Преговорите продолжуваат оваа недела, откако четирите партии не успеаја да го заокружат договорот иако препораките на Брисел и Вашингтон беа тоа да се случи до саботата. Тие се договориле за се освен за надлежностите на министерот за внатрешни работи во преодната влада.
Министерството за внатрешни работи на РМ објави оглас во медимите во земјата со кој се распишува потреба за прием на 600 нови полицајци. Кандидатите ќе треба да минат едногодишна обука по што ќе бидат примени во МВР.
Во акција спроведена во Скопје и Тетово уапсени се четири лица, а се трага по тројца осомничени дека се поранешни припадници на ИСИС, информираат од Јавното обвинителство.
Сите осуммина се сомничат за сторена злоупотреба, но наводно само трои лица ќе одговараат за примање поткуп, објави “Утрински весник” повикувајќи се на свои неофицијални извори.
Екипа од прилепскиот Завод и музеј ги почна годинашните археолошки истражувања на античкиот град Стибера, кој се наоѓа во близината на с. Чепигово, Прилепско.
МАKЕДОНСKА МУЗИKА ПРВПАТ ВО ИЗДАНИЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ МУЗЕЈ ВО СВЕТОТ
Седумнаесет изворни македонски композиции, изведени од локални изведувачи во шеесетите и седумдесеттите години на минатиот век, се објавени на првото ЦеДе со македонска музика, кое го објавува американскиот национален музеј „Смитсонијан”, најголемиот музеј во светот.
Македонските монаси кои низ вековите престојувале во манастирот Зограф на Света Гора најверојатно го донеле и сочувале черепот на свети Јован Владимир, голем христијански светител, чиј живот е поврзан и со Македонија.
Прилепското Мермерно езеро кое се наоѓа над селото Беловодица овие денови стана вистинска атракција во Македонија. Благодарение на мермерните ѕидови и дно тоа е со тиркизно сина боја, водата е кристално чиста и е примамлива за капење во текот на летниот период. Како што беше објаснето, езерото е настанато во поранешниот ископ на мермер, којшто бил напуштен пред неколку години зашто се појавила подземна вода.
Во завршното коминике договорено од земјите-членки на НАТО на самитот во Варшава, што се одржа на 8 и 9 јули, се повторува поканата Македонија да стане членка на НАТО штом се изнајде решение на спорот за името.
Владата се решила на волкава сума зашто инаку нема пари за буџетска поддршка за 2016 и за 2017 година, како и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг. Опозицијата предупредува дека на овој начин задолженоста на државата ќе скокне на речиси 55% и дека партијата на власт сака на овој начин “да ги купи” следните избори.
На почетокот на јуни во 8 градови и 21 село низ Републиката e направена Анкета за длабинско мерење на граѓанската доверба во институциите, што ја спроведе Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка (АГТИС) во рамките на проектот “Фасадата држи, темелите тонат”, кој е финансиран од Националната фондација за домкратија (National Endowment for Democracy) од САД. Анкетата опфатила 1,011 испитаници.
Тринаесет шалтерски службеници три години системски го краделе буџетот на Агенцијата за катастар на недвижности во Скопје со што се стекнале со имотна корист од скоро $ 50 илјади.
Македонскиот поет и преведувач Никола Маџиров е избран за национален уметник за 2016 година, соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
„Movie On – Feel the light, Feel Bitola” (Почувствувај ја светлината, почувствувај ја Битола) е слоганот на 37-то издание на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки”, што годинава ќе се одржува од 10 до 17 септември во Битола.
Годинава уште 104 објекти во Старата битолска чаршија ќе добијат лична карта. Досие од историско-урбан и архитектонски аспект за нив ќе биде изработено во рамки на проектот за инвентаризација на чаршијата.
ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА СЕ ЗАКАНУВА СО НОВА МАПА
Рангирањето на Македонија во земји со помал ризик од тероризам е поволно за нашиот туризам, вели за “Вест” Артан Керим, претседател на туристичко-угостителската комора во Сојузот на стопански комори на Македонија.
ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ ОД ПАРИЗ, НА 3. САМИТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН
Клучната порака од Парискиот Самит е дека ЕУ ја задржува политиката на отворени врати, а тоа е одличен сигнал за земјите од Западен Балкан, изјави премиерот Емил Димитриев по завршувањето на третиот Самит за Западен Балкан што се одржа во Париз под покровителство на францускиот претседател Франсоа Оланд.
Американската амбасада во Скопје прослави 240 години Ден на независноста на САД