ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ПРОДОЛЖИЈА СО ПРЕГОВОРИТЕ:
Четирите најголеми партии во Македонија и натаму го играат “правото” оро во преговорите – три напред, две назад. Минатата седмица, со посредство на “оркестарот” странци (американскиот и на европскиот амбасадор), било договорено како да се надмине спорот околу Избирачкиот список, но веднаш на следната тема – медиумите, политичките партии запнале и ги прекинале преговорите. Се испуштиле од орото и се повлекле секој во својот табор.
Цели 18 години брачниот пар Нина Димитрова-Шмигер и Роланд Шмигер работеле на изготвувањето на ова капитално дело. Се започнало како еден вид хоби, а прераснало во производ вреден за секаква почит.
Случај “Еразмус”
Обвинителката тврди дека шесте професори од Економскиот факултет, демонстраторот и сопственикот на бифето на факултетот од „тајни агенти-студенти” за две години на име поткуп за да им пишат шестки, зеле 1.000 евра, а за 1.800 евра се претпоставува дека се земени. За двајца професори има сомневања дека од жртвите барале и сексуални услуги.
Државата започна процедура за проценка на штетите на јавните добра кои беа предизвикани од поединци што протестираат во рамки на “Шарената револуција”, информираат од Владата.
Министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески поднесе оставка од двете функции поради здравствени причини.
Лазар Ристовски, познатиот српски актер со македонско потекло, ќе го игра ликот на Цар Самоил во новиот филм на Антонио Митрикески.
Ова ексклузивната вест ја објави овој моќен и извонреден актер за време на гостувањето на „Охрид Филм Фест” – Фестивал на ангажиран филм, што се одржува од 10 до 15 јуни во Охрид.
ГРУЕВСКИ, ЈАНАКИЕСКИ И ТРАЈКОВСКИ БЕА НА РАСПИТ ВО СУДОТ
Судот не прифати да им се одземат пасошите и да им се определи мерка домашен притвор или редовно пријавување
„За мене е голема радост што ја добивам оваа награда, што ја добивам овде, во една блиска држава, меѓу такви писатели и луѓе од литературата на различни јазици”, рече писателот Георги Господинов од Бугарија на свеченоста во Даут-пашин амам по добивањето на наградата „Прозарт” за придонес кон развитокот на балканската литература на одржаниот фестивал „Про-за Балкан”.
Македонецот Ненад Јолдески на пригодна свеченост во Брисел ја прими наградата за литература на Европската Унија. Во изборот на Европската комисија, 30-годишниот Јолдески се најде меѓу годинашните 12 добитници на оваа престижна награда во конкуренција на писатели од цела Европа.
Научните резултати од археолошките истражувања на раноантичкиот град Билазора во овчеполскиот локалитет Градиште-Кнежје се публикувани во книгата „Античка Билазора – престолнина на независните Пајонци”. Монографијата беше промовирана на Меѓународниот славјански унверзитет во Свети Николе, кој е издавач заедно со Народниот музеј од Свети Николе.
По речиси двомесечни протести, “Шарената револуција” ќе оди најверојатно во мирување за да се даде простор да продолжат преговорите помеѓу политичките чинители. Нема повеќе да има протести секој ден во 18 часот, надмудрување со полицијата и гаѓање со бои.
Со целосното укинување на аболицијата се амортизираше конфликтот во Собранието каде СДСМ и ДУИ бараат импичмент на претседателот Иванов, како и автентично толкување на Законот за помилување, што ќе покаже дека членот 11 (на кој беше заснована аболицијата) воопшто не постои уште од 2009 година.
Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски од 3 јуни е на слобода, по пет години минати во затвор поради незаконско финансирање на изборна кампања. Иако имаше законска можност да биде ослободен уште на почетокот од март, тој беше држен во затвор поради рочишата во случајот “Ровер”.
ФАТМИР ЛИМАНИ ОБЕЛОДЕНИ:
Првпат по 15 години од конфликтот поранешен припадник на ОНА, а сега функционер на ДУИ, Фатмир Лимани, јавно да признае дека конфликтот во 2001 година бил за обединување на, како што вели, териториите каде што живеат Албанците, а не за човекови права, како што се прикажува изминативе години.
СЕ ПРОМОВИРА ВИНСКАТА ТРАДИЦИЈА НА БАЛКАНОТ
Македонија, земјите од поранешна Југославија, како и Грција, Албанија, Бугарија и Романија ја основаа асоцијацијата „Итер витис Балкан”, како балканска винска патека преку која ќе се афирмира нивното богато културно наследство и заедничката традиција во одгледувањето вински сорти и производството на вино.
Педесет и третите „Рацинови средби” ќе се одржат на 9 и 10 јуни во Велес, во организација на Здружението на граѓани Фестивал на античката драма “Стоби”. Во официјалната програма се понудени содржини кои како новина се воведени од лани со цел Кочо Рацин да се приближи како автор и личност и до помладата популација, но и да се анимира стручната јавност.
ГРАДИМЕ МОСТ НА КУЛТУРАТА НА МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА ОД СВЕТОТ
Неодамна, на 6 мај годинава, во организација на нашата иселеничка Лилјана Стоилковска-Андовска, која живее повеќе од 10 години во Кралството Шведска, во Малме гостуваа артисти од МНТ со претставата „Марко Цепенко” во драматизација и резија на Снежана Коневска –Руси .
Холанѓанецот Роби Милер, директор на фотографија во култни филмови, е годинашниот лауреат на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”, што ќе се одржи од 10 до 17 септември, објавија организаторите.