Борис Трајков, кој со децении живее и работи во Мелбурн, доби судска пресуда да врати повеќе од 300.000 долари и да плати казна од 1 милион долари, затоа што трошел пари на хуманитарна организација за лични потреби.
Македонското пензионерско друштво од Џилонг веќе неколку години одржува прекрасна презентација на македонската храна.
Управата на црковната општина, Св. Пророк Илија од Квинбијан ја известува македонската заедница од Квинбијан, Канбера и пошироко дека во моментов, во црквата се работи на цртањето на фрескоживописот.
Партијата Македонска алијанса за европската интеграција (МАЕИ) како единствена македонска партија што ги застапува интересите на македонскиот народ во Албанија, го поздрави усвојувањето на предлог-законот за заштита на националните малцинства во Република Албанија од страна на законодавната комисија, но е длабоко огорчена и протестира поради вклучување и на бугарското малцинство во законот, по заканите на Бугарија дека ќе стави вето за членство на Албанија во Европската Унија.
Минатава среда, кога се празнуваше споменот на преподобен Харитон Исповедник; светиот пророк Варух; светиот маченик Марко овчар и на светиот маченик Вацлав, крал чешки, старешината на храмот „Свети Георгиј и Пресвета Богородица”, отец Климент Станковски ги посети и причести парохијаните во старскиот дом Estia во Epping.
Минатиот четврток во просториите на Центарот за уметност во Бенкстеон, предградие на Сиднеј, се одржа премиерната изведба на драмата „Да бидам искрен” (To Be Honest) од драмскиот писател и режисер Стефо Нанцу.
Успешен почеток на турнејата низ Австралија со претставата “Тројца зетои за Нада”, од познатата група хумористи “Солзи и Смеа”.
Првиот Светски Куп за фудбал за сениори (50+) (со одење) се одржа на 12 октомври во Mill Park Basketball and Netball Stadium, Redleap Avenue, Mill Park во орагнизација на Whittlesea U3A, City in the Community – Melbourne City Football Club, Tamil Seniors Social Club and City of Whittlesea.
АВСТРАЛИСКО МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР ОД СИДНЕЈ
AUSTRALIAN MACEDONIAN THEATRE OF SYDNEY
Организаторот на концертите со Јордан Митев, нашето играорно друштво АММД “Никол Карев” од Мелбурн кое веќе 40 години е амбасадор на македонскиот фолклор ни соопшти дека концертите со популарниот естраден пеач се посетени како никогаш досега.
Минатиот понеделникот, на 02. 10. 2017 година, кога се празнуваа светите маченици Трофим, Саватиј и Доримедонт; светиот маченик Зосим Пустиник и свети Теодор, кнез Јерославски, во црковната општина „Света Петка” во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) одржа час по веронаука.
Минатиот понеделник се одбележаа 10 години од смртта на Џим Антон, голем активист во македонската заедница во Мелбурн.
МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО АЛБАНИЈА – ИНТЕРВЈУ СО ФОТО НИКОЛА:
Деновиве темата со ајварот се најде и кај „Солза и смеа”. Го најавија снимањето на спотот за најновата песна со насов „Ти лути ајварот”.
Премиерот Зоран Заев на средбата со Обединетата македонска дијаспора (ОМД) рекол дека во 2019 година ќе биде спроведен попис на населението во Македонија, тврди ОМД во соопштението за средбата што се одржа оваа недела во Њујорк, каде премиерот со владина делегација присуствуваше на 72. Генерално собрание на Обединетите нации.
Директорот на компанијата Tesla, Елон Маск, објави дека на половина е подготвен да ја заврши нарачката за најголемата батерија на полнење во светот што ќе биде инсталирана во Австралија.
Минатава среда Бил Саравиновски, Македонец по потекло, избран е за прв градоначалник на Советот на новата општина Бејсајд.
Постар жител на Мелбурн на кому своевремено му е доделен орден на Австралија е лице што е познато во мелбурнската заедница, обвинето е за препродавање дрога.