developer | 19.07.2016

Владата ќе издаде нова еврообврзница од рекордни $ 950 милиона

Владата се решила на волкава сума зашто инаку нема пари за буџетска поддршка за 2016 и за 2017 година, како и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг. Опозицијата предупредува дека на овој начин задолженоста на државата ќе скокне на речиси 55% и дека партијата на власт сака на овој начин “да ги купи” следните избори.

developer | 19.07.2016

Анкета која ја потврдува изреката: Aлал да им е – се искрадоа!

На почетокот на јуни во 8 градови и 21 село низ Републиката e направена Анкета за длабинско мерење на граѓанската доверба во институциите, што ја спроведе Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка (АГТИС) во рамките на проектот “Фасадата држи, темелите тонат”, кој е финансиран од Националната фондација за домкратија (National Endowment for Democracy) од САД. Анкетата опфатила 1,011 испитаници.

developer | 19.07.2016

Присвоиле $ 50,000 од уплати на граѓани

Тринаесет шалтерски службеници три години системски го краделе буџетот на Агенцијата за катастар на недвижности во Скопје со што се стекнале со имотна корист од скоро $ 50 илјади.

developer | 19.07.2016

Поетот Никола Маџиров избран за национален уметник за 2016

Македонскиот поет и преведувач Никола Маџиров е избран за национален уметник за 2016 година, соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

developer | 19.07.2016

Филмот „Ослободување на Скопје“ ќе го отвори „Браќа Манаки“

„Movie On – Feel the light, Feel Bitola” (Почувствувај ја светлината, почувствувај ја Битола) е слоганот на 37-то издание на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки”, што годинава ќе се одржува од 10 до 17 септември во Битола.

developer | 19.07.2016

Се прават лични карти за дуќаните во битолската чаршија

Годинава уште 104 објекти во Старата битолска чаршија ќе добијат лична карта. Досие од историско-урбан и архитектонски аспект за нив ќе биде изработено во рамки на проектот за инвентаризација на чаршијата.

developer | 11.07.2016

Македонија побезбедна од Грција

ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА СЕ ЗАКАНУВА СО НОВА МАПА
Рангирањето на Македонија во земји со помал ризик од тероризам е поволно за нашиот туризам, вели за “Вест” Артан Керим, претседател на туристичко-угостителската комора во Сојузот на стопански комори на Македонија.

developer | 11.07.2016

Членството во ЕУ останува на врвот на нашата агенда

ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ ОД ПАРИЗ, НА 3. САМИТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН
Клучната порака од Парискиот Самит е дека ЕУ ја задржува политиката на отворени врати, а тоа е одличен сигнал за земјите од Западен Балкан, изјави премиерот Емил Димитриев по завршувањето на третиот Самит за Западен Балкан што се одржа во Париз под покровителство на францускиот претседател Франсоа Оланд.

developer | 11.07.2016

Сите на честито кај Бејли: Кој се дојде на прославата на Денот на независноста на САД?

Американската амбасада во Скопје прослави 240 години Ден на независноста на САД

developer | 11.07.2016

Командант Суља од Косово екстрадиран во Македонија, случајот “Диво Насеље” трет пат ќе почнува од почеток

Сулејман Османи (алијас командант Суља) од селото Бреза деновиве беше екстрадиран од Косово во Македонија. Како што јавуваат медиумите кои известуваат на албански јазик 55-годишниот сточар Османи во јули минатата година беше уапсен од косовските власти по распишана меѓународна потерница.

developer | 11.07.2016

Почина креаторот на комичниот лик Селим Селиу

По долго и тешко боледување, на 66-годишна возраст во родното Скопје почина хумористот Емин Унџел. Иако целиот свој работен век го помина како тон-мајстор во Македонското радио, тој останува најпознат по учеството во хумористичните радио-емисии на “Хихирику” и претставите кои произлегоа од ова шоу.

developer | 11.07.2016

Енрике ја освои Mакедонија

Шпанската музичка мега-ѕвезда Eнрике Иглесиас минатата седмица за првпат се претстави пред публиката во Македонија. Во Скопје беше дочекан на нозе, со кренати раце и со овација, а таквата спектакуларна атмосфера исполнета со многу емоција траеше непрекинато час и половина.

developer | 11.07.2016

Османлиските архиви докажаа: Македонија никогаш не била грчка!

Во 1993 година воздухопловниот генерал Ердоан Езнал (Erdoğan Öznal), во тој миг раководител на Институтот за историско и стратегиско истражување на труската армија, во Анкара ја издаде книгата под наслов “Македонија не е Грција”.

developer | 04.07.2016

Дијаспората „помоќна” од странските инвестиции и државата

Парите што ги праќаат иселениците се повеќе од тие што државата ги одвојува за социјална помош и повеќе од странските директни инвестиции кои влегуваат во Македонија, а луѓето најмногу ги трошат за секојдневните потреби. Таа сума според некои процени се движи од $ 600 милионa до $ 2.2 милијарди.

developer | 04.07.2016

Се подготвува терен за поскори избори, не може да се чека мај 2017

И лидерот на владејачката партија Никола Груевски и првиот човек на опозицискиот блок Зоран Заев деновиве најавија дека се подготвени за избори на кои ќе победат.

Иванов повторно ја разбранува јавноста
developer | 04.07.2016

Бирав помеѓу ангажирање на Армијата и аболиција

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЃОРГЕ ИВАНОВ СЕ ОБРАТИ НА НАЦИЈАТА

developer | 04.07.2016

„Кралски Игри“ најдобра претстава на 51. „Војдан Чернодрински“

Претставата „Кралски игри” во режија на Љупчо Георгиевски во изведба на Народниот театар – Битола ја доби наградата за уметничко остварување на претстава во целина на 51. Меѓународен театарски фестивал „Војдан Чернодрински” во Прилеп, кој се одржа од 10 до 17 јуни.

developer | 04.07.2016

Врачена наградата “Златна камера 300“ на лауреатот Роби Милер во Амстердам

Во престижниот музеј „EYE” во Амстердам на 3 јуни, за време на церемонијата на отворањето на големата ретроспектива на кинематограферот и уметник Роби Милер, му беше врачена наградата за животно дело „Златна камера 300″.