Искусен министер за одбрана на Австралија ќе ја напушти политиката, објавија медиумите непосредно пред владата да ја започне тешката изборна битка.
Поради големиот број шумски пожари во Викторија наредена е евакуација на илјадници луѓе југоисточно од Мелбурн.
По секоја од петте точки за кои е прогласен за виновен, австралискиот кардинал Џорџ Пел би можел да добие до максимални 10 години затвор, објави судот.
Австралиската полиција го испитува инцидентот помеѓу сенаторот и висок советник кој остави крв на ѕидовите на австралискиот парламент. Полицијата и парламентарните служби го сметаат судирот меѓу 70 годишниот сенатор Брајан Брстен и вработена кај сенаторката Полин Хансен.
Предложените промени за начинот на кој на болните баратели на азил ќе им се дозволи влез во Австралија се осмислени да стават крај на системот за обработка на молби за азил надвор од австралиското тло, вели министерот за имиграција Давид Колеман.
Коалициската влада се соочува со пораз на следните федерални избори и покрај растот на личниот рејтинг на прајминистерот Скот Морисон, покажуваат резултатите од најновата анкета на Newspoll.
Свиркачите кои ги пријавуваат шефовите кои ги избегнуваат законите би можеле да добијат значителна награда ако нивните информации доведат до почеток на судска постапка, велат лабуристите за својот план.
Властите запленија речиси една милијарда долари вреден метамфетамин, наменет за австралиски пазар, соопшти австралиската полиција по заедничка операција со своите колеги од САД.
Австралиските власти извлекоа две машки тела од одводните води за време на чистењето по поплавите што ја погодија североисточната сојузна држава Квинсленд, соопшти полицијата.
Иранскиот Курд Бехроуз Бучани не ја прими лично наградата, бидејќи е во притворскиот центар на островот Манус од 2013.
Мажот кој со бомба се закануваше на меѓународниот аеродром во Бризбејн е уапсен, соопшти полицијата во Квинсленд
Се сметаше дека популарниот природен парк кој беше уништен во пожарите во Викторија за време на т.н. „црната сабота” никогаш нема да се опорави, но тој се отвора цело десетлетие по споменатата катастрофа.
Либералната партија по шокантното заминување на Кели О’Двејер, министерката за односи во индустријата од федералната политика, сака на оваа позиција повторно да седне жена.
Израелската студентка која минатата недела беше убиена во Австралија погребана е во својот роден град.
Бранот на екстремни температури повеќе од една недела создаде проблеми за Северната Територија. Повеќето дневни температури достигнуваат речиси 50 степени Целзиусови.
Прајминистерот Скот Морисон ги отфрли тврдењата на лидерот на опозицијата Бил Шортен дека владата го политизира Денот на Австралија планирајќи да ги присили општините церемониите на доделувања државјанства да ги одржуваат на 26 јануари.
Два модели на надворешни климатски уреди од компанијата Braemar се повлечени поради опасност од предизвикување пожар.
Арапска студентка од Израел на возраст од 21-година која била на размена во Австралија, убиена е во Бандура, северно предградие на Мелбурн.