За нас

Горда историја на двата независни весници на македонската дијаспора од Австралија, создадени и одржувани од трудот на ентузијасти и патриоти. Ширејќи ја вистината како светилници и одржувајќи го македонскиот јазик и култура на најдалечниот континент без престан, длабоко навлезени во третата деценија, успешно му се приближуваме на својот голем јубилеј, 3000 то издание на овие моќни весници на македонската дијаспора.

Што порачавме во своите први воведници

AUSTRALIAN MACEDONIAN WEEKLY

(Мелбурн, 6 мај 1988 година)

„Ги поздравуваме нашите читатели на првиот број на овој весник, кој одбележува нов правец во македонскиот печат во Австралија. Нашата намера е да подготвуваме вредни и потребни информации за читателите. Всушност, весникот ќе биде македонски, но за да биде пошироко прифатен ќе има содржини и на англиски јазик. Ниту една етничка група не живее изолирано во Австралија и ние се надеваме да живееме солидаризирано со групите кои се интересираат за прогресивен напредок на Австралија, преку “соединување на разликите”, за кои често зборуваме и кои ќе бидат основната австралиска придобивка за мир во светот. Ја избравме оваа позитивна и конструктивна намера за да овозможиме комуникација и информација за потребите на македонската заедница… Гледајќи ја мачната и тешка македонска историја, не треба да го изненади никого тоа што мирот и човековите права ќе бидат приоритетни за весникот”.

 

AUSTRALIAN MACEDONIAN ТОDАY

(Мелбурн, 2 август 1992 година)

„Да се задоволат зголемените потреби од добро и сестрано информирање, ќе биде првата задача на гласилото. Да се негува и унапредува австралиско-македонското пријателство, ќе биде втората задача рамна на првата… „Денес” ќе се труди да обезбедува свежи прилози од авторитетни соработници во Македонија и во Европа, да ги толкува сите нови процеси што ќе го зафатат тамошното општество и за кои дијаспората е заинтересирана. Гласилото ќе се дистрибуира малку пошироко и затоа треба да биде огледало на многу настани… Гласилото ќе вложи напор за двојазичноста, односно, ќе се почитува јазикот на соработниците и особено ќе се внимава она што го публикува „Денес” да биде исклучителна вредност на македонската заедница…

Останати вести