Треба да работиме за обединување

1.

Зрелоста доаѓа кога ќе се престане со давање  постојани изговори и ќе се почне со вистински  промени. Зошто уште денес сите организации и поединци не би можеле да си подадат рака една на друга?

Не гледам причина како може да бидеме тука во Австралија поделени по било каква линија, во оваа прекрасна демократија не може никој ништо да не присилува. Не постојат граници тука меѓу Вардар Егеј и Пирин. Потребно е да работиме секојдневно за обединување бидејќи така сме посилни.

 

2.

Во октомври  се најавува дека ќе пристигне  Веле Трпевски, новиот  амбасадор  на Република Македонија во Канбера.

Тој најави пред собраниската Комисијата за надворешна политика, каде што ја претстави својата дипломатска платформа, придвижување на активностите околу признавањето на уставното име, олеснување на визната политика и отворање постојанa амбасада на Австралија во Македонија. Меѓу приоритетите на Трпевски, како што рече, ќе бидат и изучувањето на македонскиот јазик меѓу дијаспората, како и интензивната промоција на македонското културно наследство.

Амбасадорското место на Македонија во Австралија  е празно од ноември 2011 година, по скандалозното повлекување на поранешниот македонски амбасадор. Да се надеваме дека господинот Трпевски ќе создаде творечка атмосфера за исполнување на своите амбициозни цели.

3.

Македонскиот Просветно Училишен Одбор на НЈВ е организација, која се грижи за изучување на македонскиот јазик и минатата недела прослави  35 години. Ова е уште еден бисер во  Македонската заедница за зачувувањето на јазицкот. Пред 35 години, кога е формиран, по бројот на учениците во НЈВ Македонците беа на првото место.      Наставен план и програма за работа во училиштата, а наставата се изведува на три нивоа: почетен, среден и напреден курс.

4.

Се зборува за    инвеститори заинтересирани за формирање македонска авиокомпанија, слично како влезот на “Етихад ервејз” од Обединетите Арапски Емирати во Србија. Разликата е што арапската авиокомпанија влезе со свој капитал во веќе постојната “ЈАТ ервејз”, додека во Македонија  треба да се формира нова домашна авиокомпанија. Новоформираната компанија би требало во голем дел да се потпира на македонски авиокадар, почнувајќи од пилоти, авиомеханичари и кабински персонал.

Останати вести