Досега никој од оние за кои важи аболицијата не побарал да биде ослободен од претседателовата милост
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заменик претседателката на партијата, Радмила Шекеринска и пратеникот Петре Шилегов фрлија со боја врз Министерството за правда. Заедно со нив беше и Фиат Цаноски како и неколкумина лидери на помали партии во коалиција со СДСМ. Тие се приклучија на илјадниците демонстранти од “Шарената револуција”.
Порталот “Телеграф.мк” направи мегаинтервју со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кое беше објавувано во четири поредни денови. Во него Груевски зборува за различни теми поврзани со актуелната политичка состојба во Републиката. Пренесуваме некои од неговите гледишта и изјави.
По три години на тронот, Јордан Камчев го турна Минчо Јорданов од првото место на најбогати. Во овогодинешната листа на најбогати, што ја објави угледниот економски весник “Форбс” насловена како “Младоста го победи искуството” има рокада во топ петте најбогати во Македонија.
Петтемина обвинети во случајот „Ќелија” добија затворски казни од 2 до 4 и пол години откако претходниот понеделник признаа дека се виновни за делата за кои се товарат, па судскиот процес заврши веднаш откако почна. Пресудата беше објавена во средата.
Македонија единствена балканска земја на Саемот
Македонија со богатото културно наследство е интересна дестинација, но и земја со која треба да се соработува и да се разменуваат искуства во сферата на археологијата и заштитата на културното наследство. Ова се коментарите на посетителите на Саемот за музеи и културно наследство, кој деновиве (18 и 19 мај) се одржа во Лондон, во престижниот изложбен простор на „Олимпија”.
Македонија во чест на свети Кирил по 48. пат во Рим
Со годинашната изложба во Рим насловена „Св. Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност”, Република Македонија го продолжува континуитетот во претставувањето на високите вредности на македонското културно наследство и творештво пред европската и светската јавност.
Преубавата македонска митра направена од охридски бисери од страна на монахињите во манастирот во Рајчица, Дебарско, што недамна му е подарена на папата Франциско, веќе е заведена како негова тијара во согласност со ватиканската традиција секој папа да има своја митра.
ЗБОРНИК “ИЛИНДЕНСКИТЕ СВЕДОШТВА” ВО ИЗДАНИЕ НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ
Државниот архив на Р. Македонија деновиве го објави зборникот “Илинденските сведоштва”, книга 1, прв и втор дел, во редакција на Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски.
Звучни новинарски пера се наоѓаат на платните списоци на Соросовите невладини организации, а во игра биле милионски заработки и хонорари. Токму најгласните новинарски пера против власта се оние кои се офајдиле со хонорари, пишува неделникот “Република”.
Власта си ја врати својата Влада, откако четирите партии констатирале дека пржинската влада е нефункционална и откако не успеале да се договорат за друг формат на влада до избори како и за целосно укинување на аболицијата. Оваа Влада, како што беше најавено, ќе функционира до 100 пред новите избори.
Крадецот најверојатно во црквата влегол како верник, бидејќи не е насилно провалено
Платното со кое се покрива олтарот – антимис – и во кој има мали парчиња мошти од повеќе светители бил украден од олтарот на црквата „Свети Наум” во Битола.
Во Ист Вилиџ на Менхетен падна првата клапа на „Бикини”, петтиот игран филм на Милчо Манчевски што се снима во Њујорк. Снимањето продолжува во Вилијамсбург, на повеќе локации низ Њујорк како и во едно студио во Бруклин.
По Евросонг 2016
На годинашниот “Евросонг” Македонија настапи во втората полуфинална вечер и не успеа да се пласира во финалето. Македонската евровизиска делегација се огласи со официјална изјава.
Годинешните „Мајски оперски вечери” вклучуваат 15 настани – 10 за возрасна публика, а пет во придружната програма „Мали мајски оперски вечери”.
Aпсолвентката што го роди бебето во тоалет и го фрли ќе се брани од слобода. Тамара е осомничена за кривично дело убиство на дете при пораѓање за што е предвидена казна затвор од три месеци до три години.
Повторно се случуваат истите сцени по макакедонските пруги: преморени мајки со бебиња, мажи што за рака држат деца, чекор по чекор минуваат по дрвените прагови и шините.
„Шарената револуција” најави континуирани протести до 5 јуни
Според досегашните проценки, објавени во некои медиуми, “шарените револуционери” при протестите имаат направено штета од околу $ 300,000.