроведе во затворот во Шуто Оризари.
Никола Груевски не се знаеше каде е уште од минатиот четврток.
Бигорската свештена обител на дар доби две уметнички слики, приказ на бигорското ќелијно училиште од почетокот на XIX век и портрет на многу значајниот дебарски владика Козма Пречистански (1836 – 1916), роден во с. Орланци, Кичевско.
Ако се намали загадувањето во земјата, ќе се избегнат над 800 смртни случаи годишно
И зошто во амандманот за Преамбулата се спомнува Прогласот а не Манифестот од АСНОМ?
Локалитетот Стибера e оставен на забот на времето поради неоткупување на земјиштето од страна на државата
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на состанок во понеделникот ги разрешил членот на ЦК и потпретседател на партијата Митко Јанчев и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов (кој доаѓа од редот на реформаторите), додека за Сашо Мијалков (поранешниот член на ИК) и Никола Тодоров (поранешниот министер за здравство) е побарано од општинските комитети да ги исклучат од партијата.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа „за” негираат дека биле поткупени, велат дека гласале според свое убедување и додаваат дека се 24 часа под полициска заштита
На 26 октомври се навршија 100 години од раѓањето на големиот уметник со кадифен глас Никола Бадев.
Владата на Македонија донесе одлука за обезбедување АУ$ 3 милиона за реализација на меѓународната изложба „100 години Требениште” што треба да се одржи во периодот од 15 ноември 2018 гoдина до 15 мај 2019 година, последователно во Скопје, Софија и Белград.
Меѓу осомничените: Бујар Османи, Ставрески, Жарко Луковски, Груевски…
Бројот на пријавени говорници изнесува повеќе од 60, што навестува дека седницата би можела да трае и неколку дена
Владата на Македонија на вонредна седница во понеделникот го усвои и го прати до Собранието на РМ Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот предвидено со Договорот од Преспа.
Vladata na Makedonija na vonredna sednica vo ponedelnikot go usvoi i go prati do Sobranieto na RM Predlogot za pristapuvanje kon izmena na Ustavot na Republika Makedonija so nasoki za izmenuvanje i dopolnuvanje na Ustavot predvideno so Dogovorot od Prespa.
На Македонија не ѝ се потребни избори, избори ќе има само доколку се неопходни, вели премиерот Зоран Заев во интервју за сервистот на грчки јазик на „Еуроњуз” и додава дека во тек се консултации со пратениците.