developer | 02.03.2020

Hамамиле педофил, па го претепале до смрт

Полицијата во Нов Јужен Велс уапси 17-годишен тинејџер, а против две момчиња на иста возраст е поднесено обвинение поради сомнение дека до смрт го претепале 56-годишниот Питер Килеј.

developer | 28.02.2020

Од одмор од соништата до заробеништво: На крузерот пострашно и од затвор поради коронавирусот

 

Требало да биде одмор од сништата, но наместо тоа се претвори во заробеништво и хорор.
Брачен пар Ребека и Фрејжер се заробени на крузерот „Дијамантска принцеза” во Јокохама поради кононавирусот.

developer | 28.02.2020

Поплави во Нов Зеланд, стотици луѓе евакуирани

Стотици луѓе се евакуирани од домовите и фармите во јужниот дел на Нов Зеланд поради поплави, соопштија властите.

developer | 10.02.2020

Гореше во близина на Канбера

Неколку јужни предградија на австралискиот главен град беа предупредени за „вонредна состојба” поради огнот вон контрола што гореше во близина на националниот парк Намаџи.

developer | 27.01.2020

Пожарите креираа загуби тешки 5 милијарди долари

Австралија ќе се соочи со загуби тешки околу пет милијарди долари како резултат на погубните пожари кои полека се ставаат под контрола, покажуваат прогнозите на австралиската банка Вестпак.

developer | 16.01.2020

Директорот на Вестпак банка поднесе оставка

Брајан Харцер, извршниот директор на втората најголема банка, Вестпак, поднесе оставка откога е објавено дека банката е вмешана во скандал со перење пари.

developer | 16.01.2020

Светските ѕвезди се простуваат од легендата Клајв Џејмс

Поетот и ТВ водителот Клајв Џејмс почина во 80-та година, речиси десет години откога му е дијагностицирана леукемија. Австралискиот критичар почина во неделата во својата куќа во Кембриџ. Неговото семејство и блиските пријатели го испратија во капелата на Пемброук во факултетот Кембриџ.

developer | 23.12.2019

Небото е портокалово, температурите над 40 степени, а летото допрва доаѓа…

Силните ветришта кои дуваат на југоистокот на Австралија во градот Милдура кренаа неверојатни облаци со прашина, поради што небото доби портокалова боја, а целиот дел од земјата наликува на сцени од некој апокалиптичен филм.

developer | 23.12.2019

Сиднеј прекриен со чад: Поради пожарите високо ниво на загадување на воздухот

Во шумските пожари околу Сиднеј изгореа речиси милион хектари земјоделско земјиште и нискостеблести растенија.

developer | 06.12.2019

Пожарникари со големо срце: Спасиле куќа, па на сопственикот му оставиле интересна порака

Пол Секфи споделил порака од пожарникарите кои го спасиле неговиот дом од пожар и потоа се извиниле што пиеле млеко од неговиот фрижидер.

developer | 06.12.2019

Муслимани бараат вооружени стражари да стојат пред џамиите

Претставниците на муслиманските заедници во Австралија сметаат дека ваква мерка е потребна за да се заштитат од екстремните десничари.

developer | 06.12.2019

„Квантас“ го комплетираше летот Лондон-Сиднеј, најдолг на светот

Aвстралискиот авиопревозник „Квантас” постави нов рекорд откако успешно го комплетираше пробниот лет од Лондон до Сиднеј.

developer | 04.11.2019

Се шири епидемија на сипаници

Здравствените власти го истражуваат ширењето на епидемијата на сипаници во Перт и југозападните делови на Западна Австралија откога се регистирани нови 13 заболени лица со оваа многу заразна болест вклучувајќи и три бебиња.

developer | 04.11.2019

Скот Морисон за глобалните прашања

Скот Морисон вели дека е личност која може да се занимава со домашни прашања – но неговиот распоред на интернационални патувања говори нешто сосема друго.

developer | 04.11.2019

Владата на Морисон вложува $3 милиони за истражување на лекувањето на карцином

Федералната влада ќе обезбеди $3 милиони за да се истражи на кој начин медицинскиот канабис може да им помогне на лица болни од рак.

developer | 21.10.2019

Медицинските сестри и лекари обединети околку „кризата“

Две кровни медицински групи го подготвуваат тоа што го нарекуваат итна потребна реформа на секторот за грижа за стари лица.

developer | 21.10.2019

Новозеландскиот бискуп си поднесе оставка по пријава од млада жена

Католички бискуп на Нов Зеланд поднесе оставка откако црковното тело го истражи обвинението од млада жена поради „неговото несоодветно однесување од сексуална природа”.

developer | 21.10.2019

Кауција за директорката која силувала девојчиња во интернат

Израелскиот суд одобри ослободување со кауција за Малка Лејфер, поранешна директорка на училиште во Мелбурн, која Австралија ја бара за 74 обвиненија за силување деца.