Над 16 милиони Австралијци до сега по пошта требаше да ги добијат гласачките ливчиња за референдумот за истополни бракови.
Ова предупредување доаѓа од човек кој во тоа се разбира – станува збор за Марк Мардок, шеф во заминување на одсекот за борба против тероризам на полицијата на НЈВ.
Криминални групи успеале со помош на дупка во законот, да исперат до пет милиони долари од продажба на дрога, соопштено е во доверливи материјали на федералните и државните агенции за заштита на законот.
Синдикатот на полицијата нема да се противи на предложеното пилотирање (тест период) на соба за сигурно инјектирање/вбризгување хероин во Мелбурн, затоа што службенците на полицијата често пати се тие кои ги „собираат деловите” кога луѓето умираат од предозирање.
И покрај 25 годишниот задолжителен доприност за суперпензиските фондови за вработените, неверојатен процент од околу 80 одсто луѓе кои одат во пензија, барем во еден дел зависат од социјалната надокнада.
Што се однесува до австралиските станбени кредити и пазарот, има многу прогнози, но само неколку од нив се позитивни.
Во претстојната есенско-зимска сезона се очекува пандемијата грип наречена “Калифорнија”, попозната како свински грип да биде поместена од новиот вирус – “Мичиген” (тип А), изолиран за прв пат во 2015 година, пишува бугарски “Труд”.
Полин Хенсон побара да се одржи референдум, на кој народот ќе се изјасни дали да се забрани носењето бурка, нарекувајќи ја Австралија „патетична” поради откажувањето од своите вредности за да ја дозволи муслиманската облека.
Проектот на сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп за градење и водење на првото казино во Сиднеј пред 30 години пропаднал поради „врските со мафијата”, неговиот конзорциум, се наведува во документите кои неодамна се објавија во Австралија.
Како што се доближува втората годишница од заминувањето на Тони Абот од местото прајминистер, владата на Малком Турнбул освојува се поголем број поени во анкетите на јавно мислење, но повеќето од јавноста и понатаму стои зад лабуристите.
Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со британскиот и австралискиот премиер и кинескиот претседател изјави дека не е време за разговори со Северна Кореја, како и дека сите опции се отворени за одбрана на САД и нејзините сојузници, соопшти Белата куќа.
Се разгледува можноста да се унапредат одбранбените способности на морнарицата за да можат да уништуваат интерконтинентални ракети, најави министерот за одбрана, Кристофeр Пајн, откога Северна Кореја лансира ракета над Јапонија.
Десетина топоними во сојузната држава Квинсленд, во кои се содржи зборот „црнец” (nigger) ќе се преименуваат поради назнаките на расизам во нивното име, соопштија властите.
Реклама што ги повикува Австралијците да гласаат против легализација на истополовите бракови наиде на остри критики од страна на јавноста поради поврзување на дебатата со образованието кое се однесува на родовите прашања во училиштата.
Полин Хенсон по напнатата кавга со колешка сенаторка на телевизијата е предупредена дека следниот терористички напад во Австралија ќе оди на нејзина душа.
Четири лица се повредени од еден студент кој со безбол палка ги нападнал присутните во една од училниците на Австралискиот државен универзитет во Канбера.
Споменикот на британскиот истражувач и морепловец, капетанот Џејмс Кук, во Сиднеј, предизвика полемика во Австралија и ја подели јавноста, 138 години по неговото поставување.
Грабар – Китаровиќ е во повеќедневна посета на Австралија и е првиот шеф на хрватската држава кој по 22 години престојува тука.