РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТА НА ЈАВНО МНЕНИЕ
На владата на Турнбул и е драго што гласачите даваат поддршка на нејзината одлука за зголемување на придонесите за здравствено осигурување, со што би се финансирала националната програма за осигурување на лица со инвалидитет.
Дошол денот на победа и за стотина австралиски староседелци кои биле изложени на екстремно ниво на радијација поради британските нуклеарни проби. Австралиската влада наложила да им се покријат трошоците за здравствена заштита.
Австралиската сенаторка Лариса Вотерс стана првата пратеничка која го доеше своето бебе во австралискиот парламент.
Петте најголеми банки на Австралија наскоро ќе се соочат со нов данок и засилена контрола, соопшти австралиската Влада во објавата на новиот буџет.
Документите во сопственост на Фејсбук во кои пишува дека социјалната мрежа на огласувачите им покажува како имаат можност да препознаат тинејџери кои се „чувствуваат несигурно, безвредно и на кои им е потребно подобрување на самодовербата”, се појавија во јавност.
Секоја година, околу 15.000 доселеници ќе имаат можност да ги земат своите родители во Австралија на десет години.
Новинарите на новинската компанија „Ферфакс Медија” стапија во еднонеделен штрајк, незадоволни од одлуката да се укинат 125 новинарски работни места, во три весника на компанијата.
Поминаа 106 години откако австралискиот геолог Грифит Тејлор откри крваво црвени водопади од глечер, именуван по него, како се влева во леденото езеро Вест Лејк Бони.
Стотици илјади Австралијци и Новозеланѓани минатиот вторник присуствуваа на церемонијата на Австралиско-новозеландскиот корпус, кој учествувал во Првата светска војна, со која се одбележува годишнина од битката кај Галиполе и им оддадоа почит на војниците во Ирак и Авганистан.
Северна Кореја тврди дека градот Дарвин ќе биде центар на нуклеарна војна, обвинувајќи ги САД дека ја користат Австралија за да се подготват за напад на нивната територија.
Стигнуваат со авиони и хеликоптери
1,250 американски маринци пристигнаа во Дарвин како дел од контингентот кој ќе биде стациониран во Северна Австралија.
Американските воени бродови пловат кон Австралија, а не кон Северна Кореја, при тоа разочарувајќи ги новите подржувачи на Трамп, желни за судир.
Кои се боите на австралиското абориџинско знаме? Кој официјален симбол на Австралија го идентификува Комонвелт имотот? Што се случило во Австралија на 1 јануари 1901 година?
Австралиските трговски врски со Индија доминираа во разговорите на прајминистерот Малком Турнбул и неговиот индиски колега во Њу Делхи минатава недела. Прајминистерот Малком Турнбул слета во Њу Делхи минатата недела каде беше во четиридневна посета на главниот град на Индија и комерцијалниот центар Мумбаи.
Министерката за одбрана тврди дека е потребен модерен систем за заштита од сите софистицирани закани од воздух.
Здравствените фондови велат дека државните болници ги наведуваат луѓето да користат приватно осигурување велејќи оти станува збор за „донација” која ништо нема да ги чини, но сметки од 1,000 долари стигнуваат кај пациентите, неколку месеци подоцна.
Властите на Австралија соопштија дека добиле информации оти терористи „можеби планираат” напад за време на одбележувањето на годишнината од Битката кај Галиполи во Турција, кон крајот на овој месец.
Истражувачи од Австралија го пронајдоа најголемиот отпечаток од диносаурус во светот досега, што и дава посебно место на земјата на палеонтолошката мапа.
Отпечатокот е од видот стегосауруси, и е со должина од 1,7 метра. Тоа е всушност само еден од вкупно 21 различен вид отпечатоци, најдени на полуостровот Дампир, што се наоѓа во северозападниот дел од Австралија.