Во издание на Агенцијата за иселеништво на Р. Македонија, деновиве излезе од печат најновата книга на Гордана Димовска: “Патник по ѕвезденото македонско небо”. Книгата е збир на раскази, песни за возрасни, песни за деца, научно-историски записи и легенди. Дел од расказите се и на англиски јазик по барање на читателската публика од Австралија.
Австралиско македонскиот театар од Сиднеј со најновата театарска престава „Баба се мажи” ќе земе учество на Фестивалот за уметност Discovery во општината Georges River (Сиднеј), што традиционално се организира повеќе години.
Имав само осум години кога го почнав бизнисот, па во тоа време не мислев дека нешто е невозможно, само работев нешто што навистина сакав да го правам и сега се држам до тоа, вели Изабела Дималовски – Изи (14), која поседува сопствена козметичка линија Luv Ur Skin.
Одмена од негата е краткотрајна нега. Му дава на негувателот кратка пауза од нивната вообичаена улога на негување, за да се посвети на секојдневните активности или да оди на одмор. Исто така на личноста за која што се грижи и се овозможува да запознае други луѓе и да ужива во социјалните активности.
По традиција и оваа година во Рокдаел се организираше одбележување на 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.
На Денот на независноста на Македонија женската хуманитарна организација „Надеж” од Мелбурн имаше двојна прослава во Мил Парк.
По повод 25 годишницата од независноста на Република Македонија, Литературното друштво „Григор Прличев” на 9 септември организира средба со членовите при што со поезија посветена на независноста на Република Македонија се преставија поетите: Иван Трпоски, Перо Дамчевски-Коцин, Лилјана Тошеска, Душан Ристевски и Жаклина Михајлова.
Македонско-австралиската организација на зедницата (МАСО), минатава сабота, во прекрасната рецепција „Шелдон” одржа заедничка прослава на јубилејот – 25 години самостојност на Република Македонија.
Минатиов четврток во Македонската амбасада во Канбера со свечен прием се одбележа 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија.
За Денот на независноста на Република Македонија во центарот на Мелбурн Советот на македонската заедница од Мелбурн и Викторија ја одржа традиционалната церемонија на подигање на знамињата.
Минатата недела во рецепцијата “Шелдон”, Македонско-австралиската организација на заедницата – МACO заедно со бизнисмени и поединци организираа хуманитарен коктел за собирање на средства за настраданите од поплавите во Македонија.
Тешко ќе го пронајдете на карта, но новиот план да се исклучи од австралискиот електроенергетски систем го привлече фокусот на јавноста кон местото Тјалгум.
As the 45th Australian Parliament began its work this week, Australian Macedonians and their organisations have the right and obligation to mobilise their social and political networks to advocate for bipartisan support for ending Australia’s policy of segregation, institutional discrimination and de-legitimisation of the Republic of Macedonia and its diaspora.
МКД “Транскорп” во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Австралија организираше хуманитарна вечер со цел собирање на средства кои ќе одат за помош на настраданите семејства по катастрофалните поплави во околината на Скопје.
Австралинско-македонското тетовско друштво ‘Шар Планина’, по повод празникот Голема Богородица минатава сабота во The Grand’ Reception во Епинг свечено го одбележа денот.
Кога наизглед започна да се средува деценискиот раскол во Австралиско-новозеландската епархија, со престанок на судењата за сопственоста на “Св. Петка” во Рокдаел, сега изгледа австралиската полиција ги зема работите во свои раце со потенцијал за голем скандал.
„Полицијата ја интересираше нешто што се случило во декември лани помеѓу двајцата игумени. Јас во тоа време не бев во Австралија и не знам ништо за случајот. Тоа беше мојот одговор. Разговорот траеше 15 до 20 минути и бев пуштен”, изјави владиката Петар и за овој негов престој во полициската станица ги обвини владиката Наум, игуменот Гаврил и една Македонка вработена во полицијата.
Во Ливерпул, југозападното предградие на Сиднеј, минатава сабота се одржи чинот на осветување на темелите на црквата “Св. Богородица Причеста”.