developer | 31.01.2018

Грчки весник со карта за поделба на Македонија на насловна страна

„Решение е една граница со Србија” – грчкиот весник “Елефтери ОРА” во неделното издание од 21 јануари на насловната страница објави мапа за поделба на Македонија меѓу Албанија, Грција, Србија и Бугарија.

developer | 31.01.2018

Промена на името како услов за членство во НАТО е неприфатливо за македонските граѓани

Една анкета на порталот “МКД.мк” и агенцијата за истражување на јавното мислење “Брима” од декември 2016 покажа дека 59 % од македонските граѓани се против условувањата со името за членство во НАТО.

developer | 31.01.2018

Ристо Бомбата одеднаш доби државни субвенции за 11 песни во висина од $ 55,000

Композиторот, текстописец и аранжер Кристијан Габроски, познат како Ристо Бомбата, на последниот конкурс завршен во декември доби пари за 11 песни, пејачот и композитор Ѓорѓи Крстевски за четири, а пејачот и композитор Александар Ристовски-Принц за три. Парите ги дели Македонската радио телевизија (МРТВ), која е носител на конкурсите за финансирање македонска музика. 

developer | 22.01.2018

Груевска-Маџоска до Беса Арифи: Етничката припадност си ја избравте за професија

Универзитетската професорка Симона Груевска Маџоска на фејсбук жестоко и одговори на сестрата на градоначалничката на Тетовво, Теута Арифи, Беса Арифи.

developer | 22.01.2018

Иванов не сака да чуе за Законот за јазиците

Претседателот Ѓорге Иванов до денес, четврток (18 јануари) на полноќ требаше да го потпише Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците или да го врати назад во Собранието со или без забелешки.

developer | 22.01.2018

По 10 години: Државата ќе го уредува гробот на Тоше во Крушево

Никогаш прежалениот Тоше сè уште почива во импровизирана гробница на Гумење во Крушево. Тука со години не е ништо сменето, само се крпат и прекриваат недостатоците. Импровизираната гробница на Тоше е покриена со тепих од вештачка трева во кој е забоден дрвениот крст со неговото име, датум на раѓање и смртта.

developer | 22.01.2018

Државата ги скрати парите за снимање филмови

Филмските работници се собраа пред Министерството за култура во знак на протест за да го изразат својот револт поради кратењето на буџетот за субвенционирање на филмови во 2018 година. 

developer | 08.01.2018

Груевски се пожали: Неделно по три-четири пати сум во суд

Никола Груевски, Миле Јанакиески и Владимир Пешевски, како и останатите обвинети во случајот „Траекторија” во понеделникот во 10 часот седнаа на обвинителна клупа, но рочиштето се прекина по еден час бидејќи на Груевски и Јанакиески во 11 часот требаше да им се суди за “Шлаканиците во Центар”.

developer | 08.01.2018

Итно повлекување, со измените во Законот за јазиците се деградира државното право на македонскиот народ

Наместо брзо усвојување, ние предлагаме ИТНО повлекување на законот за јазиците. Редно е претседателот Ѓорѓе Иванов, барем еднаш, да посегне по вето. Не за да манифестира моќ, туку заради правната држава, велат во отвореното писмо до пратениците професорките Катица Ќулафкова, Гордана Силјановска-Давкова и Симона Груевска-Маџоска.

developer | 03.01.2018

Кој ќе се кандидира за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ?

Оставката на Груевски и одлуката за свикување на нов партиски конгрес официјално ја отвори и трката за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Официјални кандидатури се уште нема, но во јавноста се профилираат неколку имиња.

developer | 03.01.2018

Се разговара за „Нова Македонија“?

„Стар” наведува дека првичниот грчки предлог бил „Вардарска Македонија”, но сега се дошло до предлогот „Нова Македонија” – истиот што беше предложен во Лисабон во 1992 година.

developer | 03.01.2018

Бесплатна електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик

Бесплатна електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик веќе е поставена на www.pravopis.mk – потстраница на НУБ „Св. Климент Охридски” и е достапна за сите за користење и симнување. 

developer | 18.12.2017

Јавна „обложувалница“ за наследникот на Груевски

По одлуката за одржување на вонреден партиски Конгрес на 23 декември, почна лицитирање со имињата на новиот партиски лидер.

developer | 18.12.2017

Сега Груевски извикува: Нема правда нема мир!

MME кој прв почна. Груевски вели дека вмровците се жртви на реваншизам. А кога го предупредуваа за “Змијско око 1 и 2”, за “Шпион”, за Кежаровски, за сите хајки и лустрации…

developer | 18.12.2017

Актерите од МНТ не ја одиграа „Ничија земја“, протестираа за притворот на Владо Јовановски

Во четвртокот не се одигра претсавата “Ничија земја” во Македонскиот народен театар. Актерите излегле на сцената и и соопштиле на публиката дека во знак на протест нема да ја одиграат претставата.

developer | 06.12.2017

Заедничка седница на владите на Македонија и Бугарија во Струмица

Договорот за пријателство меѓу Република Македонија и Република Бугарија може да влезе во сила веќе до крајот на годината, беше најавено по одржувањето на првата заедничка седница на владите на двете земји.

developer | 06.12.2017

Божин Павловски: Законот за јазиците да се одложи за најмалку три години

Се плашам дека ќе се забрза преобразувањето на македонскиот јазик од официјално државен во приватно семеен јазик. Донесувањето на законот за јазиците да се одложи за најмалку три години, додека не се проучат неговите корисни, но особено штетни последици.

developer | 06.12.2017

Ветувања, ветувања: Владата е определена да го негува и унапредува македонскиот јазик

Новата Влада искрено и силно е посветена да го негува и да го унапредува македонскиот јазик, вечниот паметник на нашето постоење како народ, порача премиерот Зоран Заев кој ја отвори Меѓународната научна конференција „Минатото на јазичниот свет – денес и утре” што се одржа во рамки на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” од Скопје.