Во Мемориал Хол, Епинг, смеа до солзи

На 7ми ноември во Мелбурн ќе имате можност да го видите во живо австралиско – македонскиот комичар – во кој ќе биди познатиот лик од социјалните мрежи, “You tube” и слично – Кристијан Деловски – КИКС од Мелбурн.
Кристијан веќе неколку години е присутен на социјалните мрежи и има голем број фанови ширум светот.
Во соработка со Беби Зекировски, кој се јавува како продуцент на оваа манифестација и Омер Зекировски како режисер, тие веќе цела година работат и имаат снимено неколку видео клипови а сега за прв пат сакаат да им го прикажат тоа на сите македонски соограѓани ширум Австралија со гостувања во Мелбурн, Сиднеј и Канбера.
Оваа турнеа започнува во Мелбун на 7ми ноември во 19:30 во Мемориал Хол во Епинг.
Кристијан е многу среќен што неговата кариера со “стенд ап” комедија ја започнува во Мелбурн каде и што живее и затоа ги кани сите свои соограѓани да дојдат и да бидат присутни на оваа претстава, која што со сигурност нема да ве остави рамнодушни и ненасмеани.

Останати вести