Спиро Ристовски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ ги коментираше новите истраги на Специјалното обвинителство. Тој вели и новите истраги на СЈО се во насока на заштита на криминалот на Зоран Заев и политичко оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ.
Грчките медиуми истакнуваат дека Малта, неколку дена откако го презеде претседателството со ЕУ, ја призна Република Македонија под уставното име.
Организацискиот одбор за прослава на Водици во Гостивар парите што беа собрани од доброволните прилози на граѓаните ги донираше во изградбата на манастирот «Свето Преображение Христово» во населбата Циглана.
Македонските компании кои котираат на Берзата вкупно вредат 1,881 милијарда евра ($ 2.67 милијарди), односно толку пари би зеле нивните сопственици доколку ги продале сите акции во последниот ден од минатата година. Во овие фирми влегуваат и котираните акции, но и акционерските друштва со посебни обврски за известување. Тоа е пораст за 12,5 % на пазарната капитализација на компаниите во однос на 2015 година.
Шпанскиот национален оркестар во Мадрид деновиве го назначи новиот концерт-мајстор, 32-годишниот виолинист Ѓорги Димчески. Овој млад виолинист од Македонија, кој повеќе години живее и работи во Шпанија, ги има допрено ѕвездите во буквалната смисла на зборот – настапил со славните диригенти Лорин Мазел, Зубин Мехта, Џорџ Претр, Валери Гергиев и е специјален гостин на последното цеде на славниот оперски пејач Пласидо Доминго, под наслов Encanto del Mar.
Интересни резултати покажува археолошко истражување на древниот антички македонски град Брианиј, на локалитетот Градиште – Граишка Чука, над селото Граиште – Општина Демир Хисар.
Турција реши да го раскине билатералниот договор со Македонија од 1998 за меѓусебно признавање на факултетските дипломи од сите образовни нивоа, а одлуката, потпишана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, е објавена во службен весник и во неа пишува дека била донесена во декември минатата година, на предлог на турското Министерство за надворешни работи, a стапува на сила на 11 февруари.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го дал првото интервју за медиум од Косовово што беше протолкувано како негов обид за приближување до електоратот на албанската заедница во Македонија. Во тоа мега-интервју за косовскиот „Газета Експрес” тој ги појаснува своите политички ставови. Вели дека преговорите за новата влада веќе се почнати и оти ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да направи коалиција со ДУИ, но не може да каже дали тоа навистина ќе се случи.
Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) објави над 12 милиони тајни документи меѓу кои има и илјадници кои се однесуваат на Македонија и поранешна Југославија.
За 30% е зголемена можноста за смрт поради загадениот воздух во Скопје кај лицата со срцеви проблеми белодробни заболувања или друга хорнична болест поврзана со дишењето. Ова не е калкулација туку реалност. Скопје, Куманово, Тетово, Битола, Кавадарци… се едни од најзагадените градови во Европа.
Мојот став е повеќе од јасен. Никогаш нема да се согласам Република Македонија да биде бинационална држава. Никогаш нема да се согласам Република Македонија да биде федерална држава, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во своето годишно обраќање кое за првпат го одржа во неговата работна резиденција наместо во Собранието на РМ.
Претседателот на државата требаше прво да утврди кој може да обезбеди мнозинство во парламентот, а потоа да го даде мандатот за формирање влада, коментира стручната јавност
Уставот на РМ му дава можност на Никола Груевски до 29 јануари да се обиде да собере парламентарно мнозинство од 61 пратеник. Се до изборот на новата Влада, премиер останува Емил Димитриев со неговиот владин кабинет што сосема им одговара на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ
Во изминатите 4 месеци на граничниот премин Меџитлија на македонско-грчката граница биле регистрирани 240 обиди за илегални премини на македонска територија. Ова го изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов при посета на граничниот премин Меџитлија, простор кој што е прогласен за кризно подрачје поради закана од илегална миграција.
Во книжарницата „Литература МК” беше промовирана монографијата „Маестро Александар Џамбазов – Живот низ сеќавања, афоризми, сентенции” од музиколозите Јулијана Папазова и Елени Новаковска.
Романот „Рогот на љубовта” од Божин Павловски, предложен од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Скопје, е во конкуренција за престижната Меѓународна награда за литература Даблин (International Dublin Literary Award) за 2017 година.
На четири различни локации во Музејот на Санта Барбара во Калифорнија, САД, минатата седмица беа одиграни четирите кратки претстави инспирирани од Сонетите на Шекспир кои премиерно беа изведени летово на 4. Интернационален „Битола Шекспир фестивал”. Во нив се вклучени уметници од Народниот театар – Битола и од компанијата „Лит Мун” од Санта Барбара.
Според Олга Панго, уметничка раководителка на балетот, „Клеопатра” е спектакл од рангот на оние што се играат на сцените на најголемите светски балетски куќи.