Кога Австралија ќе ја признае Македонија под уставното име?

Минатава седмица во Мелбурн, во парламентарната зграда на Викторија што се наоѓа на 4 Treasury Place, East Melbourne, се одржа прес конференција за етничкиот печат на која беше присутен прајминистерот на Австралија, Тони Абот, и министерот за социјални сервиси, Кевин Ендрус.

Ова е прва конференција во Мелбурн со етничкиот печат откако дојде на власт господинот Абот минатата година.
Владата на Австралија, соочена со зголемената активност на домашните терористи кои одат во стрнаство да се борат во крвавите религиозни судири, презема соодветни активности. Меѓу најавените мерки се зголемување на капацитетите за надгледување на фундаменталистите кои се потенцијална опасност за општеството и тукашниот начин на живеење и донесување закони со кои ќе се казнуваат учесниците во тие конфликти. Владата на Тони Абот со право го потенцираше фактот дека тукашниот мултикултурализам е пример за успешна интеграција.
Во оваа прилика од името на македонските весници на г. Абот му поставивме прашање кога Австралија ќе ја признае Македонија под нејзиното уставно име? Околу 98,000 граѓани се изјаснуваат на пописот во Австралија дека се со македонско потекло. Македонија е независна држава повеќе од 23 години, во кои САД, Канада, Британија и многу други големи држави ја признаа под уставното име. Кога Австралија ќе ја признае Македонија под уставното име?
Се чувствуваме навредени и дискриминирани кога користиме државни услуги и треба да ја бараме земјата од која потекнуваме под друга буква.
Од страна на прајминистерот Тони Абот, ни беше речено дека ова прашање одамна не е разгледувано и во номенклатурата како што се сеќава порано таа држава ја нарекувале поранешна југословенска Република Македонија.
На тоа се надоврзавме со коментар, денес да велиме поранешна британска колонија Австралија е навредливо. Прајминистерот Абот се насмеа, и прифати дека тоа е фер опсервација и добра поента … обично Австралија земјите ги нарекува така како што тие самите сакаат… во некои случаи поради интернационалната дипломатија не го следиме тоа правило…
Дали ова е знак дека во блиска иднина може да се очекува промена на владината полиса?
Прашањето за признавање на официјалното име на нашата прва татковина треба постојано да се покренува. Без неговото решавање практично остануваме без основното човечко право да бидеме почитувани и да имаме право на гордост.
Од страна на сегашниот прајминистер Тони Абот имаме коректен однос кон нас Македонците. Се сеќаваме дека тој испрати честитка за новата 2012 година, во која јасно се обрати до Македонската заедница. Фактот што прајминистерот призна дека никој не го прашал за тоа што се случува околу користењето на званичното име на Македонија долго време, укажува дека нашата дипломатија спие. Потребно е при секоја прилика ова прашање да се истакнува бидејќи во спротивно ќе си останеме заборавени како во приказната со мајката што не го доела детето затоа што тоа не плачело.
Дали некој се сеќава кога последен пат е остварено ново признавање на Македонија под уставното име?
Да ги наброиме сите остварени дипломатски односи во последниве седум години од кои некои не се ни под уставното име: Република Чиле, Принципат Андора, Боцвана, Косово, Фиџи, Сириската Арапска Република, Република Зимбабве.
Остануваат уште повеќе од седумдесет земји во светот со кои Македонија нема никакви меѓудржавни односи.
Во август 2010 година објавивме список на земјите со кои Македонија има воспоставено дипломатски односи, од тогаш се остварени само две нови признавања. Од 2011, кога започна со гласање во дијаспората, Македонија нема остварено дипломатски односи со ниту една нова држава во светот.

Игор Павловски

 

 

ВОСПОСТАВЕНИ ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Број

Земја

Датум

1

Словенија

17.03.1992

2

Хрватска

30.03.1992

3

Турција

26.08.1992

4

Белорусија

20.01.1993

5

Нов Зеланд

08.04.1993

6

Индонезија

25.05.1993

7

Босна и Херцеговина

27.05.1993

8

Малезија

22.07.1993

9

Пакистан

12.08.1993

10

Народна Република Кина

12.10.1993

11

ДНР Кореја

02.11.1993

12

Ангола

10.11.1993

13

Германија

16.12.1993

14

Холандија

16.12.1993

15

Данска

16.12.1993

16

Франција

16.12.1993

17

Кралство Велика Британија и Северна Ирска

16.12.1993

18

Италија

16.12.1993

19

Норвешка

20.12.1993

20

Шведска

20.12.1993

21

Бугарија

21.12.1993

22

Албанија

24.12.1993

23

Финска

27.12.1993

24

Исланд

29.12.1993

25

Полска

30.12.1993

26

Швајцарија

31.01.1994

27

Лихтенштајн

31.01.1994

28

Русија

31.01.1994

29

Белгија

23.02.1994

30

Јапонија

01.03.1994

31

Чешка Република

02.03.1994

32

Словачка

04.03.1994

33

Киргистан

06.06.1994

34

Виетнам

10.06.1994

35

Боливија

15.06.1994

36

Шпанија

28.07.1994

37

Унгарија

29.08.1994

38

Луксембург

19.09.1994

39

Египет

14.11.1994

40

Португалија

15.11.1994

41

Ирска

13.12.1994

42

Светата Столица (Ватикан)

16.12.1994

43

Австрија

23.12.1994

44

Узбекистан

31.12.1994

45

Саудиска Арабија

11.01.1995

46

Руанда

18.04.1996

47

Романија

11.01.1995

48

Република Молдова

27.01.1995

49

Индија

09.02.1995

50

Естонија

20.02.1995

51

Антигва и Барбуди

21.02.1995

52

Иран

06.03.1995

53

Либиска Арапска Џамахирија

14.04.1995

54

Украина

20.04.1995

55

Сингапур

08.05.1995

56

Казакстан

01.06.1995

57

Монголија

27.06.1995

58

Азербејџан

28.06.1995

59

Литванија

17.07.1995

60

САД

13.09.1995

61

Грција

13.10.1995

62

Австралија

20.10.1995

63

Израел

07.12.1995

64

Оман

28.12.1995

65

Таџикистан

04.01.1996

66

Белизе

25.01.1996

67

Гана

07.02.1996

68

Летонија

13.02.1996

69

Бангладеш

14.02.1996

70

ДНР Лао

06.03.1996

71

Никарагва

28.03.1996

72

Србија

08.04.1996

73

Хондурас

25.04.1996

74

Судан

26.04.1996

75

Обединети Арапски Емирати

27.05.1996

76

Туркменистан

21.06.1996

77

Катар

25.06.1996

78

Канада

04.07.1996

79

Авганистан

08.07.1996

80

Бахреин

18.09.1996

81

Костарика

15.10.1996

82

Доминика

18.10.1996

83

Ел Салвадор

28.10.1996

84

Камбоџа

29.10.1996

85

Танзанија

22.01.1997

86

Република Мозамбик

28.02.1997

87

Република Џибути

12.06.1997

88

Кувајт

16.06.1997

89

Република Гвинеја

28.11.1997

90

Кралството Непал

06.01.1998

91

Република Замбија

30.03.1998

92

ДСР Шри Ланка

10.04.1998

93

Република Того

14.04.1998

94

Република Сиера Леоне

17.07.1998

95

Кралството Лесото

03.09.1998

96

Република Гамбија

29.09.1998

97

Република Јемен

06.10.1998

98

Федеративна Република Бразил

14.10.1998

99

Аргентинска Република

24.09.1999

100

Демократска Република Конго

27.09.1999

101

Република Малави

27.09.1999

102

Република Чад

13.10.1999

103

Бурунди

07.02.2000

104

Куба

05.05.2000

105

Република Колумбија

22.06.2000

106

Република Еквадор

22.06.2000

107

ФИР Коморски Острови

29.06.2000

108

Република Гвинеа-Бисау

29.06.2000

109

ДР Сао Томе и Принципе

11.07.2000

110

Федерална Република Етиопија

17.07.200

111

Република Уганда

26.07.2000

112

Света Луција

24.08.2000

113

Еритреа

13.09.2000

114

Брегот на Слоновата Коска

14.09.2000

115

Хашемитско Кралство Јордан

15.09.2000

116

Доминиканска Република

18.09.2000

117

Република на Малдивите

13.11.2000

118

Република Габон

13.11.2000

119

Република Нигер

15.11.2000

120

Република на Сејшелите

07.02.2001

121

Република Маурициус

07.02.2001

122

Република Конго

07.02.2001

123

Република Камерун

06.04.2001

124

Република Хаити

11.04.2001

125

Мексико

04.10.2001

126

Гватемала

16.11.2001

127

Република Вануату

16.11.2001

128

Алжир

21.03.2002

129

Република Панама

18.04.2002

130

Боливарска Република Венецуела

18.04.2002

131

Уругвај

17.05.2002

132

Република Екваторијална Гвинеа

09.07.2002

133

Кралството Мароко

18.09.2002

134

Република Мадагаскар

18.10.2002

135

Република Сенегал

20.10.2002

136

Централно-Африканска Република

20.10.2002

137

Република Маршалски Острови

19.03.2003

138

Источен Тимор

25.03.2003

139

Јамајка

01.04.2003

140

Федерална Република Нигерија

24.04.2003

141

Свети Винсент и Гренадините

15.05.2003

142

Унија на Мианмар

09.07.2003

143

Република Гвајана

22.09.2003

144

Република Бенин

24.11.2004

145

Буркина Фасо

27.11.2004

146

Федеративните Држави на Микронезија

30.11.2004

147

Република Науру

02.12.2004

148

Република Зеленортските Острови

10.12.2004

149

Кралството Тајланд

23.01.2005

150

Сомалиската Демократска Република

17.02.2005

151

Исламската Република Мавританија

23.03.2005

152

Република Ирак

10.06.2005

153

Република Перу

29.06.2005

154

Независната Држава Самоа

18.08.2005

155

Република Кенија

01.02.2006

156

Република Црна Гора

14.06.2006

157

Кралството Свазиленд

06.07.2007

158

Брунеи Дарусалам

01.08.2007

159

Суринам

12.04.2007

160

Парагвај

26.10.2007

161

Република Чиле

15.09.2008

162

Принципат Андора

31.07.2009

163

Боцвана

04.09.2009

164

Косово

17.10.2009

165

Фиџи

15.03.2010

166

Сириската Арапска Република

23.09.2010

167

Република Зимбабве

13.01.2011

 

 

Останати вести