Лидерот на опозицијата Бил Шортен ги стави здравјето и поддршката на пензионерите на дневен ред на лабуристите и тоа само неколку денови пред дополнителните избори.
Во планот на федералната опозиција за двата желенички проекти во западниот дел на Сиднеј се наоѓа црна дупка вредна $20 милијарди, вели владата на Турнбул.
Битката за Хамел за време на Првата светска војна била една од клучните битки во австралиската воена историја и која го запечатила угледот на генералот John Monash.
Илегална операција на криумчарење тутун во центарот на источното предградие на Мелбурн е откриена со истрага на пограничната полиција (Australian Border Force – ABF). Над милион цигари во пратка од Малезија се откриени од Одделот за преглед на контејнери во Мелбурн, а ABF ги поврзува со уште пет пратки од истиот криумчарен ланец.
Сиднејскиот тајкун со хрватско потекло Рон Медиќ (70) веројатно ќе умре во затвор откако е осуден на најмалку 30 години затвор поради нарачување ликвидација на бизнис конкурент и закана кон неговата вдовица.
Австралискиот премиер потврди дека Австралија ќе купи шест американски напредни дронови за кои што ќе потроши 6 милијарди долари.
Најголемиот извозник на плин во југо-источна Австралија, американската корпорација ExxonMobil Corp, ја разгледува можноста за увоз на LNG плинот во Австралија, за да и помогнат да го преброди веројатниот дефицит на плин до 2021 година, но и да го заштити својот удел на плинскиот пазар.
Поранешниот федерален благајник Wayne Swan е избран за нов национален претседател на Австралиската лабуристичка партија.
Министерот Scott Morrison одлучи да ги подели или дополни плановите за намалување на данокот на личен доход или намалување на данокот за копаниите за да се олесни преминот на овие предлози низ процедурата во Сенатот.
Министерката за финансии на Квинсленд, Jackie Trad изјави дека попустот на плати од 50 отсто ќе биде продолжен на уште една година.
Врховниот суд на Австралија одлучи дека жител на Мелбурн, Милорад Тркуља има право да го тужи Гугл за клевета затоа што негова фотографија се појавува кога некој пребарува на Интернет за криминалното подземје на Мелбурн.
За верниците на римокатоличката Црква во целиот свет поимот „исповедни тајни” е особено важен и значи нешто што никогаш не смее да се открие.
74 годишниот Грегори Кит Дејвис пред 33 години го силувал и убил 6 годишното девојче Кајли Мејбури. 32 години полицијата трагала по убиецот на Кајли, но минатата година конечно го пронашла виновникот.
Австралискиот премиер Малколм Трнбул го повика основачот и извршен директор на „Фејсбук”, Марк Закерберг да даде објаснување во врска со најновиот скандал со дотавување на лични податоци на корисниците на социјалната мрежа на кинески компании.
Спогодбата вредна $700 милиони меѓу агенцијата за финансиски информации AUSTRAC и Комонвелт банката на Австралија поради перење пари ја поздрави и федералната владата.
Една од главните причини зошто изумираат австралиските коали е инфекција од бактеријата кламидија. Тоа е болест која најчесто се пренесува преку сексуален контакт, но овие животинчиња ги погодува во размер на епидемија.
Медицинските сестри и вработени кои се грижат за стари лица се собраа во Мелбурн повикувајќи се на закони со кои би се одредил минималниот удел на вработените во приватните домови за стари и немоќни.
Комисијата за продуктивност на владата на Турнбул треба да го предаде завршниот извештај и препораки за тоа како треба да се подели приходот од ДДВ.