По повод големиот национален и верски празник Илинден, Македонско австралиската организација на Заедницата (М.А.С.О) организира културно уметничка манифестација под мотото “Илинден е наш, Делчев е наш”.
Минатиов четврток Македонското пензионерско друштво за Донкастер и Темплстоу свечено го одбележа Илинден.
Минатава сабота, во Belagio рецепција во Епинг, ФОМКУД од Викторија го одржа традиционалниот “Илинденски фестивал” за 2019.
Во својот текст за грчкиот весник „Неос космос”, со седиште во Мелбурн, американскиот аналитичар, Џек Далгариан, не ја исклучува можноста новата грчка влада, предводена од премиерот Мицотакис, да се обиде да врши притисок врз Македонија околу употребата на терминот „македонски” во културата, јазикот и производите.
Австралиските воени архиви се богати со документација за австралиското инволвирање во прекуокеански војни во кој се наоѓа и Македонија.
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со проектот „Родум од Македонија” (Birthright Macedonia) го означија почетокот на тринеделниот студиски престој на деветтемина студенти од САД, Канада и Австралија во државава.
Пред да купите мобилен телефон разберете ги овие поими давател на услуги (service provider): компанија која вашиот мобилен телефон го поврзува со некоја телекомуникациона мрежа, за да можете да разговарате и да праќате и примате електронски пораки (emails) premium SMS: текстуални пораки што се користат за гласање на „реална телевизија” („reality television”), натпревари и претплата на содржини (content subscriptions).
Минатава сабота во “Emerald Reception” во Томастаун, Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски” го одржа традиционалниот и надалеку прочуен бал.
Вечерта за пријатно расположение на присутните се погрижи Наум Петрески, доаенот на народната македонска песна, заедно со Оливера Коцева и Милован Секулоски, а во инструментална придружба на извонредните мајстори: Џеват Рамаданоски (виолина и тамбура), Стефче Стојковски (кавал, зурла и гајда), Душко Божиновски (хармоника), Круме Милески (клавијатури) и Живко Ѓоргиевски (тапани).
Македонскиот писател и академик по 30-годишна авантура во Австралија се врати во татковината. Освен ова, повод за неговото интервју е и 60-годишнината од објавувањето на неговиот прв расказ и, како што самиот вели „ова е најдраматичното време за нашата малечка земја, а помнам од 1949 наваму”.
Минатава сабота во Сиднеј во центарот Илинден во Рокдаел настапи “Македонската фаланга” на чело со доајенот на македонската песна Наум Петрески.
Во издание на Литературното друштво „Григор Прличев” од Сиднеј, деновиве од печат излезе книгата поезија „Гулабица недофатна” од поетесата и уметник Марија Александрова од Сиднеј.
Браќата Стефан (22) и Даниел (23) Обрадовиќ, што беа инволвирани во групната тепачка во македонски “Корзо”, кога беше убиен Дени Димовски се осудени по 100 саати работа во заедицата. Додека третиот учесник Стефен Мота, 28, ќе треба да отслужи 75 саати. Тие не се осудени дека учестувале во тепачката но не го убиле Димовски. За убиство ќе му се суди на Милош Новаковиќ тој го прободел Димовски неколку пати со нож од што починал искрвувајќи од повредите.
Во организација на Македонското друштво „Илинден” – Тирана а со поддршка на Министерството за култура на Албанија, во Куклениот театар во Тирана, минатава седмица се одржа првиот „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија”.
Мади Крстевски по втор пат си ја пробува среќата да стигне до финалето откако после успешната аудиција се придружи на тимот на Бој Џорџ на музичкиот натпревар ‘The Voice’ Австралија.
Речиси да нема место во Македонија, кое нема назив поврзан со епскиот јунак Крале или Крали Марко, кој е најопеан во народното творештво и кој загинал во Романија на 17 мај 1395 година во битката на Ровина против влашкиот војвода Мирчеа.
Во петокот, на 31 мај годинава, во Мелбурн се одржа промоција на книгата “Одблесоци од минатото” од Гордана Димовска. За оваа пригода широко беа отворени вратите на раскошната „Sheldon reception” во Саншајн. Бројните почитувачи на делото на Гордана Димовска имаа можност да слушнат повеќе рецензии и препораки за книгата од неколку авторитети. Потоа следеше и богата културно-уметничка програма.
Рибарското друштво Кинг Парк Македонија од Ст. Албанс е едно од најактивните македонски друштва од Мелбурн. Тие редовно, секој четврток се собираат, се дружат и се договараат за идните настани. Митинзите секогаш завруваат со вечера. Рибарското друштво организира и пикници и лов на риби. Така во неделата рибарите на Кинг Парк Македонија беа на лов на риби во Едвард Ривер, што е на триипол часа од Мелбурн.
Мајчиниот јазик е непроценливо духовно богатство на секој народ и душата на секој поединец. Тоа е јазик што не допира длабоко, до срцето, до тоа што сме, воопшто до нашето постоење.Подарен од родителите, наследен од дедовци и прадедовци, долг и обврска на секој поединец да го чува, негува и пренесува.