developer | 31.01.2018

Повеќе знамиња одошто памет

Во Мелбурн во неделата, на 21 јануари, со почеток во 13:30 часот беше одржан митинг на екстремистичките припадници од грчката заедница во Викторија. Собирот беше свикан преку Фејсбук, а по краткиот марш од еден блок, толпата се задржа пред конзулатот на Грција на адреса 37-39 Albert Rd, Melbourne.

developer | 31.01.2018

Донација од $150,000 долари за надградба на културниот центар во Квинбијан

Македонската заедница од Квинбијан и Канбера по повод празникот Василица доби извонредна помош од заменикот премиер на НЈВ Џон Бариларо.

developer | 22.01.2018

Групата Оскар со донација за децата од специјалните установи

Групата Оскар по враќањето од големата австралиска турнеја деновиве ги посетија „Домот за доенчиња и мали деца”- Битола и Републичкиот завод за лица со посебни интелектуални потреби ПОРАКА.

developer | 22.01.2018

Анета и Mолика со успешна турнеjа во Aвстралија

Анета и Молика се на Австралиска турнеа од почетокот на Декември па се до 15 Јануари.

developer | 22.01.2018

Љубов и завет низ виорите

На задоволство на љубителите на македонскиот пишан збор, излезе од печат новата книга на Гордана Димовска и Ване Лозаноски под наслов “Љубов и завет низ виорите”.

developer | 22.01.2018

ММД “Никола Карев” со проби и уписи за 2018

Македонското Младинско Друштво “Никола Карев” ги известува сите љубители на македонскиот фолклор дека врши упис на нови играорци за 2018 година.

developer | 22.01.2018

Бадник и Божик во Aвстралија

Храмовите на Македонската православна црква во Австралија беа исполнети за големите верски празници Бадник и Божик.

developer | 15.01.2018

Боб Велински ни е 83 години млад

На 22 декември популарниот радио водител на нашата заедница во Мелбурн, господинот Боб Велински ќе стане 83 години млад.

developer | 15.01.2018

Отец Владо Недески ќе служи во Света Петка

Презвитер Владо Недески е новиот свештеник на МПЦ, кој ќе служи во црковната општина Света Петка во Рокдаел.

developer | 15.01.2018

Признание за Авио Травел

Патничката агенција Avio Travel е позната и ценета меѓу Македонците во Викторија, со големо искуство. Avio Travel секоја година реди вредни признанија што е доказ за ефикасната и професионална услуга од страна на вработените во истата.

developer | 15.01.2018

40 години на ММД “Никола Карев” од Мелбурн

Во прекрасниот амбиент на Ferraro Reception, на 16 декемви, Македонското младинско културно уметничко друштво “Никола Карев”, го одржа презентациониот бал на кој посебно место зазедоа доделувањето на пехарите на играорците од сите три групи.

developer | 15.01.2018

Борче Ристевски обвинет за мистериозното убиство на сопругата

Борче Ристевски (53) кој живее во Авондаел Хајтс, западно предградие на Мелбурн, е обвинет за убиството на неговата сопруга Карен (47) која беше пронајдена мртва во февруари, откако претходно беше исчезната осум месеци, во случајот што го привлече вниманието на јавноста во Австралија.

developer | 08.01.2018

Советникот за кредити Саш Петровски нуди поголем избор

Сиднејскиот советник за кредити Саш Петровски и неговиот тим повеќе од 14 години нудат извонредни совети за кредити.

developer | 08.01.2018

ФРОДЕМ бара воспоставување дипломатски односи со Македонија од 19 земји

Здружението Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ) во соработка со професорот д-р Игор Јанев испрати мејлови и писма до шефовите на 19 држави во светот, како и до нивните дипломатски мисии при ОН кои сè уште немаат воспоставено дипломатски односи со Република Македонија.

developer | 08.01.2018

Промоција на ”Македонија 2025” во Мелбурн

Минатиов вторник во ресторанот MARKOV Beer & Dining во Карлтон се одржа промоција на “Македонија 2025”, што е непрофитна и непартиска организација за промоција на македонската економија, образование и идните лидери.

developer | 08.01.2018

Македонката Ана Николовска- најуспешна во 2017

Македонката Ана Николовска деновиве го доби највисокото признание за одлична ученичка во општината Бејсајд, во Сиднеј.

developer | 08.01.2018

Македонската добротворна организација на Whitlesea Show

Минатата недела Ви ги претставивме членовите на групата за Социјална поддршка при Македонската добротворна организација чии дела беа првонаградени во настанот организиран од страна на Whittlesea Agricultural Society под име “Whittlesea Show”.

developer | 08.01.2018

Со Божествена литургија прославена храмовата слава во храмот „Свeти Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн (Викторија)

На 09. 12. 2017 година, кога го празнуваме празникот свети вмч. Георгиј, односно споменот од Осветувањето на храмот на свети вмч. Георгиј во Киев (1051-1054), во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица” во Епинг, старешината на храмот, јерејот Климент Станковски служеше Света Златоустова Литургија со што беше прославена славата на храмот.