Бисер балкански

1.
Јавноста ќе чека за одговор кој го поставил споменикот на Цар Душан во Скопје? Кој плаќа за тие споменици, кој ги нарачува? Дали се има некаква контрола, и како смее неказнето да се дозволува кршење во центарот на Скопје?

Изет Меџити, потпретседател на ДУИ и градоначалник на Чаир отворено вели “бевме присутни ноќта и го уривавме споменикот на цар Душан”. Тука биле и пратеничката Ермира Мехмети, министерот за економија Ваљон Сараќини и шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби (тепачот од Калето).
Со право се чувстуваме измамени сите од владеењето на лавот во коалиција со орлето. Со право велат дај му власт во рацете, па ќе видиш каков е.
Кога дојдоа на власт ВМРО–ДПМНЕ велеа Струга ќе ја вратиме, Кичево не го даваме. На крајот и едното и другото отиде.
ВМРО–ДПМНЕ ја држи 100 проценти власта на сите нивоа и оттука ја има и апсолутната одговорност.
Зачестеното поставување албански знамиња во Македонија е иритирачко,, споменикот на Скендербег, постојаната нелојалност а има уште безброј други ексцеси..
По овој пример сега ако некому не му е по волја споменикот на Скендер-бег, на Хасан Приштина, преименуваните училишни табли, јарболи со знамињата решението е – со чеканот в рака…

2.
Дознаваме дека во изборната единица за Австралија и Азија има регистрирано околу 3,000 потенцијални гласачи за претстојните претседателски избори во Македонија. На минатите избори во 2011 имаше само 761 гласач во Австралија и вкупно 10 во Индија и Кина.
Од оваа бројка 170 беа регистрирани во Канбера и 591 во Мелбурн.
Во прашање мора да е една од најбогатите земји во светот, кога за само толку малку гласачи се праќаат изборни комисии во четири градови што чинат повеќе од 100,000 долари за еден ден гласање.

3.
На овогодишната Божикна прослава на градоначалникот на Мелбурн Роберт Дојл, имаше и неколку Mакедонки меѓу кои беше и неуморната активистка Лидија Нешковска.
Секој успех на заедницата не радува, без разлика дали тоа е поединечен или на организација.

Останати вести