Викторија е подготвена да помогне во финансирањето на националната база за криминал за да помогне во борбата против криминалот меѓу младите Африканци, рече премиерот Даниел Ендрус.
Австралија каква што ја знаеме и сакаме, за само три децении ќе изгледа сосема поинаку, тврди еден од водечките прогностичари.
Премиерката на Нов Зеланд, Џесинда Ардерн, објави дека е бремена, добивајќи голема поддршка од активисти и од групи за женски права откако кажа дека „ќе биде и премиер и мајка”.
Австралија одлучи да го дозволи извозот на канабис за медицински цели, со цел да го зголеми извозот на домашните произведувачи и да стане светски лидер во тој сектор.
Австралиската пејачка Кајли Миног го заврши снимањето на новиот студиски албум по три години. Таа преку „Твитер” ја најави неговата промоција.
Во изминатите 10 години во Австралија, седум биле најтопли, само 2011 година била под просекот, соопшти Бирото за метеорологија во годишниот извештај за климата.
Амазон Австралија, кошмарот на локалните трговци, почна со продажба на Петтиот континент. По неколку месеци преговори и делумно лансирање минатиот месец, најголемиот онлајн трговски сајт на светот и официјално го отвори најголемиот магацин со попусти на милиони предмети од над 20 категории, вклучувајќи електроника, играчки, облека, козметика…
Во исчезнатиот авион имаше 239 патници, а до сега се пронајдени само некои делови кои океанот ги исфрли на брегот. Според последните податоци, потрагата води кон Австралија, иако некои теории до сега говореа дека авионот е киднапиран од далечина, а подоцна завршил закопан под слоеви лед на Антарктикот.
Истакнатиот опозициски австралиски сенатор Сем Дестјари минатава седмица најави дека ќе поднесе оставка во Парламентот, по серијата наводи за негови врски со интереси од кинеско потекло во Австралија.
Речиси 200 патници на еден од најголемите светски патнички бродови се заразени, поради што патат од дијареја, повраќање и болки и грчеви во стомакот. Бродот „Овации на морето”, на кој се наоѓаат повеќе од 5.800 патници, по две недели пловење пристигнал во Тасманија.
Австралискиот парламент речиси едногласно го усвои новиот закон, со кој се легализираат истополови бракови. Австралија со тоа стана 25. држава во светот која овозможува брак на двајца луѓе, без разлика на нивниот пол.
Премиерот Jay Weatherhill официјално го почна ланирањето на најголемата литиум-јонска батерија во Jamestown во Јужна Австралија.
Џордон Стил Џон (23) се запиша во историјата на демократијата во Австралија како најмлад сенатор било кога избран на таа функција. Тоа е доказ дека новата генерација носи големи и добри промени во светот.
Научниците успеале да одгледаат корал од Големиот Корален Гребен во Австралија и да го пренесат на друга локација, со што им се враќа надежта дека ќе можат да го обноват екосистемот што претрпе штета поради глобалното затоплување.
Најголемата литиум-јонска батерија на светот и официјално беше активирана и почна да дистрибуира струја низ електричната мрежа во Јужна Австралија.
Парламентарците во парламентот на конзервативната партијата се закануваат дека ќе ја поттикнат кралската комисија да покрене истрага во банкарскиот сектор откога е отфрлен нивниот конкурентски предлог за законот за истополните бракови.
Tesla штотуку ја изгради (убедливо) најголемата литиум-јонска батерија во светот, која се наоѓа во Австралија и која има за цел да ги реши проблемите со снабдувањето со струја во далечните региони на таа земја.
За Полин Хенсон, лидерката на партија One Nation, ова е можеби почеток на врвот на нејзината политичка кариера, а анкетите покажуваат оти е на патот да стане клучна личност на државните избори во Квинсленд и да одлучи кој ќе стане премиер.