Македонскиот пијанист Симон Трпчески најавува светска премиера на неговиот најнов проект со музика од Македонија, насловен „Македонисимо”, која ќе се случи на 18 мај на Фестивалот во Лудвигсбург, Германија.
Се снима втората сезона од македонската хумористична серија “Пансионот Преспав”. Со оглед дека во Македонија ретко се снимаат ТВ серии (и не помниме кога била последната), првата сезона од “Преспав” го освои вниманието на гледачите.
Антонио Милошоски: „Ова е обид за убиство на моите родители”
Од МВР велат едната бомба е хемиска – солзавец и е пронајдена во тревникот, додека бомбата – кашикара зад вратата од подрумот.
“Ние стануваме пред албанската химна во секоја ситуација. Ние не ја признаваме како наша химната на Македонија затоа што не ја рефлектира албанската заедница тука во Македонија како втора по големина”, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во емисија во регионалната тетовска телевизија “Коха”.
Да резимираме. Македонија го изгуби своето тешко изборено место во процесот на евроинтеграциите. Светскиот капитал не дојде, ниту помислувал да дојде. Паско Кузман не го откопа гробот на Александар и несреќно си ја заврши кариерата. Иселувањето продолжи со загрижувачки интензитет
Прво треба да се изгласа измена на сегашниот Изборен закон во однос на локалните избори, да се “премости” сегашната состојба. ВМРО-ДПМНЕ не го признава Талат Џафери за претседател на Собранието ама го прифаќа одредениот датум.
Десет монодрами на актери од Естонија, Хрватска, Русија, Холандија, Полска, Израел, Словенија, Германија и од Македонија ќе бидат претставени на интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2017″, кој започна минатиот викенд.
Граѓаните на Загреб, како и македонските иселеници во главниот град на Хрватска, деновиве имаа можност да уживаат во изложбата на народните носии и ракотворби од Македонија.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е убеден дека до крајот на овој месец Македонија ќе има нова влада под негово водство. Тој во интервју за Радио Слободна Европа уше најави распуштање и реизбор на судии.
Што сакал да порача Талат Џафери со тоа што (покрај албанските знаменца) крај бирото ја истакна книгата „Балкански мегаетникум – Националните доктрини на македонските соседи”, од авторот проф. д-р Димитар Мирчев (покоен)? Се работи за книга на македонски, составена од автор Македонец.
ВМРО-ДПМНЕ и официјално замина во опозиција. На седница на Извршниот комитет на партијата лидерот Никола Груевски ја образложил позицијата во која сега се наоѓаат. Тој им соопштил на сопартијците дека заминуваат во опозиција и побарал од носителите на јавни функции да не прават никакви проблеми и да ги остават печатите.
Талат Џафери го презеде кабинетот на претседателот на Собранието. Иако немаше официјална средба со Трајко Вељаноски, собраниските служби велат дека примо-предавање имало и дека тоа минало во согласност со принципите на парламентаризмот.
Македонскиот превод на романот „Македонка – Kнига за балканскиот фронт” од германскиот автор Ханс Ерке, војник во Првата светска војна, беше промовиран во портата „Македонија” во Скопје.
Зоран Заев и Никола Груевски сосема различно го толкуваат насилствата во Собранието. Во петокот бевме сведоци на нивните одвоени интервјуа (прво Заев па Груевски) на ТВ Телма.
Толпа народ насилно влезе во Собранието и тепаше пратеници. Удирањето траеше помалку од една минута, но тензиите подолго – сè додека специјалците со чадни бомби не ја растераа толпата.
Управата за заштита на културно наследство на РМ информираше дека деновиве македонското културно наследство се претставува во Кина каде постои огромна заинтересираност од страна на посетителите на саемот кои изразуваат голема желба да ја посетат Македонија и лично да се уверат во нејзините единствени културни вредности, кои беа претставени преку публикациите за најзначајните културни и природни вредности на Република Македонија.
„Мнозина од нашите соотечественици Македонците, исфрлувајќи го елинскиот јазик од црквите во богослужбата и заменија со црковнословенскиот, од кој малку се ползуваа; зошто толку го разбираат и него, колку елинскиот”, му пишува Никола Поп Филипов на Петко Рачев Славејков на 21 март 1868 година.
Полициската истрага откри на кој начин е извршена кражбата на над $ 4 милиона (во валути: швајцарски франци и во евра), без насилство. Во Македонија не се памти некој да украл толку пари од банка.