Се разгледува можноста да се унапредат одбранбените способности на морнарицата за да можат да уништуваат интерконтинентални ракети, најави министерот за одбрана, Кристофeр Пајн, откога Северна Кореја лансира ракета над Јапонија.
Десетина топоними во сојузната држава Квинсленд, во кои се содржи зборот „црнец” (nigger) ќе се преименуваат поради назнаките на расизам во нивното име, соопштија властите.
Реклама што ги повикува Австралијците да гласаат против легализација на истополовите бракови наиде на остри критики од страна на јавноста поради поврзување на дебатата со образованието кое се однесува на родовите прашања во училиштата.
Полин Хенсон по напнатата кавга со колешка сенаторка на телевизијата е предупредена дека следниот терористички напад во Австралија ќе оди на нејзина душа.
Четири лица се повредени од еден студент кој со безбол палка ги нападнал присутните во една од училниците на Австралискиот државен универзитет во Канбера.
Споменикот на британскиот истражувач и морепловец, капетанот Џејмс Кук, во Сиднеј, предизвика полемика во Австралија и ја подели јавноста, 138 години по неговото поставување.
Грабар – Китаровиќ е во повеќедневна посета на Австралија и е првиот шеф на хрватската држава кој по 22 години престојува тука.
Лидерката на екстремно десничарската партија на Австралија „Една Нација”, Полин Хенсон привлече огромно внимание од сите присутни на Сенатот кога на влезот на салата на законодавниот дом се појави во бурка, во знак на револт против дозволувањето да се носи ова парче облека од муслиманската традиција во Австралија.
Шестмина пратеници на австралискиот Парламент и функционери во владата и во неколку парламентарни партии, се соочуваат со заканата да поднесат оставки и да ја напуштат политиката, затоа што се откри дека имаат двојно државјанство.
Премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклиан даде до сега најсилни индикации дека нејзината влада конечно се подготвува да го прекине status quo со градоначалничката Кловер Мор околу шаторите на плоштадот Martin Place.
За втор пат во својата историја Австралија има клучна позиција во решението кое ќе влијае на целиот свет! Ќе се повика ли Асвтралија на договорот АНЗУС и дали ќе застане зад Вашингтон во случај на напад од страна на Северна Кореја
Универзитетите се загрижени дека со намалување на финансирањето кое го планира федералната влада, најмногу штета ќе имаат заедниците кои се во најнеповолна положба.
Лабуристичката партија даде сериозен предлог за зголемување на данокот на богати. Лидерот на опозицијата Бил Шортен, рече дека нееднаквоста е главна економска и социјална опасност.
Пресреќниот Тони Абот изјави дека Либералната партија конечно својата моќ ја насочува подалеку од „внатрепартиските трикови”, од кога неговиот предлог „еден член, еден глас” постигна одлучувачка победа.
Припадници на австралиската антитерористичка полиција извршија масовна операција во неколку предградија на Сиднеј, по добиени сознанија за подготвка на терористички напад во авион.
Ако огранокот на Либералната национална партија (LNP) во Квинсленд го добие своето, луѓето повеќе никогаш нема да бидат навредени со женските (а не машките) ликови на семафорите на пешачки премини.
Ник Грајнер, новиот федерален претседател на Либералната партија планира да го повика Тони Абот на разговор и да го замоли да престане да ги поттикнува дисидентите во владата на Турнбул.
Австралија ќе создаде ново „супер министерство”, под чие раководство ќе бидат сите служби за внатрешна безбедност, изјави австралискиот премиер Малколм Турнбул.