developer | 03.05.2016

Околу 300 мигранти и 23 македонски полицајци и војници повредени во судир на грчко-македонската граница

Хуманитарната организација “Лекари без граници” соопшти дека околу 300 мигранти се повредени (од солзавец, од гумени куршуми или додека бегале) во инцидентите што се случија во неделата на границата со Македонија и дека испратила дополнителни тимови да им помогнат на мигрантите во кампот за бегалци Идомени.

developer | 03.05.2016

500,000 евра барани од функционер на ДУИ, Ахмети политички уценуван

СKАНДАЛОТ СО СНИМKИТЕ ПРОДОЛЖУВА
И до половина милион евра им било барано на функционери на ДУИ за во јавноста да не излезат компромитирачки снимки со приватни разговори, тврдат за „Дневник” од партијата на Али Ахмети.

developer | 28.04.2016

Каква е иднината на Специјалното обвинителство со избори на 5 јуни?

Специјалното јавно обвинителство е соочено со неколку сценарија доколку изборите се одржат на 5 јуни – можноста да биде укинато по иницијативата за оценување на уставноста, да продолжи да ги работи објавените случаи со сите опструкции или да поведе нови кривични пријави врзани со скандалот со прислушување.

developer | 28.04.2016

Фијаско на странскиот кризен инжинеринг?

Минатата седмица беше мошне бурна за македонската политичка сцена. Поради несомнено клучното влијание што врз состојбите во земјата ги има таканаречената “меѓународна заедница”, еве што беа пораките на странските политичари и амбасадори до актерите на политичката криза во Република Македонија.

developer | 25.04.2016

Седум години затвор за имамот Мемиши, за неговите следбеници помалку

Пресуди за дел од обвинетите во „Ќелија” кои се спогодија со Обвинителството, другите продолжуваат со судење
Имамот Реџеп Мемиши е осуден на седум години затвор откако со Јавното обвинителство се спогодил за помала казна по признанието дека е виновен оти ја организирал ќелијата што регрутирала и испраќала џихадисти во Сирија.

developer | 18.04.2016

СЈО тргна против „Тврдината“

Специјалното јавно обвинителство обелодени дека отворило нова истрага под кодно име „Тврдина”.

developer | 18.04.2016

Петта изложба на Летните олимписки игри

„Малиот битолски Монмартр” ќе учествува на летната олимпијада во Рио де Жанеиро во Бразил. Ова ќе биде петто гостување на светски познатата детска ликовна колонија од Битола на летни олимписки игри.

Куќата на Каринте во Битола, некогаш
developer | 18.04.2016

Вистини и измислици за љубовта на ататурк и каринте

Недостигаат клучни моменти од љубовната приказна на битолските Ромео и Јулија за таа историски да биде потврдена.

developer | 12.04.2016

Сиријци и Ирачани бараат од Македонија да заминат за Kанада

Приближно 80 мигранти од прифатниот центар во Гевгелија, кои пред некој ден дојдоа од Табановце, бараат од невладините организации кои им помагаат во центрите да им обезбедат контакт со канадските власти бидејќи сега сакаат да заминат таму.

developer | 12.04.2016

СЈО со судски налог и со полиција зема документи од Централниот регистар на Република Македонија

Специјалното јавно обвинителство одзело дел од документацијата што ја побарало од Централниот регистар на Република Македонија, а во наредните денови ќе го одземе и преостанатиот дел, бидејќи, како што соопштија, станува збор за голем број обемни документи.

developer | 12.04.2016

Иванов: пропуштивме долг период поради неодговорноста кон безбедноста од грчка страна

ИНТЕРВЈУ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ГРЧКАТА ТВ “СТАР” ЗА МИГРАНТСКАТА КРИЗА
Сите активности кои ги презема Република Македонија во справување со бегалската криза се во согласност со мерките договорени од страна на сите земји на балканскиот коридор и ништо досега преземено не е еднострано или самоиницијативно, изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во интервјуто за грчката телевизија „Стар”.

developer | 12.04.2016

3-месечно бебе од Дојран, прв сомнителен случај на “зика“ во Македонија

Според лекарите големи се шансите бебето да е заболено од вирусот зика, бидејќи од направените анализи се исклучени останатите вируси од кои последица може да биде микроцефалија, односно мала глава. Се чека анализа од лабораторија во Германија за да се потврди или отфрли ваквиот сомнеж.

developer | 12.04.2016

Никола Ристановски, актер на годината

Најнаградуваниот македонски актер Никола Ристановски е шестиот носител на титулата актер на годината, што ја доделува редакцијата на „Дневник”, кој слави 20 години од основањето.

developer | 12.04.2016

Петар Андоновски добитник на наградата „Роман на годината“

Младиот автор Петар Андоновски со романот „Телото во кое треба да се живее” во издание на „ИлиИли” од Скопје е добитник на наградата „Роман на годината” на „Утрински весник” за 2015 година.

Фреската со Александар Македонски како дел од композициата “Страшниот суд“ насликана од Дичо Зограф
developer | 12.04.2016

Александар Велики на фреска во Скопска Црна Гора

Широката насмевка на Воислав Ковачевиќ ќе ве пречека сретсело, пред локалната продавничка во селото Бањани на Скопска Црна Гора, ако сакате да посетите некој од тамошните цркви и манастири.

Според првичниот извештај за вкрстената проверка на базите на податоци од 10 институции, се појави фрапантна цифра од речиси половина милион лица кои ги има во регистарот на државјани на МВР, ама ги нема во другите бази на податоци
developer | 04.04.2016

Од 330 илјади „спорни“ ќе се проверат нешто над 100 илјади гласачи

Иако ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение рече дека ќе го остави СДСМ да проверува ако сака и 2 милиона гласачи, мнозинството во ДИК одлучи теренската и административна проверка реално да се сведе на околу 100 илјади. Членот на ДИК од истата партија, Силвана Бонева, истакна дека со ова се става крај на приказните на опозицијата за некакви фантомски гласачи во избирачкиот список.

Зградата на улица “Руди Чајавец“ во скопски Аеродром и една од последните заеднички фотографии на Александра и ќерката Стефани
developer | 04.04.2016

Зошто Стефани скокна во смрт од 9-ти кат?

Мајката тврдеше дека ќерка и била силувана од таксист или барем дека така изгледало. Потврди дека нејзиниот пријател го нападнал таксистот. Обдукцијата покажа дека девојката не била силувана.