Македонскиот превод на романот „Македонка – Kнига за балканскиот фронт” од германскиот автор Ханс Ерке, војник во Првата светска војна, беше промовиран во портата „Македонија” во Скопје.
Зоран Заев и Никола Груевски сосема различно го толкуваат насилствата во Собранието. Во петокот бевме сведоци на нивните одвоени интервјуа (прво Заев па Груевски) на ТВ Телма.
Толпа народ насилно влезе во Собранието и тепаше пратеници. Удирањето траеше помалку од една минута, но тензиите подолго – сè додека специјалците со чадни бомби не ја растераа толпата.
Управата за заштита на културно наследство на РМ информираше дека деновиве македонското културно наследство се претставува во Кина каде постои огромна заинтересираност од страна на посетителите на саемот кои изразуваат голема желба да ја посетат Македонија и лично да се уверат во нејзините единствени културни вредности, кои беа претставени преку публикациите за најзначајните културни и природни вредности на Република Македонија.
„Мнозина од нашите соотечественици Македонците, исфрлувајќи го елинскиот јазик од црквите во богослужбата и заменија со црковнословенскиот, од кој малку се ползуваа; зошто толку го разбираат и него, колку елинскиот”, му пишува Никола Поп Филипов на Петко Рачев Славејков на 21 март 1868 година.
Полициската истрага откри на кој начин е извршена кражбата на над $ 4 милиона (во валути: швајцарски франци и во евра), без насилство. Во Македонија не се памти некој да украл толку пари од банка.
ЗОРАН ВАНЕВ – ОД ФОЛК ПЕЈАЧ ДО ДОКТОР ВО ШВАЈЦАРИЈА:
Своевремено еден од доста популарните фолк пејачи кај нас, но и во соседството, штипјанецот Зоран Ванев, веќе неколку години наназад е еден од најбараните доктори за природна медицина во Швајцарија.
Ако продолжат блокадите, за три недели следува тотална блокада на државниот систем. На 15 мај престануваат сите надлежности на градоначалниците и советите во општините. Нови локални избори може да распише само новиот претседател на Собранието чијшто избор го блокираат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, предупредува СДСМ.
Бобан С (40) од Скопје, трезористот во “Нова Љубљанска Банка” (НЛБ) кој украде над $ 4 милиона е веќе една недела во притвор.
Во холот на Македонскиот народен театар (МНТ), пред голем број присутни беше отворена изложба на дела од ликовниот уметник Димитар Кондовски (1927 -1993) под наслов „Шепотот на Уметникот со уметниците”. Изложбата е по повод одбележувањето на 72 години од постоењето на МНТ.
На посебна свеченост во галеријата Даут-пашин амам беше врачена наградата „Роман на годината” за 2016 година на Давор Стојановски за книгата „Собирачи на пепел”, во издание на „Или-или”.
Гинекологот Никола Дамчевски не оспорува дека девет месеци лажел и манипулирал 40-годишна пациентка оти е бремена и тврди дека тоа го направил заради нејзино добро, со цел да ѝ се подобри репродуктивното здравје!? „Нема повреден орган, нема штета по здравјето и не гледам зошто јавноста треба да се занимава со овој случај”, изјави кратко тој.
Од ДУИ тврдат дека последниве денови имало интензивни контакти на највисоко ниво помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, иако двете спомнати партии тоа децидно го негираат. Се тврди дека се договара некаква амнестија на врвот на ДПМНЕ ако сака СДС да дојде на власт.
За деби романот “Бездомникот со златен часовник”, Вера Калин го доби признанието од НУБ “Свети Климент Охридски” – најчитан автор во Македонија за 2016 година. Романот, во издание на “Матица македонска”, веќе има и бугарски превод, се преговара за германско издание, а неодамна излезе и четвртиот тираж.
Поставката во Бакингемската палата вклучува повеќе од 250 експонати што кралицата Елизабета Втора ги добила како подарок од повеќе од 100 земји. Британските медиуми, кои пишуваат за изложбата, ја издвојуваат „Големата мајка” како еден од поинтересните експонати меѓу подароците за кралицата.
Многу тешко ги договараме и решаваме работите, па дури и оние што се од национален и државен интерес, предупреди вчера поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан.
Најнови истражувања на генетскиот код на балканските народи
“Голема преселба на Словените на Балканот никогаш немало. Ниту некој тргнал од зад Kарпатите, ниту дишел со помош на трска за да го помине Дунав”, тврди Блаже Миневски во последниот текст објавен во “Дневник”.
Од септември се очекува да почнат градежните зафати во Kонгресниот центар „Александар Македонски” (Универзална сала) во Скопје, за целосна реконструкција на постојниот објект и доградба на нови сали, придружни простории и паркиралиште. Градењето ќе трае неколку години, ќе го финансира Владата преку Министерството за култура, кое веќе има обезбедено пари за активностите во оваа година.