developer | 04.09.2020

Се испитува дали вирусот во Нов Зеланд се вратил преку замрзната риба

Во Нов Зеланд ја испитуваат можноста вирусот да е увезен преку замрзната увезена храна затоа што еден од новозаразените работел во погон за замрзнување риба од Кина.
Официјалните лица се убедени дека изворот на новите инфекции не е со локално потекло, тие веруваат дека е од странство.

developer | 04.09.2020

Кралицата постхумно одликува тинејџер кој загинал во 1942 година

Кралицата Елизабета Втора постхумно одликува морнар кој загинал за време на Втората светска војна кога потонал заедно со воен брод додека пукал на јапонски авиони, соопшти нејзиниот претставник во Австралија.

developer | 01.09.2020

24 години држел робови од Самоа, заработи 11 години затвор

Судот на Нов Зеланд го осуди на 11 години затвор 66-годишен Џозеф Матамата од Самоа поради робовладетелство.
Тој изминатите 24 години ги намамувал жителите на Самоа ветувајќи им добро платена работа, а потоа мигрантите работеле без надомест на неговата фарма и во неговито дом, а ако одбиеле биле претепувани.

developer | 01.09.2020

Полицијата ја пофали работата на пабовите во Квинсленд

Угостителската индустрија на Квинсленд беше присилена брзо да се прилагоди на новите плановите за викендите поради новото правило „без стоење”, но полицијата го пофали нивниот труд. Главниот доктор на Квинсленд уште минатиот петок најави дека сите посетители на лиценцираните простори за точење алкохол мораат да седат во секој момент освен кога нарачуваат пијалок.

developer | 01.09.2020

Карантинот во Мелбурн не дава резултати, расте бројoт нa новозаразени и починати од ковид-19

Викторија потврди рекорден број смртни случаи и зголемен број заразени од коронавирус поради што многумина изразија страв дека карантинот во Мелбурн не функционира.

developer | 24.08.2020

Сите мораат да носат маски во Мелбурн

Над 80 отсто од новите случаи на коронавирусот во Викторија од средина на мај се заразени на работните места, изјави премиерот Даниел Ендрус кога објави за новозаразените случаи. Значително е ширењето на вирусот во секторот за грижа за стари лица каде привремените работници редовно се движат од една во друга установа, изјави Ендрус.

developer | 24.08.2020

Лабуристи: Да се намалaт дотациите за „оние кои се преплатени“

Федералната опозицијата вели дека „има смисол” да се намалат исплатите во програмата JobKeeper во случаи каде луѓето во склоп на оваа програма вредна $70 милијарди, заработуваат сега повеќе отколку обично.

developer | 24.08.2020

Поддршката за работните места во Австралија се зголеми со уште 14 милијарди долари

Австралија ќе додаде дополнителни 20 милијарди австралиски долари за поддршка на работните места, додека гувернерот на централната банка Филип Луи предупреди на тешко закрепнување бидејќи здравствената криза продолжува.

developer | 06.08.2020

Со неодговорни забави и понатаму се кршеа рестрикциите

Неодговорни граѓани продолжуваа да ги кршат рестрикциите воведени во Викторија, а за време на минатиот викенд казни добиле над 200 граѓани на Мелбурн.

developer | 06.08.2020

Границите остануваат затворени

Влошување на епидемиолошката ситуација во Нов Јужен Велс доведе до нови принудни промени, не само во оваа држава, туку и во Јужна Австралија. Со зголемување на бројот на заразени со коронавирусот во новото жариште на југозападот на Сиднеј, се покажа дека состојбата не е доволно стабилна за да се отворат целосно границите за жителите на Нов Јужен Велс.

developer | 31.07.2020

Квисленд ги отвори границите за сите освен за Викторија

Квинсленд ја отвори границата за одмор на сите туристи освен за Викторија.
Министерот за здравство на Квинсленд, Steven Miles, изјави дека е забрането влегување на сите кои биле во Викторија во претходните две недели, освен на жителите на државата кои се враќаат дома и неколку други исклучоци.

developer | 31.07.2020

Австралија го суспендира договорот за екстрадиција со Хонг Конг

Австралија го суспендира договорот за екстрадиција со Хонг Конг и ги продолжи визите за неговите граѓани како одговор на воведувањето на кинескиот закон за национална безбедност во Хонг Конг, изјави австралискиот прајминистер Скот Морисон.

developer | 31.07.2020

Сите сме во карантин поради секс-скандал!

Владата на Австралија поведе судска постапка поради сомневањата дека рекордниот пораст на бројот на заразени со коронавирусот во Викторија и причините за воведување на нови мерки на карантин во Мелбурн и во уште една област се предизвикани од секс-скандал.

developer | 31.07.2020

Не можеме да го сузбиеме вирусот без силни мерки

Во вториот град по големина во Австралија, Мелбурн воведен е шест неделен карантин, а властите се решија на овој потег за да го спречат ширењето на коронавирусот.
Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, рече дека од среда навечер луѓето мора да останат во своите домови, освен за работа, итни обврски, медицински третман или училиште.

developer | 20.07.2020

Зајакнување на армијата во време на тензии со Кина

Австралија најави голема воена инвестициска програма со која ги зајакнува своите способности за ракетни напади и водухопловните бази во услови на ескалирање на регионалните тензии со Кина, зајакнувајќи ја заложбата на прајминистерот Скот Морисон за „отворен, суверен Индо-Пацифик, ослободен од принуда и од хегемонија.

developer | 20.07.2020

Карантин до крајот на јули за 39 населби во Мелбурн

Австралија досега многу подобро се справи од многу од останатите земји со коронавирусот со вкупно потврдени 8,012 случаи и 104 смртни исходи. Единствен исклучок е Мелбурн, од каде вирусот избега од карантинот поради криминалната негрижа на оние што требале да го надгледуваат изолирањето на патниците што доаѓаат од странство.

developer | 20.07.2020

Девет згради во Мелбурн пет дена ќе бидат заклучени во карантин поради коронавирусот

Викторија во саботата го регистрираше најголемиот пораст на бројот случаи на зараза со новиот коронавирус од крајот на март, поради што се заостри наредбата за изолација на домовите во уште три насеби на Мелбурн во кои целосно се изолирани девет згради.

developer | 16.07.2020

Австралија веројатно нема да ги отвори границите до 2021

Aвстралија планира да ја задржи мерката за задолжителен 14-дневен карантин за оние кои влегуваат во земјата.