Во Спортскиот Центар на Рокдаел Илинден, свечено беше прославена Стара Нова Година во организација на Социјалното друштво на доселениците од Село Цапари Битолско. Ова средба се одржува секоја година по традиција.
Во петокот, на 26 јануари, се прославуваше Денот на Австралија, односно датумот кога првата флота под водство на адмиралот Артур Филип во 1778 година пристигна на брегот на Сиднеј со цел да основа казнено поправни колонии во Австралија.
Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.
Битолското пензионерско друштво на својот прв собир за оваа година имаше прослава со жива музика за Василица – Македонската стара нова година.
Во Мелбурн во неделата, на 21 јануари, со почеток во 13:30 часот беше одржан митинг на екстремистичките припадници од грчката заедница во Викторија. Собирот беше свикан преку Фејсбук, а по краткиот марш од еден блок, толпата се задржа пред конзулатот на Грција на адреса 37-39 Albert Rd, Melbourne.
Македонската заедница од Квинбијан и Канбера по повод празникот Василица доби извонредна помош од заменикот премиер на НЈВ Џон Бариларо.
Групата Оскар по враќањето од големата австралиска турнеја деновиве ги посетија „Домот за доенчиња и мали деца”- Битола и Републичкиот завод за лица со посебни интелектуални потреби ПОРАКА.
Анета и Молика се на Австралиска турнеа од почетокот на Декември па се до 15 Јануари.
На задоволство на љубителите на македонскиот пишан збор, излезе од печат новата книга на Гордана Димовска и Ване Лозаноски под наслов “Љубов и завет низ виорите”.
Македонското Младинско Друштво “Никола Карев” ги известува сите љубители на македонскиот фолклор дека врши упис на нови играорци за 2018 година.
Храмовите на Македонската православна црква во Австралија беа исполнети за големите верски празници Бадник и Божик.
На 22 декември популарниот радио водител на нашата заедница во Мелбурн, господинот Боб Велински ќе стане 83 години млад.
Презвитер Владо Недески е новиот свештеник на МПЦ, кој ќе служи во црковната општина Света Петка во Рокдаел.
Патничката агенција Avio Travel е позната и ценета меѓу Македонците во Викторија, со големо искуство. Avio Travel секоја година реди вредни признанија што е доказ за ефикасната и професионална услуга од страна на вработените во истата.
Во прекрасниот амбиент на Ferraro Reception, на 16 декемви, Македонското младинско културно уметничко друштво “Никола Карев”, го одржа презентациониот бал на кој посебно место зазедоа доделувањето на пехарите на играорците од сите три групи.
Борче Ристевски (53) кој живее во Авондаел Хајтс, западно предградие на Мелбурн, е обвинет за убиството на неговата сопруга Карен (47) која беше пронајдена мртва во февруари, откако претходно беше исчезната осум месеци, во случајот што го привлече вниманието на јавноста во Австралија.
Сиднејскиот советник за кредити Саш Петровски и неговиот тим повеќе од 14 години нудат извонредни совети за кредити.
Здружението Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ) во соработка со професорот д-р Игор Јанев испрати мејлови и писма до шефовите на 19 држави во светот, како и до нивните дипломатски мисии при ОН кои сè уште немаат воспоставено дипломатски односи со Република Македонија.