developer | 09.08.2019

И војници од Австралија добивале медали за служење во Македонија

Австралиските воени архиви се богати со документација за австралиското инволвирање во прекуокеански војни во кој се наоѓа и Македонија.

developer | 23.07.2019

Студиски престој на деветтемина студенти од САД, Канада и Австралија

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со проектот „Родум од Македонија” (Birthright Macedonia) го означија почетокот на тринеделниот студиски престој на деветтемина студенти од САД, Канада и Австралија во државава.

developer | 23.07.2019

Договори за мобилни телефони – совети за потрошувачите

Пред да купите мобилен телефон разберете ги овие поими давател на услуги (service provider): компанија која вашиот мобилен телефон го поврзува со некоја телекомуникациона мрежа, за да можете да разговарате и да праќате и примате електронски пораки (emails) premium SMS: текстуални пораки што се користат за гласање на „реална телевизија” („reality television”), натпревари и претплата на содржини (content subscriptions).

developer | 23.07.2019

Бал на социјалното друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн

Минатава сабота во “Emerald Reception” во Томастаун, Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски” го одржа традиционалниот и надалеку прочуен бал.
Вечерта за пријатно расположение на присутните се погрижи Наум Петрески, доаенот на народната македонска песна, заедно со Оливера Коцева и Милован Секулоски, а во инструментална придружба на извонредните мајстори: Џеват Рамаданоски (виолина и тамбура), Стефче Стојковски (кавал, зурла и гајда), Душко Божиновски (хармоника), Круме Милески (клавијатури) и Живко Ѓоргиевски (тапани).

developer | 11.07.2019

Интервју со Божин Павловски: Властодршците кај нас не знаат што е свето, а што проклето

Македонскиот писател и академик по 30-годишна авантура во Австралија се врати во татковината. Освен ова, повод за неговото интервју е и 60-годишнината од објавувањето на неговиот прв расказ и, како што самиот вели „ова е најдраматичното време за нашата малечка земја, а помнам од 1949 наваму”.

developer | 11.07.2019

”Македонската фаланга” настапи во Сиднеј

Минатава сабота во Сиднеј во центарот Илинден во Рокдаел настапи “Македонската фаланга” на чело со доајенот на македонската песна Наум Петрески.

developer | 11.07.2019

Нова книга: Гулабица недофатна од Марија Александрова

Во издание на Литературното друштво „Григор Прличев” од Сиднеј, деновиве од печат излезе книгата поезија „Гулабица недофатна” од поетесата и уметник Марија Александрова од Сиднеј.

developer | 05.07.2019

Започнаа судските процеси за убиството на Дени Димовски

Браќата Стефан (22) и Даниел (23) Обрадовиќ, што беа инволвирани во групната тепачка во македонски “Корзо”, кога беше убиен Дени Димовски се осудени по 100 саати работа во заедицата. Додека третиот учесник Стефен Мота, 28, ќе треба да отслужи 75 саати. Тие не се осудени дека учестувале во тепачката но не го убиле Димовски. За убиство ќе му се суди на Милош Новаковиќ тој го прободел Димовски неколку пати со нож од што починал искрвувајќи од повредите.

developer | 05.07.2019

Во Тирана oдржан првиот фолклорен фестивал на Македонците во Албанија

Во организација на Македонското друштво „Илинден” – Тирана а со поддршка на Министерството за култура на Албанија, во Куклениот театар во Тирана, минатава седмица се одржа првиот „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија”.

developer | 05.07.2019

Мади Крстевски повторно на „The Voice“ Австралија

Мади Крстевски по втор пат си ја пробува среќата да стигне до финалето откако после успешната аудиција се придружи на тимот на Бој Џорџ на музичкиот натпревар ‘The Voice’ Австралија.

developer | 05.07.2019

Како загинал Крали Марко, најопеаниот епски народен јунак на Балканот

Речиси да нема место во Македонија, кое нема назив поврзан со епскиот јунак Крале или Крали Марко, кој е најопеан во народното творештво и кој загинал во Романија на 17 мај 1395 година во битката на Ровина против влашкиот војвода Мирчеа.

developer | 24.06.2019

“Одблесоци од минатото“ за ум во иднина

Во петокот, на 31 мај годинава, во Мелбурн се одржа промоција на книгата “Одблесоци од минатото” од Гордана Димовска. За оваа пригода широко беа отворени вратите на раскошната „Sheldon reception” во Саншајн. Бројните почитувачи на делото на Гордана Димовска имаа можност да слушнат повеќе рецензии и препораки за книгата од неколку авторитети. Потоа следеше и богата културно-уметничка програма.

developer | 24.06.2019

Пикник и лов на рибарското друштво Кинг Парк Македонија

Рибарското друштво Кинг Парк Македонија од Ст. Албанс е едно од најактив­ните македонски друштва од Мелбурн. Тие редовно, секој четврток се собираат, се дружат и се договараат за идните настани. Митинзите секогаш завруваат со вечера. Рибарското друштво организира и пикници и лов на риби. Така во неделата рибарите на Кинг Парк Македонија беа на лов на риби во Едвард Ривер, што е на триипол часа од Мелбурн.

developer | 24.06.2019

Мајчиниот јазик ги поврзува младите Австралијани со нивното македонско потекло со себеси и нивниот идентитет

Мајчиниот јазик е непроценливо духовно богатство на секој народ и душата на секој поединец. Тоа е јазик што не допира длабоко, до срцето, до тоа што сме, воопшто до нашето постоење.Подарен од родителите, наследен од дедовци и прадедовци, долг и обврска на секој поединец да го чува, негува и пренесува.

developer | 24.06.2019

Започна турнејата на Наум Петрески ”Македонската фолк фаланга” во Австралија

Наум Петрески втора година по ред е на турнеја низ Австралија и заедно со “Македонска фолк фаланга” создава незаборавни моменти со традиционална македонска музика .Организатор на концертите е социјалното друштво Св. Наум Охридски од Мелбурн. 

developer | 24.06.2019

Едмонд Темелко повторно во трка за градоначалник на Пустец

Едмонд Темелко по четврти пат ќе влезе во трка за градоначалничката фотелја за општината Пустец во Албанија. Албанската централна изборна комисија ја верификуваше неговата кандидатура. Тој

developer | 06.06.2019

Сто и шеснаесет години од загинувањето на Гоце Делчев

Во Мелбурн минатава сабота, според воспоставената традиција, пред споменикот на Гоце Делчев во дворното место на “Св. Георгиј и Пресвета Богородица” во Епинг, беа одбележани 116 години од смртта на македонскиот апостол и револуционер кој во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

developer | 27.05.2019

Значаен 30 годишен јубилеј на Македонското радио во Џилонг

Македонската радио програма на бранова должина 94.7 The Pulse –Geelong, ќе слави значаен јубилеј: 30 години од првата емисија на Македонски јазик.