Трикорабниот објект се наоѓа во денес ненаселен крај, на 15 километри од селото Криви Дол.
Дванаесет гробови се од македонско-хеленистички период, а преостанатите од османлискиот.
Директорот на Македонскиот народен театар Дејан Пројковски и актерот Сашко Коцев ја најавија хуманитарната акција “МНТ – театар на хуманоста и солидарноста” со која оваа национална куќа се вклучи во активностите за помош на поплавените подрачја во Скопскиот регион.
СДСМ решил да направи што е можно поширок фронт наспроти ВМРО-ДПМНЕ. Коалицијата на СДСМ ќе се шири – можно е да и се приклучат и невладини активисти и организации.
Млади од Велес печалат на интернет портали наменети за американски пазар. На Американците им продаваат политика, спорт, црна хроника, забава… Во анализа на веста од пред неколку месеци дека Македонија претставува престолнина на про-Трамп сајтовите, Гардијан успева да идентификува над 150 домејни поврзани со вести со Трамп регистрирани на луѓе – од Велес.
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас по вторпат допатува во Скопје, во рамките на проектот за градење мерки на доверба помеѓу Македонија и Грција. Поводот за неговата посета беше обраќањето до Советот на амбасадори на РМ. Вакви предавања пред македонските амбасадори одржале и други минситри за надворешни работи на балкански држави.
Со предлог измените на буџетот кои се веќе доставени до Собранието, Владата на РМ бара дополнителни средства во висина од 36.4 милиони евра ($ 54 милиона) кои треба да се искористат за надминување на последиците од поплавите.
Приказната со спорните над 39 илјади гласачи е чисто политичка “монета за поткусурување” – за СДСМ да докаже дека навистина има проблем со Избирачкиот список, а за ВМРО-ДПМНЕ да покаже оти е подготвена да прави компромиси за да се случат изборите (ама во строго контролиран обем).
Градот Скопје пред една недела го склучи договорот за изградба на новиот Луна парк во Скопје. Проектот со површина од околу 40.000 метри квадратни ќе го гради фирмата „Жикол” од Струмица во наредните 22 месеци, објави порталот “Билд”.
Хуманитарен концерт на дел од естрадата во Охрид
Елена Велевска, која минатата седмица организираше хуманитарен концерт во Охрид на кој учество земаа и голем број нејзини колеги, успеала да собере само $ 3,000 кои ќе ги донираат за настраданите од поплавите.
СПИСАНИЕТО ЗА МАЖИ „GQ” СО РАНГ ЛИСТА
Руското издание на светски реномираното списание за мажи “Џи-кју” го номинираше македонскиот режисер Иван Поповски за режисер на годината.
Македонија и Турција ќе ја интензивираат соработката во културата, особено во областа на заштитата на културното наследство, најави Аднан Ертем, директорот на Генералниот директорат за културно наследство на Република Турција.
„Културното наследство е еден од главните атрибути за препознатливост на Македонија во светот, аргумент кој говори за нашето траење во историски контекст и затоа, во последните години, како никогаш досега, реализиравме огромен број инвестиции во сите сегменти од оваа комплексна област”, изјави министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.
Една од клучните дилеми е зошто токму кај обиколницата се случи главниот ударен бран. Зошто таму се собрала водата, а не низ одводните канали кои треба да бидат составен дел од обиколницата која беше (нели) градена согласно сите стандарди:
Маж ја гледал жена си како се дави, татко спасил три, го загубил четвртото дете
Дваесет и две жртви, најмногу деца и жени, стравотно умреа давејќи се во вода и кал по поројот што на 6 август го поплави предградието на Скопје – селата Црешево, Стајковци, Сингелиќ и Инџиково.
Во делегацијата ќе бидат и Никола Груевски и Зоран Заев. Ахмети оди “на свој трошок” бидејќи не го признава претседателот Иванов а Тачи уште не ја прифатил поканата да се придружи на државната делегација.
Бидејќи предвремените парламентарни избори досега двапати беа одложени, а новиот изборен термин неформално веќе е дефиниран за 11 декември, партиите по трет пат ја „загреваат” (пред)изборната машинерија.
За повеќе од еден месец, Управниот суд до Комисијата за верификација на фактите испратила 17 решенија со кои ги поништува нивните одлуки за лустрација.