developer | 27.05.2019

Прајминистерот ги осуди случувањата во Шри Ланка

Прајминистерот Скот Морисон ги осуди „разорните” бомбашки напади во Шри Ланка и наведе дека има двајца австралиски граѓани меѓу 300-те загинати и 500 повредените во нападите на хотели и цркви кои се случија за Велигден.

developer | 27.05.2019

Принцот Вилијам им оддаде почит на жртвите од нападот во Крајстчрч

За време на неговата посета на Нов Зеланд, британскиот принц Вилијам беше пречекан со хонги, традиционален маори поздрав со притискање на носовите, од страна на премиерката Џасинда Ардерн, за време на комеморациите кои беа одржани во помен на нападите во Крајстчрч.

developer | 03.05.2019

Лабуристите за забрана за употребата на еднократните пластични кеси

Пластичните кеси за еднократна употреба и микропластиката ќе бидат забранети во Австралија од 2021 година, стои во планот на лабуристите за намалување на отпадот.

developer | 03.05.2019

Проблем за Aвстралија: Кому сега да му го утрапиме нашето ѓубре?

Кризата со отпад во Австралија се влошува откога земјата со 25 милиони жители го загуби четвртиот најголем увозник на пластичен отпад.

developer | 03.05.2019

Масовниот убиец од Крајстчерч на психијатриско вештачење

Новозеландскиот суд нареди психијатриска експертиза на екстремистот, кој во нападот на двете џамии во Крајстчерч уби 50 луѓе. Австралиецот Брентон Тарант (28), кој беше уапсен набрзо по нападот, ќе биде прегледан од двајца експерти, изјавил судијата Камерон Мандер, за време на краткото сослушување во Крајстчерч, каде Тарант се товари за убиство на 50 и обид за убиство на уште 39 луѓе.

developer | 23.04.2019

Лабуристите го оживееја владиниот кошмар од изборите од 2016 година

Кампањата која донесе непоправлива штета на владата на Малколм Трнбул на минатите избори оживеа една недела пред носењето на државниот буџет.

developer | 23.04.2019

Новозеландскиот имам за масакрот во џамиите ги обвини Евреите

На протестите против расизмот и во спомен на жртвите од терористичкиот напад во двете џамии во Крајстчрч, лидерот на една џамија на Нов Зеланд за масакрот ги обвини Евреите.

developer | 19.04.2019

Береџиклијан победи на изборите во НЈВ

На саботните избори во НЈВ повторно беше избрана Либерал–националната влада предводена од Гладис Береџиклијан, со што стана прва жена премиер избрана на избори во таа држава. Ова е исто така историски трет мандат по ред на коалиционата влада и означи спектакуларен пораз на Лабуристите кои до последниот миг во анкетите имаа шанса да победат.

developer | 19.04.2019

Терористот во Нов Зеланд планирал и трет напад

Терористот кој во Нов Зеланд уби 50 луѓе во напади во две џамии планирал и трет напад. Како што јавува Си-ен-ен, терористот во продолжението на крвавиот поход го сопре полицијата.

developer | 19.04.2019

Луѓето кои ќе се доселат во Австралија три години нема да смеат да живеат во главните градови

Австралија одлучи да го намали бројот на доселеници, а исто така им забранува на новородените жители да живеат во најголемите градови во првите три години по пристигнувањето.

developer | 04.04.2019

Либералите се соочуваат со масовен егзодус на министри непосредно пред изборите

Искусен министер за одбрана на Австралија ќе ја напушти политиката, објавија медиумите непосредно пред владата да ја  започне тешката изборна битка.

developer | 04.04.2019

Илјадници луѓе се евакуираат поради пожарите во Викторија

Поради големиот број шумски пожари во  Викторија наредена е евакуација на ил­јад­ници луѓе југо­ис­точно од Мел­бурн.

developer | 04.04.2019

Кардиналот Џорџ Пел останува во затвор, судот ја одби кауцијата

По секоја од петте точки за кои е прогласен за виновен, австралискиот кардинал Џорџ Пел би можел да добие до максимални 10 години затвор, објави судот.

developer | 21.03.2019

Тепачка во австралискиот парламент

Австралиската полиција го испитува инцидентот помеѓу сенаторот и висок советник кој  остави крв  на ѕидовите на австралискиот парламент. Полицијата и парламентарните служби го сметаат судирот меѓу 70 годишниот сенатор Брајан Брстен и вработена кај  сенаторката  Полин Хансен.

developer | 21.03.2019

Промена која би значела крај на системот за стопирање на илегалните азиланти

Предложените промени за начинот на кој на болните баратели на азил ќе им се дозволи влез во Австралија се осмислени да стават крај на системот за обработка на молби за азил надвор од австралиското тло, вели министерот за имиграција Давид Колеман.

developer | 21.03.2019

Коалицијата далеку заостанува зад Лабуристите

Коалициската влада се соочува со пораз на следните федерални избори и покрај растот на личниот рејтинг на прајминистерот Скот Морисон, покажуваат резултатите од најновата анкета на Newspoll.

developer | 14.03.2019

Лабуристите сакаат да ги наградат оние што ќе пријават „шефови криминалци“

Свиркачите кои ги пријавуваат шефовите кои ги избегнуваат законите би можеле да добијат значителна награда ако нивните информации доведат до почеток на судска постапка, велат лабуристите за својот план.

developer | 14.03.2019

Запленета голема испорака на дрога наменета за Австралија

Властите запленија речиси една милијарда долари вреден метамфетамин, наменет за австралиски пазар, соопшти австралиската полиција по заедничка операција со своите колеги од САД.