developer | 14.04.2021

Прајминистерот Морисон вети дека нема да ги изневери жените

Прајминистерот Скот Морисон вети дека ќе го „исчисти” парламентот по најновиот во низата скандали за сексуално злоставување и малтретирање кои ја тресат неговата влада и сред обвинувања дека не го разбира бесот на жените поради токсичната машка култура.

developer | 14.04.2021

Населението се враќа дома по катастрофалните поплави

Австралијците погодени од разорните поплави почнаа да се враќаат во своите домови откако времето се подобри и властите ги засилија напорите за расчистување, иако се издадени нови наредби за евакуација во некои области каде што нивото на водата продолжува да се зголемува.

developer | 14.04.2021

Поројните дождови во Aвстралија создадоа водопади на светата карпа Улуру

Австралија речиси цела недела беше изложена на поројни дождови, што предизвика најголеми поплави во регионот на Сиднеј во изминатите 60 години.

developer | 14.04.2021

Причините кои доведоа до надмоќната победа на лабуристите во Западна Австралија

Премиерот на Западна Австралија, Marc McGowan објави дека „границите функционираат” откога овој слоган му донесе надмоќната победа во историјата на државата, велејќи оти нема да се двоуми повторно да ја затвори границата, доколку тоа биде потребно.

developer | 14.04.2021

Се прелеа главната брана во близина на Сиднеј

Рекордни врнежи од дожд и обилни поплави ги принудија властите да ги повикаат на евакуација на жителите долж источниот брег на Австралија каде што се прелеа главната брана во близина на Сиднеј, првпат после 30 години.

developer | 25.03.2021

Државниот обвинител ги негираше обвиненијата за силување

Австралискиот државен обвинител Кристијан Портер, минатава седмица потврди дека тој е неименуваниот министер во кабинетот, чија оставка ја бара дел од јавноста по обвинувањата дека силувал тинејџерка (16) пред повеќе од 30 години.

developer | 25.03.2021

Квантас го заживува туризмот со „мистериозни летови“

Најголемата австралиска авиокомпанија „Квантас” најави враќање на „мистериозните летови” во обид да го заживее домашниот туризам.

developer | 25.03.2021

Викторија најави забрана за користење на еднократната пластика

Министерката за енергија и животна околина Lily D’Ambrosio најави забрана за користење еднократна пластика, како што се сламките, садови од полистирен.

developer | 25.03.2021

ЕУ и Италија блокираа пратка на вакцини на Астра Зенека за Австралија

Европската комисија и Италија блокираа испорака на вакцини на Астра Зенека за Австралија бидејќи произведувачот не ги исполнил обврските преземени со договорот склучен со Европската Унија.

developer | 25.03.2021

Поддршка за кандидатурата на Бризбејн за ЛОИ 2032

Намерата на Бризбен да ги организира Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2032 година доби поддршка од австралискиот прајминистер Скот Морисон, кој го извести Меѓународниот олимписки комитет (МОК) дека властите цврсто стојат зад кандидатурата.

developer | 25.03.2021

ПEРТ: Попуштање на ограничувањата за патниците од Викторија

Викторија е во постапка на враќање на листата во која за патниците нема да има задолжителен карантин согласно со попуштања на рестрикциите во Западна Австралија.

developer | 25.03.2021

ПОСЛЕ НЕЗГОДИОТ ПАД НА СКАЛИ: Што се случува со Даниел Ендрус?

Премиерот на Викторија Ендрус од минатиот вторник се наоѓа во болница по пад на скали кога утрото тргнал на работа од неговата викендичка на полуостровот Морнингтон, при што скршил некои ребра и го повредил пршленот Т7.

developer | 25.03.2021

Mилијарда долари за спас на туризмот

Владата го претстави пакетот за поддршка на туризмот во изност од $928 милиони со цел да се зголеми бројот на патувања до локалните дестинации, додека меѓународните рути остануваат и понатаму затворени поради пандемијата со коронавирусот.

developer | 18.03.2021

Австралија прва на светот донесе закон со кој Фејсбук и Гугл се обврзуваат да плаќаат за медиумски содржини

Австралискиот закон со кој се предвидува „Гугл” и „Фејсбук” да плаќаат за пренесување на вестите е подготвен да стапи на сила, но според експертот Род Симс ќе биде потребно време за технолошките гиганти да склучат зделки со медиумите, пренесува „Асошијетед прес”.

developer | 18.03.2021

Вакцинирање за работниците кои се во првите борбени редови против пандемијата

Минатата седмица почна вакцинацијата против коронавирусот, и некои служби ќе добијат вакцина пред останатите.

developer | 18.03.2021

При тестирање на отпадни води, откриен е КОВИД -19 во три држави

Жители на неколку предградија ширум Австралија се молат да се јават на тестирање на КОВИД ако забележат било какви симптоми откога при тестирање на отпадни води откриени се траги на коронавирусот.

developer | 08.03.2021

Австралиското Министерство за здравство го прекина рекламирањето на Фејсбук

Австралиското Министерство за здравство ја информира јавноста дека веќе нема да објавува реклами на Фејсбук, како свој одговор на мерките што оваа социјална мрежа ги презеде во земјата, блокирајќи ги вестите поради протест што владата предлага ново законско решение.

developer | 20.02.2021

По позитивните наоди на тестирањето на отпадните води во Квинсленд

Три регионални заедници во Квинсленд се молат да бидат внимателни откога во отпадните води се најдени трагови на коронавирусот. Министерството за здравство на Квинсленд објави дека при тестирањето на отпадните води откриени се фрагменти на вирусот во областите на градовите Townsville, Rockhampton и Nambour во Gold Coast.