developer | 20.05.2016

Министерство за култура: интензивно се работи на заштитата на црквата „Cв. Ѓорѓи“ во Kурбиново

Интензивно течат активностите за реализација на конзервацијата на еден од најзначајните споменици на средновековната уметност во Република Македонија, црквата „Св. Ѓорѓи” во преспанското село Курбиново, соопшти Министерството за култура.

developer | 20.05.2016

Што е македонско културно наследство: Порта Македонија или “Свети Ѓорѓи“ во Курбиново?

Деновиве сме сведоци на жестоки дебати околу тоа што е македонското културно наследство, каде се наоѓа и колку се грижиме за него.

developer | 10.05.2016

Брисел дигна раце од дијалог, најавува санкции?

Еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европарламентарци: Ричард Хауит, Едвард Кукан и Иво Вајгл фрлија морков, објавувајќи дека е можно изборите на 5 јуни да бидат признаени ако се спроведат итно некои чекори, меѓу кои повлекување на амнестијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов, но во исто време најавија и стап, т.е. поконкретни предупредувања.

developer | 10.05.2016

На Македонија и се случува “Шарена револуција“

ТРЕТА СЕДМИЦА СО ПРОТЕСТИ
Денес влегуваме во третата недела со протести и контрапротести во Македонија, кои избувнаа по прогласувањето на големата аболиција од страна на претседателот Ѓорге Иванов.

developer | 10.05.2016

Доделени наградите на 9. театарски фестивал „Лица без маски“ 2016

Претставата „Ромео и Јулио” на независниот театар „Болоњиникоста” од Рим е добитник на Гран-при за најдобра претстава на 9. Интернационален театарски фестивал „Лица без маски” во Скопје, посветен на независната професионална продукција, која негува алтернативен и експериментален театар

developer | 10.05.2016

Го сменија директорот, пропадна категоризацијата па уште и ќе го селат во Скопје

Претседателството на Друштвото на филмски работници од Македонија (ДФРМ) соопшти дека е сменет директорот на Интернационалниот фестивал за филм и камера “Браќа Манаки” поради програмски несогласувања. Димитар Николов-Таки беше назначен на оваа позиција ланската година и бурно реагираше на сменувањето.

developer | 10.05.2016

Чауш сведочеше дека бил присилуван да даде лажен исказ

„Барам изземање на јавната обвинителка за која ќе поднесам кривична пријава за она што ми се случуваше на 26 февруари кога бев спроведен во зградата на скопското обвинителство”, изјави Захир Бекири-Чауш на првото судско рочиште, во процесот кој против него се води под обвинение за фалсификување и за недозволено поседување огнено оружје.

developer | 10.05.2016

Дојранското езеро е отровно?

Во Дојранското езеро се наоѓаат екстремно високи концентрации на отпадни материи, фосфорни и азотни соединенија и ги надминуваат досега забележените концентрации на овие материи во било кој воден екосистем во земјата.

developer | 10.05.2016

Во Виена нова рунда преговори за спас на договорот од Пржино

Што ќе донесе оваа нова лидерска средба? Бетонирање на 5 јуни или ново одложување?

Освен фасадата на Министерството за култура, велигденски беа бојосани и дел од полицајците во заштитниот кордон
developer | 10.05.2016

Масовно незадоволство освен во Скопје и во повеќе градови низ Македонија

ВТОРА НЕДЕЛА ПРОТЕСТИ И КОНТРАПРОТЕСТИ
Веќе втора недела има протести организирани од граѓанската асоцијација #Протестирам кои, освен во Скопје, каде се најмасовни, се проширија и во повеќе градови низ Републиката: во Тетово, Куманово, Струмица, Штип , Велес и Битола, Гостивар, Кочани, Прилеп. Најавата е дека ќе продолжат и понатаму.

developer | 10.05.2016

Иванов помилува 56-мина, рекордер е Јанакиески со 16 помилувања

Претседателот Ѓорге Иванов на 12 април потпишал (и истиот ден беа обајвени во “Службен весник”) 41 одлука со која се помилувани вкупно 56 лица, дел од нив и по повеќе пати.

developer | 10.05.2016

Преводите на македонската литература во повеќе од 300 светски библиотеки и универзитети

Заврши големиот проект финансиран од државата – серијата антологии на македонската книжевност од проектот „Превод на дела од македонската книжевност на шест странски јазици”, кој беше заокружена со последните девет тома преведени на француски, германски, шпански, руски, арапски и на кинески јазик.

developer | 10.05.2016

Две недели на македонската култура во Обединетите Арапски Емирати

Од 7 до 25 април Република Македонија е почесна земја-учесник во рамките на манифестацијата „Денови на културното наследство” во Шарџа, во Обединетите Арапски Емирати, каде што македонското културно наследство е презентирано со посебно македонско етно-село.

developer | 10.05.2016

Христо Татарчев доби Музеј во Ресен

Во Ресен минатата седмица беа отворени вратите на Спомен куќата на Татарчеви. Ентериериерот на Спомен куќата на Татарчеви е амбиентално облагороден со оригинални предмети од крајот на 19 и почеток на 20 век.

Штипскиот музеј ќе ги обновува фасадите на куќи на улиците „Гоце Делчев“ и „Крсте Мисирков“
developer | 03.05.2016

Се конзервираат икони и Еврејските гробишта во Штип

Конзервација на икони од црквата „Успение на пресвета Богородица”, конзервација на Еврејските гробишта, етаблирање на нова етнолошка поставка, систем на надзор и обезбедување на депото со вредни археолошки предмети и обнова на фасади на три со закон заштитени куќи, се во фокусот на активностите кои ги започнува пролетва.

developer | 03.05.2016

Британски археолози истражуваат на локалитетот Костоперска Карпа

Археолози од универзитетите во Саутхемптон и Оксфорд, во соработка со археолозите од Музејот во Куманово, го започнаа тронеделното истражување на локалитетот Костоперска Карпа во Младо Нагоричане.

developer | 03.05.2016

Следните десет рочишта затворени за јавност на судењето за „Дива населба“

Со сослушување на заштитени сведоци, продолжи судењето за пукањето во кумановската Дива населба, во кое на 29 лица им се суди за тероризам и терористичка организација. Судењето беше затворено за јавност, а затворени, најверојатно, ќе бидат и наредните десет рочишта.

developer | 03.05.2016

Првиот закон за македонската азбука достапен во сувенирниците

ПО ПОВОД 65 ГОДИНИ ДРЖАВЕН АРХИВ НА МАKЕДОНИЈА
Со нови десет документи – копии верни на оригиналот Државниот архив на Македонија го одбележа јубилејот 65 години од своето основање.