Филмскиот фестивал за млади “Џифони Македонија”, кој годинава од 18 до 23 октомври ќе го има свое петто јубилејно издание, станува регионален центар и втор настан на глобално ниво по “Џифони Италија”.
Во Ровињ деновиве започна да се снима хрватско-црногорско-македонскиот игран филм „Бегство кон морето” по сценарио и режија на Вељко Булаиќ. Агенцијата за филм на Република Македонија финансиски ја поддржа копродукцијата за која музиката ќе ја компонира Дуке Бојаџиев.
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија” цела седмица организира протестни маршеви со мотото да се одбрани суверенитетот на земјата. На овие собири се слушаат обраќања од многубројни јавни личности.
Кирилометиодиевската тема е најсилната врска која ги спојува Република Македонија и Република Словачка и нејзините два народа во словенскиот свет, истакна словачкиот амбасадор Мартин Безак по повод премиерната проекција на третиот дел од документарниот триптих „Мисија на браќата Константин и Методиј”.
Нов музеј на вода ќе биде подигнат во Дојранското Езеро, сличен на “Заливот на коските” на Охридското Езеро. Ќе биде реконструиран праисториски локалитет, случајно откриен на брегот на езерото пред пет години.
Иванов го блокира новото парламентарно мнозинство да направи влада
Претседателот Ѓорге Иванов во средата објави дека нема намера мандатот за составување влада да му го даде на Зоран Заев. Процесот за формирање на парламентарно мнозинство заврши, но сега е блокирано формирањето на влада.
Два османлиски пописни дефтера и нови документи од времето на Kрушевската Република се дел од артефактите од османлискиот период, кои Историскиот музеј Kрушево годинава ќе ги презентира на јавноста. Директорот на оваа установа, историчарот м-р Зоран Богески, за “Дневник” вели дека до август оваа установа ќе презентира повеќе нови документи, многу значајни за Kрушево и за неговата економска моќ низ историјата.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во врска со актуелните случувања во земјава упати писмо до членовите на Европскиот совет, до претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, до генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и до двата стратегиски партнера на Република Македонија, до претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп и до претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, соопшти кабинетот на македонскиот претседател.
Иванов не можел да знае што од Платформата на албанските партии ќе прифати Груевски кога му го додели мандатот. На Заев не му дава мандат бидејќи исто така не знае што овој ќе прифати од истата Платформа
Прифаќањето на платформи на туѓи држави како основа за преговори и формирање коалиции е процес кој води во разградување и редефинирање на државата
Откако СДСМ ги доби потписите на пратениците од ДУИ и Алијансата за Албанците, со што формираше мнозинство во Собранието, Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржал седница со анализа на ситуацијата.
КОМАНДАНТ МАЛИШЕВА СВЕДОЧЕШЕ ЗА “ДИВА НАСЕЛБА”:
– Бевме предадени од луѓе од ДУИ и од власта. Пукав колку што можев. Или ќе те убијат или ќе пукаш за да се одбраниш, рече пред судот Мухамед Анди Красниќи, познат како командант Малишева од Косово, второобвинет во случајот кој беше сослушан како сведок на одбраната во случајот „Дива населба”.
Јустинијан Први никогаш не го заборавил своето родно место, иако како цар имал премногу обврски. Ова тврдење археолозите го темелат на голем ќуп со царски печат на Јустинијан, кој во 2008 година го откри археологот Kиро Ристов, што кажува дека римскиот император го помагал населението и со храна. Дека многу му значело родното место говори и податокот што императорот го утврдил Таор со бедем.
Во Македонската опера и балет се подготвува мјузиклот „Тајно моја”, во чест на Тоше Проески. Екипата на мјузиклот почна со читачки проби со режисерот Тони Михајловски, а главните улоги ќе ги толкуваат Антонија Гиговска и Денис Димоски. Овие двајца беа избрани за главните улоги во мјузиклот по пат на голем кастинг.
Пушка од царска Русија, турска офицерска сабја, австриска „малихерка” се дел од старите и ретки примероци оружје кои веќе им се достапни на жителите на Велес во Народниот музеј во градот. Ретко кој знае дека во музејските витрини имало оружје старо и со векови. Повеќето од предметите се пушки и пиштоли, кои до сега не беа достапни ниту конзервирани, а се чуваа во депоата на Музејот, далеку од очите на јавноста.
“Изминатата 2016 година беше успешна и квалитетна за НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец”, како на домашен, така и на меѓународен план. Имавме 43 домашни настани со 20.000 посетители и 36 меѓународни настани со 39.000 публика” – истакна директорот на „Танец”, Зоран Џорлев, на прес-конференција на која информираше за сработеното во 2016 година и ја презентираше програмата за годинава.
Здружението за заштита на авторските музички права (ЗАМП) ја тргна забраната за јавно емитување македонска музика што беше воведена на 17 септември минатата година, соопшти самото Здружение.
Соборниот храм на св. Јован Крстител во древното македонско светилиште, Бигорскиот манастир, од неодамна е збогатен со нова дрвена целивалница (резбан иконостас) за иконата на пресвета Богородица. Насловена е „Достојно ест” и изработена од струшкиот копаничар Новица Столески.
Филхармонијата ќе гостува во Kина
Повеќе од 400 нови изданија, 125 проекти од драмската дејност, многу изложби и концерти, гостувања во Kина, САД, европски земји и во Јапонија се предвидени во Програмата за културата за 2017 година на Министерството за култура. Годинашниот буџет за културата изнесува нешто помалку од $ 100 милиона и е за 15,43 % поголем отколку лани.