developer | 04.09.2018

Мнозинството пратеници плус Антонијо Милошоски ќе учествуваат во кампањата за референдумот

Од ВМРО-ДПМНЕ сè уште не се изјаснуваат
Пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ДПА, Алијансата на Албанците, Беса, како и двајца независни пратеници (или вкупно 71 пратеник), до претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, испратија допис со кој го информираат дека нивните пратеници ќе земат активно учество во јавната кампања за референдумот на државно ниво, кој ќе се одржи на 30-ти септември 2018-та година и дека се изјаснуваат „ЗА” референдумското прашање.

developer | 04.09.2018

Спектакуларен концерт на Исмаил Лумановски и “Њујорк Џипси Олл Старс“ во Хераклеја

Над 3.000 гледачи од Битола и другите градови Кичево, Свети Николе, Штип, голем број турски туристи и покрај променливото и студено време го исполија античкиот театар Хераклеја и не зажалија за тоа.

developer | 30.08.2018

Анкета на ИПИС: На референдумот 43% би гласале ЗА, а 22% ПРОТИВ

43.2 % од граѓаните би гласале „за” на претстојниот референдум, а 22 % „против” – покажува анкетата на Институтот за политички истражувања (ИПИС), каде координатор е политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.

developer | 30.08.2018

Павловски: Додека не проплукаме мајчино млеко затоа што сме создале македонска држава, ќе бидеме уценувани со НАТО и ЕУ

Писателот Божин Павловски реагира на изјавите дадени од официјални лица во Бугарија како и на изјавата на премиерот, Зоран Заев, во врска со контроверзијата околу Илинденското востание и полемиката меѓу двете земји дали е македонско или бугарско.

developer | 30.08.2018

Заробените припадници на ИСИС од Македонија биле испорачани со американски воен авион до Скопје

Пентагон ја поздрави одлуката на Македонија да ја прифати групата нејзини државјани, кои како странски платеници се заробени во Сирија.

developer | 22.08.2018

Што ако пропадне Договорот од Преспа?

Ниту приврзаниците на референдумот, ниту нивните противници не попуштаат од своите ставови, но во таа нивна „војна”, речиси никој и од двете страни не го отвора прашањето што ако референдумот и членството во НАТО и во ЕУ пропаднат.

developer | 22.08.2018

Дијаспората ќе може да гласа на Референдумот 2018

Ако Македонците во иселеништво бојкотираат, Албанците ќе ги наполнат кутиите.

developer | 22.08.2018

Неолитскиот локалитет „Врбјанска чука“ – единствен во Македонија и редок во Европа

Неолитскиот локалитет „Врбјанска чука” во атарот на општина Кривогаштани (Прилепско), датира до 5,900 години пред нашата ера и бил голем производствено-стопански центар во Пелагонија со посебни карактеристики, невообичаени за Македонија и за Европа. Ова се најновите сознанија на археолозите по анализите на пронајдените остатоци од локалитетот.

developer | 10.08.2018

Агатангел до Mицкоски: ВМРО-ДПМНЕ да повика на бојкот зашто македонскиот народ никогаш нема да прифати промена на древното име на нашата татковина

Членот на светиот Синод на МПЦ – ОА, повардарскиот митрополит г. Агатангел испрати отворено писмо до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кое го повикува да донесе одлука за бојкот на референдумот.

developer | 10.08.2018

Референдум за името на 30 септември

Речиси АУ$ 5.4 милиона ќе ја чини државата референдумот за името. Парите ќе бидат покриени од државниот буџет, но ќе се прави прераспределба на средствата од министерствата и другите државни институции.

developer | 10.08.2018

Со италијански и француски арии отворено „Охридско лето“

Охрид од 12 јули се до 20 август ќе ги живее своите 40 дена возбуда што ги носи фестивалот „Охридско лето” – најголема и најреномирана музичко-сценска манифестација во Република Македонија.

developer | 19.07.2018

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: Никогаш, ама баш никогаш нема да се согласам со овој капитулантски договор!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во ексклузивно интервју за „Магазин” вели дека никогаш, ама баш никогаш нема да се согласи со капитулантскиот договор на СДСМ за името.

developer | 19.07.2018

Покана за Македонија во НАТО

Овој број на “Today-Денес” веќе ќе биде во вашите раце кога се очекува дека во Брисел ќе се случи историската покана до Македонија за приклучување во НАТО.

developer | 19.07.2018

Вкупно над 80 години затвор за напаѓачите на Зијадин Села

Меѓу 10 и пол и 13 и пол години затвор добија седумтемина обвинети за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села за време на насилствата во Собранието на 27 април минатата година.

developer | 13.07.2018

„Дали сте за Република Северна Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ?“

Владата не брза со распишување на референдумот. Прво сака добро да го “подготви” теренот 

developer | 13.07.2018

Бурна седница со пратенички прашања во Собранието на РМ

Имаме тефлонски политичари: се гаѓаа со тешки зборови, а ништо не им се “залепи”. 

developer | 13.07.2018

Љубовните писма на Кочо Рацин до Раца првпат на изложба во НУБ

Триесет и едно љубовно писмо од Кочо Рацин до Рахилка (Раца) Фирфова, неколку напишани со негова крв, за првпат јавно се претставени во фоајето на Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски” во Скопје.

developer | 10.07.2018

Претседателот Иванов не го потпиша Законот за ратификација на договорот со Грција

РЕЧЕ И НЕ ОДРЕЧЕ!
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов донесе одлука да не го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните.