developer | 19.04.2017

МПЦ годинава ќе прогласи вкупно тројца нови светители

Со прогласување вкупно тројца нови светители до крајот на оваа година Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе ја одбележи 50-годишнината на прогласувањето на нејзината автокефалност.

developer | 19.04.2017

Од црква во струшко украдени икони

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека ноќта помеѓу 29 и 30 март, непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св. Никола” во струшкото село

developer | 19.04.2017

Бугарки празнеле чанти низ скопските трговски центри – завршија во притвор

СВР-Скопје поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО против едно малолетно лице на возраст од 17 години, како и против Н.Е.И. (23) и Р.Д.Г. (67), сите бугарски државјанки, поради основано сомнение дека извршиле три кривични дела “кражба” при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 135.000 денари (околу $ 3,000) за што од страна на судија на претходна постапка на лицата Н.Е.И. и Р.Д.Г. одредена им е мерка притвор од по осум дена, а малолетничката е протерана со двегодишна забрана за влез во Република Македонија.

developer | 05.04.2017

МВР идентификуваше еден од напаѓачите на екипата на “А1он“

Полицијата поднесе кривична пријава против лицето М.К. (37) од Скопје под сомнение дека ги нападнал новинарот и снимателот на интернет-порталот „А1 Он” на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија”, на 27 минатиот месец, пред Собранието на РМ.

developer | 05.04.2017

Kипријан Слепченски ќе биде прогласен за светец

Игуменот Kипријан Слепченски, кого Турците го спалиле ограбувајќи го манастирот „Свети Јован Претеча” во демирхисарско Слепче и починал во маченичка смрт на Велигден пред 237 години, ќе биде прогласен за светец.

developer | 03.04.2017

Јана со „Dance Alone“ ќе ја претстави Македонија на Евровизија

Македоската телевизија ја промовираше годинашната евровизиска песна. „Dance Alone” е насловот на нумерата со којашто Јана Бурческа ќе ја претстави Македонија на 62-тото издание на Изборот на Песна за Евровизија коешто ќе се одржи во Киев, Украина од 9 до 13 мај.

developer | 28.03.2017

Џифони Македонија станува најголем филмски фестивал за млади во регионот

Филмскиот фестивал за млади “Џифони Македонија”, кој годинава од 18 до 23 октомври ќе го има свое петто јубилејно издание, станува регионален центар и втор настан на глобално ниво по “Џифони Италија”.

developer | 28.03.2017

Почнува снимањето на копродукцискиот филм „Бегство кон морето“

Во Ровињ деновиве започна да се снима хрватско-црногорско-македонскиот игран филм „Бегство кон морето” по сценарио и режија на Вељко Булаиќ. Агенцијата за филм на Република Македонија финансиски ја поддржа копродукцијата за која музиката ќе ја компонира Дуке Бојаџиев.

developer | 24.03.2017

„За заедничка Македонија“ маршираше во 16 градови: Бараме единствена, суверена и унитарна Македонија

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија” цела седмица организира протестни маршеви со мотото да се одбрани суверенитетот на земјата. На овие собири се слушаат обраќања од многубројни јавни личности.

developer | 24.03.2017

Мисијата на Кирил и Методиј – најсилна врска меѓу народите на Словачка и Македонија

Кирилометиодиевската тема е најсилната врска која ги спојува Република Македонија и Република Словачка и нејзините два народа во словенскиот свет, истакна словачкиот амбасадор Мартин Безак по повод премиерната проекција на третиот дел од документарниот триптих „Мисија на браќата Константин и Методиј”.

developer | 24.03.2017

Праисториска населба музеј на вода ќе никне во Дојранското Езеро

Нов музеј на вода ќе биде подигнат во Дојранското Езеро, сличен на “Заливот на коските” на Охридското Езеро. Ќе биде реконструиран праисториски локалитет, случајно откриен на брегот на езерото пред пет години.

developer | 20.03.2017

„Не му го давам мандатот на Заев заради платформата што е направена во туѓа држава!”

Иванов го блокира новото парламентарно мнозинство да направи влада
Претседателот Ѓорге Иванов во средата објави дека нема намера мандатот за составување влада да му го даде на Зоран Заев. Процесот за формирање на парламентарно мнозинство заврши, но сега е блокирано формирањето на влада.

developer | 20.03.2017

Нови артефакти за Kрушево и Kрушевската Република

Два османлиски пописни дефтера и нови документи од времето на Kрушевската Република се дел од артефактите од османлискиот период, кои Историскиот музеј Kрушево годинава ќе ги презентира на јавноста. Директорот на оваа установа, историчарот м-р Зоран Богески, за “Дневник” вели дека до август оваа установа ќе презентира повеќе нови документи, многу значајни за Kрушево и за неговата економска моќ низ историјата.

developer | 17.03.2017

Иванов им пиша на Трамп и на Ердоган: Тиранската платформа е уцена

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во врска со актуелните случувања во земјава упати писмо до членовите на Европскиот совет, до претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, до генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и до двата стратегиски партнера на Република Македонија, до претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп и до претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, соопшти кабинетот на македонскиот претседател.

developer | 17.03.2017

Заев: Како на Иванов не му сметаше Платформата додека Груевски преговараше со ДУИ?

Иванов не можел да знае што од Платформата на албанските партии ќе прифати Груевски кога му го додели мандатот. На Заев не му дава мандат бидејќи исто така не знае што овој ќе прифати од истата Платформа

developer | 17.03.2017

ВМРО-ДПМНЕ го реафирмираше ставот: Ќе поддржиме влада на СДСМ, ако се откаже од платформата од Тирана

Прифаќањето на платформи на туѓи држави како основа за преговори и формирање коалиции е процес кој води во разградување и редефинирање на државата
Откако СДСМ ги доби потписите на пратениците од ДУИ и Алијансата за Албанците, со што формираше мнозинство во Собранието, Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржал седница со анализа на ситуацијата.

developer | 17.03.2017

Бевме предадени од шпиони, а јас пукав колку што можев

КОМАНДАНТ МАЛИШЕВА СВЕДОЧЕШЕ ЗА “ДИВА НАСЕЛБА”:
– Бевме предадени од луѓе од ДУИ и од власта. Пукав колку што можев. Или ќе те убијат или ќе пукаш за да се одбраниш, рече пред судот Мухамед Анди Красниќи, познат како командант Малишева од Косово, второобвинет во случајот кој беше сослушан како сведок на одбраната во случајот „Дива населба”.

developer | 17.03.2017

Императорот Јустинијан Први никогаш не го заборавил родниот Таор

Јустинијан Први никогаш не го заборавил своето родно место, иако како цар имал премногу обврски. Ова тврдење археолозите го темелат на голем ќуп со царски печат на Јустинијан, кој во 2008 година го откри археологот Kиро Ристов, што кажува дека римскиот император го помагал населението и со храна. Дека многу му значело родното место говори и податокот што императорот го утврдил Таор со бедем.