developer | 05.04.2017

Џесика Стојковска на чекор до победа во Кингсли

Изборите во Западна Австралија завршија и на нив гласачите сурово ја казнија владејачката партија на Колин Барнет. Либералите после овој пораз сигурно неколку изборни циклуси сега ќе бидат во опозиција. Се уште се пребројуваат гласовите во некои места каде има мала разлика, сепак се предвидува дека крајниот резултат ќе биде 40 пратеници за лабуристите и само 19 за Либерал–националната коалиција.

developer | 03.04.2017

Македонскиот јазик ќе се изучува во Lalor North College

После многу години во кои постојано се намалуваше бројот на училишта каде се изучува македонскиот јазик, најпосле имаме прекрасна вест за воведување на јазична програма во училиште каде има голема концентрација на Македонци во Мелбурн.

developer | 28.03.2017

Успешна турнеја на Сузана, Демо и Христијан со групата Болеро

Заверши турнејата со Сузана Гавазова, Христијан Кико Божинов, Демо Шавлев и групата Болеро со последните два концерта во Сиднеј и во Квинбијан.

developer | 28.03.2017

Една единствена е наша Mакедонија

Подршка од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ и од многу македонски организации, асоцијации и поединци од Мелбурн и од Австралија.

developer | 24.03.2017

Митинзите не носат гласови

ДАМЕ КРЦОСКИ, КАНДИДАТ ЗА ПРАТЕНИК ВО ЗАПАДНА АВСТРАЛИЈА
Даме Крцоски (36), кој живее и работи во Перт, е Македонец кој на претстојните парламентарни избори се кандидира за пратеник на Западна Австралија. Тој е член на Либералната партија, која и припаѓа на десницата, конзервативна демохристијанска партија.

developer | 24.03.2017

“Македонија не те забораваме“ од Иван Трпоски

Минатиот петок, на 24 февруари, во просториите на Центарот за емигранти во регионот Рогдаел (предградие на Сиднеј) во преполнетата просторија се промовира најновото дело на поетот и писател Иван Трпоски.

developer | 24.03.2017

Борис Трајков, добитник на Орден на Австралија, обвинет за проневера од добротворна организација

Борис Трајков е обвинет за проневера на 3,5 милиони австралиски долари од добротворна организација во која тој бил соосновач. Дел од парите на организацијата биле префрлани на сметката на неговата сопруга, Слободанка Трајкова.

developer | 20.03.2017

Дана Рохрабакер се правда, не мислел да ги навреди македонците

ВАШИНГТОН – Републиканскиот конгресмен на Калифорнија и претседавач на поткомитетот за Европа, Евроазија и опасности во пораст, Дана Рохрабакер, се сретна со претставници на ОМД по шо ја објави следната нова изјава во врска со неговата неодамнешна, контраверзна и широко цитирана изјава за Македонија:

developer | 17.03.2017

Во Преспа, Голо Брдо и Гора нема Бугари, туку само Македонци

Македонското друштво „Илинден” од Тирана, заедно со огранокот на Друштвото за Голо Брдо, најостро го осуди Извештајот за напредокот на Албанија за членство во ЕУ, усвоен од Европскиот парламент.

developer | 17.03.2017

Болницата Сент Џорџ во Сиднеј доби ПЕТ Скенер вреден 3.5 милиони долари

Убава вест пристигна од болницата Сент Џорџ во Сиднеј. Ни се јави др. Зоран Бечваровски и потврди дека е добиен апаратот за рано откривање на ракот наречен ПЕТ Скенер.

developer | 17.03.2017

Богат репертоар на Гавазова и Кико

Продолжи турнејата низ Австралија со ѕвездите од Македонија: Сузана Гавазова, Христијан Божиновски –Кико, мајсторот Демо Шавлев и групата “Болеро” од Струмица.

developer | 17.03.2017

Прекрасна комбинација со Татијана, Џесика и Спасен

Двете атрактивни битолчанки, пејачките Џесика Палашоска и Татијана Стефановска, заедно со колегата Спасен Силјаноски и групата „Амадеус” минатава недела ја започнаа својата турнеја низ Австралија.

developer | 17.03.2017

Наградите од традиционалниот конкурс за Прличева награда за 2016 година

Минатиот понеделник, Жири комисијата во состав Силвана Трајковска (претседател), Мери Петковска и Бојана Ристевска-Јанкуловска ја донесе својата одлука за прогласување на најдобрите дела од традиционалниот награден конкурс за Прличева награда за 2016 година во организација на Македонското литературно друштво „Григор Прличев”.

developer | 22.02.2017

Македонците учествуваа на парадата за Денот на Австралија во Мелбурн

Австралија го прослави националниот празник на 26 јануари. По тој повод, во Австралија се организираа низа манифестации, меѓу кои најпознати се парадите во големите градови.

developer | 22.02.2017

Австралија уникатна држава

26 јануари е државен празник во сите републики и градови во Австралија. На овој ден се одбележува годишнината од пристигнувањето на Првата флота на британските бродови во Порт Џексон, Нов Јужен Велс во 1788 година, и подигнување на знамето на Велика Британија на австралиско тло од страна на гувернерот Артур Филип.

developer | 22.02.2017

За Денот на Австралија традиционален пикник во Кинг Лејк

Минатава недела, по повод Денот на Австралија, се одржа традиционалниот годишен македонски пикник во “Паркот на Македонија” во Кинглејк.

developer | 22.02.2017

Гавазова: Се враќам на сцена, ќерките ќе ми ги чуваат две дадилки

Фолк-пејачката Сузана Гавазова, по четири години пауза, повторно се подготвува за турнеја во Австралија. Ова е нејзино осмо патување во Австралија, каде што, како што вели, секогаш си поминува убаво бидејќи има многу публика.

developer | 22.02.2017

МПЦ со богослужебни книги какви што немаат ниту Руската ниту Српската православна црква

Минатава недела во МПЦ “Св. Петка” во Мил Парк, се одржа богослужба која ја водеше владиката Петар. По службата се одржа промоција на 18 книги кои ќе служат на целата Македонска православна црква.