developer | 05.10.2018

100 000 долари награда да се пронајде лицето што става игли во јагодите

Австралиската полиција распиша потерница и нуди награда од 100,000 долари за информација што ќе го пронајде лицето кое става игли во јагодите што се продаваат во супермаркетите.

developer | 05.10.2018

Владата ја загуби 40-тата по ред анкета на Newspoll

Коалицијата ја загуби 40-тата по ред анкета на Newspoll, промената на лидерството не успеа да ја зајакне поддршката на гласачите.

developer | 01.10.2018

Новите трактори ќе помогнат во истражувањето

Австралиската програма за истражување на Антарктикот откри планови за набавка на нова флота трактори за работа во екстремни услови со кои ќе може да се истражуваат досега недостапни делови на овој континент.

developer | 01.10.2018

Австралија нема да ја зголеми возраста за пензионирање на 70 години

Просечниот животен век во Австралија е 84 години, а Организацијата за економска соработка и развој смета дека сегашната возраст за пензионирање – 65, 5 години е целосно прифатлива.

developer | 21.09.2018

Австралиски научници тврдат дека еден портокал дневно штити од макуларна дегенерација

Спроведената студија покажа дека ризикот од појава на оваа болест е за 60% помал кај лицата кои консумирале најмалку еден портокал дневно.

developer | 21.09.2018

Страшен пожар во Mелбурн: Отровен чад, училиштата затворени

Пожарникарите во Мелбурн се бореа со еден од најголемите пожари во поновата историја во градот, откако се запали складиште на фабрика во западното предградие Вест Футскреј.

developer | 21.09.2018

Кој е новиот прајминистер Скот Морисон?

Скот Морисон со години го чекаше моментот кога ќе биде избран за лидер на Либералната партија и сега конечно дојде тој момент. Тој е 30-от прајминистер на Австралија.

developer | 14.09.2018

Нарко бос екстрадиран во Сиднеј го чека обвинение за шверц на кокаин

Бизнисмен и нарко бос Дејвид Кембел (49) кој заедно со уште двајца други австралијанци и еден либанец беа уапсен во јануари во белградскиот хотел „Метропол Палас”, при примо-предавање на пари за кој се верува дека потекнуваат од продажба на кокаин.

developer | 14.09.2018

Станува збор за политика, а не за лични карактеристики

Тони Абот вели дека при расправиите за енергетската политика не се работеше за личните карактеристики или иднината на лидерството на Малколм Турнбул.

developer | 14.09.2018

Скот Морисон нов прајминистер на Австралија

Австралискиот министер за финансии Скот Морисон стана нов прајминистер откако во петокот ја доби поддршката на интерно гласање за лидерство на Либералната партија.

developer | 04.09.2018

Питон од три метри се качува кон спалната

Австралиецот Роби Нилс неодамна на социјалните мрежи споделил шокантни слики од питон долг околу три метри, како се качува низ неговата куќа.

developer | 04.09.2018

Најлоша суша во последните 50 години, загрозена четвртина од земјоделското производство

Нов Јужен Велс, држава со најмногу жители во Австралија целосно пресуши, а тоа ќе се одрази на целиот континент.

developer | 04.09.2018

Могерини сака брз трговски договор со Австралија

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, изјави дека сака што поскоро постигнување слободна трговија со Австралија како пример во борбата против протекционизмот.

developer | 30.08.2018

Читање владини документи и нишање бебе – премиерката на нов зеланд се враќа на работа пет недели откако се породи

Џесинда Ардерн објави дека оваа недела ќе се врати на своите премиерски должности и обврски, нешто повеќе од еден месец откако роди ќерка.

developer | 30.08.2018

Резултатите од предвремените избори

Резултатите од спроведените предвремени избори се само показател на низа проблеми со кои се соочува прајминистерот Малкомл Турнбул.

developer | 30.08.2018

Албанец осуден во Квинсленд за организирање терористички напад

Австралиец со албанско потекло од Квинсленд, е осуден на 17 години затвор поради планирање самоубиствен напад на територијата на Австралија.

developer | 22.08.2018

Се спојуваат медиумските гиганти Nine и Fairfax

Австралиските медиумски гиганти Nine Entertainment и Fairfax се договорија да се спојат во една компанија и на тој начин, како што велат, ќе станат најголемиот национален медиумски играч, пишува BBC.

developer | 22.08.2018

Трговијата и данокот на дневен ред

Оданочувањето на мулитнационалните гиганти и борбата против притисокот за поставување трговски препреки ќе се најдат на дневниот ред на Scott Morrison на состанокот на министри на државите членки на G20.