Премиерот на Австралија е вмешан во светскиот скандал „Панамските документи”. Мајкл Турнбул е заведен како поранешен директор на офшор компанија. Откритието се јавува во екот на предизборната кампања на Зелениот континент.
Австралиски службеник за безбедност бил застрелан крај амбасадата во Багдад, потврди Министерството за надворешни работи.
Државјанинот на Австралија што беше прогласен за најопасниот познат оперативец на Исламска држава е убиен во воздушните напади од страна на американските сили во Ирак.
Истражувачи веруваат дека кај островот Род на истокот од американскиот континент ги пронашле остатоците од „Ендеавор”, бродот на славниот британски истражувач и морепловец, капетан Џејмс Kук, со кој тој допловил до Австралија.
Во рудникот за дијаманти Аргајл, кој се наоѓа во областа Кимберли, Западна Австралија, е пронајден неверојатно редок виолетов дијамант.
Кинезите лани потрошија 20 милијарди долари за недвижнини во САД, Австралија и во Британија.
Славната модна куќа ќе се претстави на Модната недела на Мерцедес Бенц. Австралиските модни љубители имаат причина плус да се радуваат на новото издание на Модната недела.
НЕГОВОТО ИМЕ СЕ МРАЗИ И НЕ СЕ ИЗГОВАРА:
Пред 20 години, младиот русокос маж кој возел жолт автомобил со даска за сурфање на кровот, убил 35 луѓе во Порт Артур, историско, туристичко место во Тасманија.
Папуа Нова Гвинеја ќе го затвори мигрантскиот центар на островот Манус што Австралија го користи за сместување на барателите на азил, истакна тамошниот премиер Питер О’Нил.
Австралиецот Скефингтон почина во средата.
Во март 2015 година нему му е диагностициран канцер и му се даваа максимум четири недели живот, но тој се бореше цела една година.
Конзорциум од кинески и австралиски инвеститори постигна договор за купувае на 11 милиони хектари земја во Австралија, од најголемиот приватен земјопоседник “S. Kidman & Co”.
Екипата што работи на документарецот River Monsters, кој се емитува на Animal Planet, обично се расправа со (како што самото име кажува) водни ѕверови. Овој пат, додека снимаа во Австралија, лани во ноември, налетаа на нешто што не го очекуваа – бродоломец на пуст остров.
Историскиот град Тералиа подигнат во 1930 година на островот Тасманија понуден за 11 милиони долари веќе привлекува интерес од потенцијалните купувачи, пишува во средата австралиска мрежа ABC, пренесува Макфакс.
Анџела Киско, мајка на три деца од Западна Австралија предизвика лавина коментари откако донесе одлука да не му дозволи на својот шестгодишен син Ошин да добие третман со хемотерапија.
Пентагон најави дека американскиот секретар за одбрана Еш Картер неделава лично ќе ги надгледува воените маневри на Филипините, во кои учествуваат и над 5.000 американски и неколку стотици австралиски маринци.
Либанската полиција уапсила тим на австралискиот ТВ канал 9, осомничен дека е инволвиран во киднапирањето на две деца од страна на нивната мајка, која е австралиска државјанка, пренесе AFP.
Класикот на австралискиот хард-рок бенд AC/DC -„Thunderstruck”, го подобрува ефектот на лековите наменети за борба против ракот, откриле австралиските научници кои овој жесток хит од 1990-те го пуштале за да ги „натераат” медицинските честички да потскокнуваат за да може да ја обложат плазматската мембрана која им помага подолго да траат во човечкиот организам, пишува Classic Rock Magazine.
Поранешниот премиер на Нов Зеланд, Хелен Кларк, и официјално поднесе кандидатура за нов генерален секретар на ОН.
Промоцијата на нејзината кандидатура ја изврши актуелниот новозеландски премиер Џон Ки, на прес-конференција во главниот град, Велингтон.