developer | 03.05.2016

Франција ја напуштиле 10.000 милионери

Растечките тензии на верска основа во Европа повлекуваат еден поинаков бран бегалци. Не се многу, ама се со полни џебови. Таквата Европа главно решаваат да ја напуштат џенем, во Австралија.

developer | 03.05.2016

Бизнисмен се заканувал дека ќе затруе бебешко млеко со пестициди

ОСУМ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА УЦЕНА НА МЛЕКОПРОИЗВОДИТЕЛИ И ЗАКАНА ПО БЕЗБЕДНОСТА НА ЛУЃЕТО
Бизнисмен од Нов Зеланд кој се закануваше дека ќе затруе млеко во прав за новороденчиња со пестициди доби затворска казна од осум години и шест месеци.

developer | 03.05.2016

Грчката заедница во Австралија ги учи австралиските новинари како треба да се користи името Македонија

Домашните медиуми очигледно го игнорираат меѓународното право и политика кога зборуваме за употребата на името на поранешната југословенска Република Македонија, соопшти здружението Панмакедонија од Мелбурн и побара австралиските новинари да ја именуваат Македонија само како БЈРМ.

developer | 28.04.2016

Забременила од анонимен донор на сперма, а сега се во брак

Амина Харт од Мелбурн го запознала својот сегашен сопруг Скот Андерсон, дури откако во 2012 година забременила со негово дете преку анонимно вештачко оплодување.

developer | 25.04.2016

Остатоците најдени во Мозамбик се од исчезнатиот малезиски авион

Австралиската влада вели дека анализата на две парчиња остатоци покажала дека истите најверојатно потекнуваат од исчезнатиот малезиски авион, со што се подгреваат надежите дека леталото ќе биде најдено наскоро, пренесува „Гардијан”.

developer | 25.04.2016

Белгискиот амбасадор во Австралија за опасноста од поврзувањето на тероризмот со миграцијата во Европа

Амбасадорот на Белгија во Австралија Жан-Лук Бодо во четвртокот го критикуваше австралискиот прајминистер Малком Турнбул, кој, според него, неправедно ги поврзува нападите во Брисел со приливот на мигранти кон Европа од Блискиот Исток, пренесе телевизија АВС .

developer | 12.04.2016

Сè било пропаганда: cтудентот само глумел, нема да оди на робија во Северна Кореја

Се чини целото тоа судење, кое за чудо се појави и на севернокорејската телевизија, било само добра глума и изрежирана пропаганда на режимот од Пјонгјанг, а со цел да им се укаже на Севернокорејците дека државата нема милост кон странците

developer | 12.04.2016

Мадона на сите им ги покажа голите гради на обожавателката

Во текот на концертот во Бризбејн, Мадона една своја обожавателка повикала на сцена, а потоа ѝ ја повлекла маица надолу, откривајќи ги нејзините голи гради.

developer | 05.04.2016

Роботи ќе разнесуваат пици на Domino’s

Гигантот во сферата на брза храна, Domino’s планира да започне да тестира снабдување со роботи во Нов Зеланд, пишува Бизнис Инсајдер.

developer | 05.04.2016

400.000 долари за гушкање коали

Опозициската Лабуристичка партија објави брошури „Трошипедија” и веб-страница Чувари на трошењето преку кои ја обвинува коалиционата влада дека троши премногу пари на непотребни работи, како 400.000 долари за „коала и настани поврзани со животни торбари.”

developer | 25.03.2016

Зошто САД сакат да стационираат стратешки бомбардери во Австралија?

Соединетите Американски Држави преговараат во Австралија да разместат дел од своите стратегиски бомбардери, изјави претставник на Пентагон, што значи дека би биле во дострел на спорното Јужно Кинеско Море, а ваквиот потег би можел да ги засили тензиите со Кина.

developer | 24.03.2016

Без промена на каматната стапка во Австралија

Централната банка на Австралија ја задржа без промена основната каматна стапка веќе десетти месец по ред, иако изнесените изненадувачки слаби податоци дадоа индикации дека економијата на земјата имала тешкотии во крајот на минатата година.

developer | 16.03.2016

Зарем Путин е поважен од нас? Канбера е бесна на израелскиот претседател

Австралиските власти се бесни поради тоа што израелскиот претседател Рејвен Ривлин ја откажал посетата на Канбера, затоа што во ме­ѓу­вре­ме „испаднало” дека треба да патува за Москва и да се состане со Владимир Путин. 

developer | 13.03.2016

За пет години пцовисале 150.000 пингвини

Околу 150.000 пингвини од видот Адели кои живеат на Антарктик пцовисале во изминативе пет години откако санта мраз удри во близина на нивната колонија и тие беа принудени да патуваат 65 километри до морето во потрага по храна. 

developer | 10.03.2016

Австралија испрати хуманитарна помош за Фиџи во износ од 5 милиони долари

Австралиската Влада додели хуманитарна по­мош во износ од 5 милиони встралиски долари на настраданите од ураганот “Винстон” на ос­тров­ска држава Фиџи. 

developer | 08.03.2016

Приземјен авион на “Вирџин Австралија“ поради дојава за бомба

Минатава седмица беше приземјен авион на “Вирџин Австралија” на летот од Сиднеј до Лос Анџелес. 

developer | 08.03.2016

Лекарите не го даваат бебето бегалец

Персоналот на болницата во Бризбен, одбива да потпише отпусна листа за 12-месечната Аша, која со семејството треба да биде вратена во камп на островот Науру. 

developer | 04.03.2016

Австралија побара Кина да се откаже од милитаризација на Јужното Кинеско Море

Австралискиот прајминистер Малком Турнбул изјави дека и неговата држава ја загрижува изградбата на вештачки острови во Јужното Кинеско Море, на кое Кина изгради цивилни и воени објекти.