developer | 23.05.2018

Промоција на книгата “Another way of living”

Во организација на МЛД Кочо Рацин, минатава сабота во библиотеката во Мил Парк, се одржа промоција на книгата “Another way of living”, – “Да се живее поинаку” од д-р Снежана Џамбазова Попорданоска.

developer | 23.05.2018

Одбележан денот на АНЗАК во Република Македонија

Во организација на Амбасадата на Австралија во Република Македонија, на 25 април 2018 година, на британските гробишта во Скопје беше одржана церемонија на одбележување на Националниот ден на сеќавање – денот на АНЗАК.

developer | 23.05.2018

Св. Никола од Престон слави јубилејни 40 години

Минатава сабота МПЦ “Свети Никола” – Престон, одбележа голем јубилеј 40 години од големото осветување на црквата (старата) на свети Никола, извршено на 05-ти февруари 1978 година.

developer | 14.05.2018

Принцот Чарлс ќе биде новиот лидер на Комонвелтот

Принцот Чарлс од Велс е избран за нов шеф на Комонвелтот на нациите, на собирот одржан во Лондон. Досега било вообичаено лидерството во Комонвелтот да го држи монархот на Обединетото Кралство и Северна Ирска.

developer | 14.05.2018

Заврши посетата на владиката Тимотеј

Во неделата Владиката Тимотеј, после одржаната света литургија во „Св. Никола” во Перт, ја заврши својата посета на Австралиско – сиднејска епархија, и вечерта замина на пат за Република Македонија.

developer | 14.05.2018

„Македонија 2025“ – поврзување на Македонците од дијаспората со родниот крај

Самитот Македонија 2025 е можност за запознавање и вмрежување на претставниците на бизнис секторот од државата со оние од развиените економии.

developer | 14.05.2018

Успешна Oреовската средба

Минатата сабота во прекрасната сала на црквата „Света Петка” во Рогдаел се одржа игранка – „Ореовска средба” во организација на Културно уметничкото друштво „Пелистер” од Ричмонд.

developer | 11.05.2018

Нови македонски дипломати во Канбера и во Мелбурн

Како вршител на должноста амбасадор на Република Македонија во Канбера во недела беше најавено пристигнувањето на Грета Станоевска. Тоа е одговорна и брза замена за заминатиот амбасадор Веле Трпевски.

developer | 11.05.2018

Владиката Тимотеј во посета на епархијата во Викторија

Од минатиов четврток во Мелбурн во канонска визитација престојува Митро­по­ли­тот Дебарско-Кичевски и Администратор Австрали­ско-Сидејски г. Тимотеј.

developer | 11.05.2018

Одбележан 40 годишниот јубилеј на МПЦ „Св.Петка“ од Рокдејл

“Света Петка” даде сериозен влог на културен, просветен, национален и спортски план.

developer | 02.05.2018

Полицијата трага по Хелен Божиновски

Викториската полиција минатиов петок упати апел за помош за лоцирање на исчезнатата Хелен Божиновски. 48 годишната жена била последен пат видена вечерта на нејзината домашна адреса во Farmington Road во северното предградие Mernda.

developer | 02.05.2018

Бојадисување на велигденски јајца во МПЦО „Свети Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг

Во Светата и Велика сабота од Страсната седмица, кога Светата Црква си спомнува и за Благовештението на Пресвета Богородица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица” во Епинг, во организација на свештеникот Климент Станковски се одржа бојадисување на велигденските јајца од страна на најмладите членови на заедницата.

developer | 02.05.2018

Велигден во Македонските православни цркви во Австралија

Македонците во Австралија минатиов викенд масовно го одбележаа Христовото воскресение Велиг­ден.
Во сите храмови на МПЦ-ОА беа служени воскресни велигденски литургии на полноќ и во текот на првиот и вториот ден од Велиг­ден.

Ѓоко Јовиќ и ”Енерџи бенд” во Мелбурн го посетија КУД ”Тоше Проески” и заедно со играорците спонтано направија перформанс со жива музика за време на тренинзите на ова најново друштво во Викторија кое во изминативе години има се поголем број активни членови.
developer | 26.04.2018

По одличната турнеја во Австралијa, Ѓоко Јовиќ ќе промовира два видеоспотови и албум со поп-песни

Македонците во Мелбурн, Сиднеј, Перт, Канбера, Волонгонг и Џилонг уште долго ќе ги паметат забавите кои им ги приреди популарниот Ѓоко Јовиќ и неговиот „Енерџи бенд” изминативе пет недели.

Фото од дочекот во Сиднеј - Кире Циревски
developer | 26.04.2018

Митрополитот г. Тимотеј пристигна во Австралија

Минатиов вторник Владиката Дебарско-кичевски, Плаошко-струшки и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј заедно со црковната делегација од Р. Македонија пристигна во Австралија во доцните вечерни часови, слетувајќи на Сиднејскиот аеродром, каде свечено беше пречекан од неговите духовни чеда, кои во голем број дојдоа да му посакаат топло добредојде и пријатен престој во Австралија.

developer | 16.04.2018

Македонците видно атрактивни на Премиерската вечера во НЈВ

Во салата „Гранд павилион” во Росхил Гардaнс се одржа свечена вечера со Премиерката на НЈВ, Госпоѓицата Гледис Бериџиклијан.

developer | 16.04.2018

Донација на книги од МЛД “Кочо Рацин” за учениците во Keilor Downs

Македонското литературно друштво “Кочо Рацин” со години наназад активно работи на промоција на македонските литературни дела преку одржување на саеми на книги, поетски читања, фестивали, конкурси, промоции на книги од локални но и автори од Македонија.

developer | 16.04.2018

Проштален ручек со Амбасадорот на Република Македонија во Австралија

Во Сиднеј, во организација на Македонската заедница, во пријатна атмосфера, се одржа свечен ручек во чест на Амбасадорот, Господин Веле Трпевски, а по повод заминувањето од Должноста Амбасадор на Република Македонија во Австралија.