Кривичниот суд соопшти дека е оформен предмет за едно од двете обвиненијата кои што ги поднесе Специјалното обвинителство, поточно за настаните во општина Центар.
СЈО ГО ОБЈАВИ СЛУЧАЈОТ “ТРЕЗОР”:
Ова е прв предмет од економскиот криминал кој е произлезен од прислушуваните материјали. Крунски сведок во оваа истрага бил покојниот Коста Крпач, кој обезбедил информации за овој и за други предмети, истакна обвинителката Ленче Ристовска.
Специјалната јавна обвинителка ја напушти седницата на Комисијата за политички систем на чиј дневен ред од минатата среда е Извештајот за работата на СЈО.
– Ова веќе е класичен мобинг, јас повеќе не доаѓам, ќе се појавам само на пленарна седница – рече обвинителката Јанева.
Ципрас: Грција не го менува ставот околу името, Македонија бара почитување на меѓународното право
Грција не отстапува од црвените линии во спорот со името, потврди во Њујорк грчкиот премиер Алексис Ципрас во говорот пред Генералното собрание на Обединетите нации.
Голема врева се крена во медиумите кај источниот сосед по патриотскиот акт на Миленко Неделковски кој самоиницијативно со својата екипа се искачил на врвот Кајмакчалан и ја уништил незаконски поставената плоча во спомен на загинатите бугарски војници, поставена уште во мај годинава од страна на неколкумина припадници на безбедносните сили на Бугарија и нивниот генерал.
Од јануари 2014 година, кога е објавен првиот Kонкурс за финансирање преводи на странски издавачи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странски јазици, Министерството за култура досега финансирало преводи и странски изданија на 99 дела на македонски писатели и поети објавени на 21 јазик. За поддршка на овие преводи досега се вложени $ 260 илјади.
Претставата „На дното” во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на актерите од штипскиот Народен театар се добитници на Гран-при и награда за најдобра режија на овогодинешното издание на Фестивалот за алтернативен театар (ФИАТ), во Подгорица, Црна Гора.
Триесеттото, јубилејно издание на Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски” почна во средата, во манастирот кај Kрива Паланка. На колонијата, која трае до 16 септември, учествуваат 18 уметници од САД, Англија, Хрватска, Турција, Бугарија и од Србија.
Мјузиклот „Тајно моја” со која Македонската опера и балет на 9 март идната година ќе одбележи десет години од смртта на нашиот најпопуларен пејач е еден од неколкуте спектакуларни настани кои раководството на оваа институција ги најави во следната сезона.
Кинематографери, режисери, актери и други претставници од филмската индустрија од целиот свет по 37. пат ќе бидат заедно на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки”.
Основното јавно обвинителство од Прилепја прифати кривичната пријава за измама против Јасмина Јорданоска-Чебренска и нејзината фирма “Сториа травел”. Издадена е наредба за спроведување на истражна постапка и побаран е притвор, известија истражителите.
Неофицијално се дознава дека најголемата опозициска партија планира да им понуди дури шест “сигурни” пратенички места на активисти од „Шарената револуција”.
Во стариот, антички Лихнид, едно од историските имиња под кои е познат Охрид, се ковале највредни монети на Балканот или едни од највредните.
Над 200.000 домашни и странски посетители од околу 80 земји биле во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од септември 2011 година, кога оваа национална установа беше отворена за 20-те години независност на Република Македонија.
На канадската поетеса, романсиерка, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд и беше врачен „Златниот венец”, најпрестижното признание на „Струшките вечери на поезијата” (СВП).
Состојбата со мозаиците во Хераклеја е алармантна, оценува академскиот сликар и експерт по мозаици Газанфер Бајрам, по втората фаза од ендоскопското снимање на мозаичните површини во античкиот локалитет Хераклеја, што се одвиваше во текот на минатиот месец и се очекува да донесе напредок во зачувувањето на мозаичното богатство во античкиот локалитет крај Битола.
Пет македонски државјани осомничени за членство во Исламска држава на 12-ти овој месец се приведени во синхронизирана акција на македонската полиција во соработка со турската полиција во едно од собиралиштата на џихадисти лоцирано во населбата Аксарај, Турција.
Педесет и петтите Струшки вечери на поезијата започнаа со традиционалното читање на Константиновата „Т’га за југ” и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, а по официјалното отворање од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорот на СВП, Мите Стефоски, продолжи со Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани”.