developer | 16.07.2020

Морисон: Австралија со месеци е цел на голем напад

Софистициран државен актер се обидува да хакира повеќе австралиски организации во текот на неколку месеци, а неодамна ги засили своите напори, рече австралискиот прајминистер Скот Морисон.

developer | 16.07.2020

Во Мелбурн: Tинејџерка сурово претепанa од група црнци, полицијата не покренува истрага

Минатата седмица имаше ужасен напад врз Мишел Андерсон, 15 годишна тинејџерка во Мелбурн што предизвика бес откако се раширија снимки од бруталноста. Жртвата после овој напад е премногу уплашена за да поднесе обвиненија против напаѓачите.

developer | 06.07.2020

Морисон се извини за изјавата дека во Австралија немало ропство

Австралискиот прајминистер Скот Морисон се извини за тоа што претходно неделава изјави дека во Австралија немало ропство.

developer | 06.07.2020

Повторно протести за време на пандемија

Илјадници луѓе низ цела Австралија повторно учествуваа на протестите „Црниот живот значи” во саботата, облечени во маски и на социјално растојание, по предупредувањата од државните лидери да ги откажат настаните од страв од втор бран на коронавирус.

developer | 29.06.2020

Нова фаза на попуштање на рестрикциите низ Австралија

Од јуни австралиските држави започнаа со олабавување на рестрикциите поради коронавирусот и враќање кон нормалност.

developer | 29.06.2020

Полицијата пред Белата куќа нападна Австралиски новинари

Австралиските известувачи од САД за Канал 7, Тим Мајерс камерман и репортерката Амелија Брејс беа нападнати додека известуваа директно од протестите во Вашингтон. Полицијата, минатата седмица под полна опрема, ги бркаше демонстрантите од улица.

developer | 29.06.2020

Австралија после 29 години влегува во рецесија

Австралија влегува во прва рецесија по 29 години, потврди Џош Фриденберг министерот за финансии, откако Заводот за статистика извести за пад на економијата во првиот квартал.

developer | 16.06.2020

Преглед на влијанието на коронавирусот

Најнов преглед на бројот на случаи на КОВИД – 19, мерки и влијание на вирусот за ден 2 мај 2020 година.

developer | 16.06.2020

Заврши периодот на опасност од пожари

Службениот крај на сеозната на пожари пристигна по разорното лето во кое загинаа пет лица и се уништија 1.5 милиони хектари површина.

developer | 16.06.2020

Расте напнатоста меѓу Кина и Австралија: „Објаснете ни ја заканата“

Австралија го повика кинескиот амбасадор за да ја објасни заканата од можен економски притисок врз Канбера, откако побараа меѓународна истрага за појавата и ширењето на коронавирусот.

developer | 02.06.2020

Следење или рестрикции: избор во време на глобална пандемија

Прајминистерот Скот Морисон ја спореди апликацијата за следење контакти на лица заразени со коронавирусот со национално важните услуги велејќи дека рестрикциите мораат да останат ако доволен број не почне да ја користи оваа апликација.

developer | 02.06.2020

Затворени границите уште четири месеци

Австралија ќе ја остави на сила забраната за патување во странство и нема да ги отвори своите граници барем уште четири месеци, се наведува во изјавата на главниот лекар во државата Брендан Марфи до Парламентарна комисија за борба со пандемијата со Ковид-19.

developer | 11.05.2020

Најнов преглед на влијанието на коронавирусот

Преглед на бројот заболени од КОВИД – 19, мерки и дејства, состојба на денот 18.04.2020

developer | 11.05.2020

Морисон: Ќе ги повикам Австралијците да ја користат апликацијата за следење

Австралиската Влада ги повика своите жители да се регистрираат на контроверзната апликација за мобилни телефони „TraceTogether” (Да следиме заедно) за да ги следат нивните движења, откако официјални лица предупредија дека јавниот живот би можел да биде ограничен уште една година поради пандемијата на коронавирусот.

developer | 21.04.2020

Мерки за спречување ширење на заразата

Како што бројот на случаи со коронавирусот двојно се зголемуваат на секој три денови, воведени се построги мерки да се спречи ширењето меѓу жителите на Австралија. Прајминистерот Скот Морисон најави затворањето на сите услужни дејности што не се неопходни.

developer | 21.04.2020

Затворени се границите

Јужна Австралија, Северната Територија, Квинсленд, Тасманија и Западна Австралија ги затворија своите граници во обид да се спречи ширењето на коронавирусот во моменти кога бројот на случаи е во пораст.

developer | 21.04.2020

Доктор Патерсон е сигурен дека има лек за коронавирусот: „Со овие два познати лекови ги третиравме пациентите, а резултатите се добри“

Тим австралиски експерти за заразни болести велат дека два лека можат да помогнат во лекување на пациенти со коронавирус, вирус кој досега уби над 24.500 луѓе ширум светот и инфицираше скоро 600.000 луѓе.

developer | 12.04.2020

Ограничено купувањето на дополнителни артикли

Големите трговски синџири го ограничија купувањето на одредени прехрамбрени артикли за да се спречи паника и прекумерно купување предизвикано од коронавирусот.