developer | 14.12.2015

Австралиец уапсен во Германија оти се борел во Сирија, иако бил против ИСИС

Австралиецот Ешли Дибал ризикува да биде обвинет за учество во сирискиот конфликт откако бил уапсен на аеродром во Берлин. Дибал во Германија пристигнал на одмор од учеството во судирот во Северна Сирија каде што се борел на страната на курдската милиција ЈПГ. 

developer | 14.12.2015

Заложничка драма во близина на Мелбурн, киднаперот се предаде по 8 часа преговори

Излетничкото место Раи во близина на Мелбурн во саботата беше во центарот на вниманието кога маж, 69, ја киднапирал поранешната сопруга, 45, и уште една работничка во пекара.

developer | 14.12.2015

Судири на антиисламисти и антирасисти низ Австралија

Полицијата во Австралија уапси неколку десетици луѓе, откако во повеќе градови избувнаа судири на антиисламисти и антирасисти. 

developer | 14.12.2015

Голем пад на вредноста на Слејтер и Гордон

Илјадници случаи што се водат за отштета од повреда и групните тужби се под знак прашалник откако на берзата исчезнаа 750 милиони долари од вредноста на најголемата адвокатска фирма во Австралија, Слејтер и Гордон. 

developer | 14.12.2015

Полиција разби светска педофилска мрежа

Холандската и австралиската полиција разбија една од најголемите интернет-страници за детска порнографија во светот, при што се уапсени стотици луѓе. 

developer | 12.12.2015

Во пожар во Јужна Австралија загинаа двајца, 13 се повредени

Најмалку две лица загинаа, 13 се повредени, а 16 куќи се уништени во пожар кој избил во близина на градот Аделаид, на југот на Австралија, соопштија надлежните. 

developer | 12.12.2015

Австралија нема да испрати копнени сили во Сирија и Ирак

Владата на Австралија не планира да испраќа на Блискиот Исток копнени сили за борбени активности против терористичката група „Исламска држава”. Тоа го изјави австралискиот премиер Мал­ком Трнбул во Канбера. 

developer | 25.11.2015

Австралиските воени бродови ќе се приклучат на кинеската морнарица во воени вежби на Јужното Кинеско Море

Два австралиски воени бродови оваа седмица ќе се придружат на кинеската морнарица на заеднички воени вежби во Јужното Кинеско Море, потврди австралискиот министер за одбрана, Мафис Пејн.

developer | 23.11.2015

Сиднеј прогласен за најдобар град за живеење !

На листата на најдобри градови за живот на прво место се најде Сиднеј, а и второто место му припадна на австралиски град, со што најмалиот континент го прави најдобро место за живеење на планетата. 

developer | 23.11.2015

Убиецот со години праќал пораки од мобилен за семејството да не се посомнева дека се мртви

Карли Џаде Пеарс – Стивенсон и нејзината ќерка Кандалиc Пеарс, исчезнале во 2008 година, но неодамна беше откриено дека се убиени, откако полицијата годинава ги пронајде коските на девојчето во куфер покрај автопат во Јужна Австралија. Случајот започна да се разјаснува со поддршка на јавноста. 

developer | 05.11.2015

Антиисламистите во Австралија формираа партија

Во Перт се одржа основачкиот конгрес на десничарската партија Австралиска алијанса за слобода (АЛА), чија главна парола е „борба против исламизација на земјата”, јави ТАСС. 

developer | 16.10.2015

„Петнаесетгодишниот Фархад Каил Мохамад Џабар е убиецот

Две лица се убиени во престрелката што во петокот се случи во Парамата сателитскиот град на Сиднеј, пред седиштето на полицијата на Charles Street.
Во соопштението на полицијата се вели дека била извршена размена на оган со вооружено лице, како и дека полицијата почнала да пука, откако полицаецот Куртис Ченг (58) бил убиен од фундаменталист облечен во црна типично муслиманска облека. 

developer | 16.10.2015

Планирал да обезглавува полицајци

15-годишниот тинејџер од Велика Британија е осуден на доживотна робија поради планирање на напад на полицајци на една парада во Австралија.
Тинејџерот од Блекбурн, кој по ништо не се разликувал од своите врсници, со одлука на судот поради неговите години ќе остане анонимен, а BBC истакнува дека станува збор за „најмладиот осуден британски терорист”. 

developer | 16.10.2015

Абот смета дека непотребно е сменет од премиерската функција

Доскорешниот австралиски премиер Тони Абот смета дека непотребно бил сменет од функцијата, со надгласување на пратениците од неговата Либерална партија.
Во првото интервју по сменувањето, Абот изјави дека е уверен оти либералите ќе победеле и на следните парламентарни избори, со него како партиски лидер, доколку не беше тргнат од лидерската и премиерската функција, од Малколм Тарнбул. 

developer | 13.10.2015

Штрајк на австралиските аеродроми

Двочасовниот штрајк на работниците на аеродромите во Австралија предизвика доцнење на меѓународните летови.
Според најавите на штрајкувачите тие ќе го продолжат со прекини на работата до крајот на месецот. 

developer | 13.10.2015

Австралија да не се меша во споровите за сувереноста на Јужното Кинеско Море

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Хонг Ли изјави дека Пекинг очекува Австралија да не зазема став и да не се меша во решавањето на споровите околу сувереноста на територијата на Јужното Кинеско Море. 

developer | 30.09.2015

Австралија ќе го укине боксот?

Медицинското здружение на Австралија, АМА, побара да се забрани боксот после трагичната смрт на 28-годишниот Дејвид Браун Џуниор како последица на нокаут. 

developer | 30.09.2015

Асанж добил ‘низок удар’ од Оланд во врска со неговиот азил

Основачот на интернет ресурсот за обелоденување на политички скандали WikiLeaks, Австралиецот Џулијан Асанж во интервју за магазинот Society изјави дека бил изневерен од францускиот претседател Франсоа Оланд кога откажал да му даде азил.